Контакт

Свет

(Видео) Русија ќе почне да го користи новиот противракетен систем „С-500“

Објавено пред

Русија го заврши тестирањето на новиот противракетен систем „С-500“ и почна да го испраќа до вооружените сили, изјави вицепремиерот Јуриј Борисов, а пренесе агенцијата РИА.

„С-500“ се опишува како вселенски одбранбен систем, кој може да пресретне интерконтинентални балистички ракети, хиперсонични крстосувачки ракети и авиони.

Русија почна да го тестира минатата година и војската соопшти дека првин ќе биде распореден околу Москва.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2019 година рече дека Анкара заедно со Москва ќе го произведува системот „С-500“.

Свет

Путин предупреди за нова трка на вооружување во азиско-пацифичкиот регион

Објавено пред

Со укинувањето на Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел, азиско-пацифичкиот регион се соочува со изгледи за нова рунда на трката во вооружување, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

„ Постојано споменувавме дека со раскинувањето на Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел, регионот се соочува со можност за овие удари во неговата огромна област, а со тоа и со изгледите за нова рунда трка во вооружување“, рече рускиот претседател на самитот во Источна Азија.

Русија, како што е познато, согледувајќи ја опасноста од таквиот развој на настаните, прогласи едностран мораториум на распоредувањето на ракети со среден и краток дострел во азиско-пацифичкиот регион и другите региони во светот и повика на сериозни разговори за тоа прашање со сите заинтересирани земји, потсети Путин.

„Тој руски предлог останува на сила, а неговата релевантност дури и расте“, посочи тој. Договорот за ликвидација на ракети со среден и краток дострел истече на 2 август 2019 година.

Рускиот лидер претходно изјави дека Москва е подготвена да не распоредува ракети 9M729 во европскиот дел на земјата, туку со реципрочни чекори на НАТО.

Тој и предложи на Алијансата да се тестираат системите „Егис Ашор“ со фрлачи Мк-41 во базите во Европа и 9М729 во објектите во Калининград.

Прикажи повеќе...

Свет

Премиерот на Луксембург е обвинет за плагијат

Објавено пред

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, се соочува со обвинувања за плагијат на завршниот дипломски труд на факултетот.

Бетел, на медиумите кои пишуваат за тоа, реагираше без јасно да ги отфрли обвинувањата.

„ Од денешна перспектива препознавам дека некои работи можеа да се направат поинаку, можеби требаше да се направат поинаку“, изјави премиерот на Луксембург за германската агенција ДПА.

Споменатата работа ја работел пред повеќе од 20 години, а, како што додава, тогаш ја работел со најголема совест.

Бетел реагираше на извештајот на онлајн магазинот „Репортер.лу“, во кој се наведува дека неговата работа од 1999 година за можни реформи на изборниот систем на Европскиот парламент, на 54 од 56 страници, се состои од преземање туѓи текстови.

Прикажи повеќе...

Свет

Во САД издаден првиот пасош на кој ознаката за род е означена со „Х“

Објавено пред

САД објавија дека го издале својот прв пасош со ознака на родот „Х“ на лице кое не се препознава себеси во традиционалниот „машки“ или „женски“ избор, во согласност со ветувањето на претседателот Џо Бајден дека повеќе ќе ги земе предвид правата на сексуалните малцинства.

„Стејт департментот додаде ознака Х за родот небинарен, за интерсексуалните луѓе и за сите оние кои не можат да се идентификуваат според родовите критериуми предложени досега“, рече портпаролот на Бајден, Нед Прајс.

„Новата можност ќе им биде понудена на сите апликанти за издавање пасоши од почетокот на 2022 година“, рече Прајс, истакнувајќи ја посветеноста на американската дипломатија за „промовирање на слободите, достоинството и еднаквоста на сите луѓе“.

Најмалку уште единаесет земји во светот, вклучувајќи ги Канада, Германија и Аргентина, но исто така и Индија и Пакистан, нудат опција за избор на „Х“ или „друго“ во нивните пасоши, според лондонската мрежа на работодавачи за еднаквост и инклузија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет7 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија9 часа

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија9 часа

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија9 часа

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет11 час

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион12 часа

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија12 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија12 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет12 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија23 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија23 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија23 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет24 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија1 ден

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија1 ден

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија1 ден

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија1 ден

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Досие