Свет
(Видео) Руски воени камиони се движат кон Финска?

Непознат автор снимил видео од Ленинградската област, на која наводно се гледаат руски воени камиони кои одат на автопатот кон Хелсинки.
Според видеото објавено на „Твитер“, руската армија го транспортира мобилниот одбранбен ракетен систем „K-300P бастион-P“.
Сѐ уште не се потврдени информациите дека камионите се движат кон финската граница.
There are Unconfirmed reports today that Russian Forces in the Leningrad Region near the City of Vyborg are beginning to move Heavy Military Equipment including K-300P Bastion Coastal Defense Missile Systems towards the Gulf of Finland and the Finnish Border. pic.twitter.com/UUtq5GQ5ej
— OSINTdefender (@sentdefender) April 11, 2022
Од друга страна, тензиите меѓу Финска и Русија, но и Шведска, беа подигнати на највисоко ниво по најавите на двете, досега воено неутрални земји, дека ќе го почнат процесот за влез во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Русите повторно тестираа „Циркон“

Русија успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот прелетал околу 1.000 километри.
Проектилот бил испукан од Баренцовото море и погодил цел во Белото Море, тврди министерството.
На видеото објавено од министерството се гледа како проектилот е испукан од брод. Рускиот претседател Владимир Путин претходно го опиша „Циркон“ како дел од новата генерација на вооружени системи како ниеден друг.
Русија минатата година изврши неколку тестови на ракетата. Минатиот месец пробно ја лансираше новата интерконтинентална ракета „Сармат“, која може да носи нуклеарни боеви глави, потсетува Ројтерс.
Свет
Трамп: Финансирањето на безбедноста во училиштата треба да биде приоритет, а не помагањето на Украина

За САД приоритет треба да биде финансирањето на безбедноста на училиштата, а не помагањето на Украина, изјави поранешниот претседател Доналд Трамп.
Трамп го кажа ова неколку дена по масовното пукање во Тексас, во кое загинаа 19 ученици во локално основно училиште.
„Ако САД можат да испратат милијарди долари во странство во Украина, ние би требало да можеме да направиме се’ што е потребно дома за да ги зачуваме нашите деца безбедни“, рече Трамп на конференцијата на Националната асоцијација на сопственици на оружје (НРА) во Хјустон, пренесе „Би-би-си“.
„Потрошивме милијарди долари во Ирак и Авганистан, а за тоа не добивме ништо“, рече Трамп за време на вчерашниот говор, предизвикувајќи силен аплауз од учесниците на конвенцијата на НРА.
Конвенцијата рекламира оружје и се залага за бесплатно купување и носење, а поради трагедијата во Тексас, неколку конзервативни говорници и музичари го откажаа своето учество, вклучително и производителот на оружје што напаѓачот го користел во училиштето во Јувалде.
Свет
Украинците објавија видео: „Добивме моќни противбродски ракети од Запад“

Украинската армија се пофали на својот Фејсбук дека била снабдена со копнени фрлачи на моќни противбродски ракети од типот Харпун, заедно со придружните проектили.
„Тоа се испораки од Холандија, Велика Британија и Данска, а наскоро ќе се приклучат и други земји. Овие проектили ќе ја бранат Украина од непријателските руски бродови во Црното Море“, се вели во соопштението на украинската војска.
„И други бродови на агресорот ќе му се придружат на крстосувачот Москва на дното на Црното Море“, се вели во соопштението.