Контакт

Вести

(Видео) САД: Запленети 18,5 тони кокаин вреден 500 милиони долари

Објавено пред

Американските власти запленија 18,5 тони кокаин чија вредност е 500 милиони долари. Дрогата е запленета од 15 брода во источно-пацифичкиот регион, соопшти американската крајбрежна стража.

Во акцијата учествувале голме број чамци на Крајбрежната стража, а уапсени се 49 осомничени на кои ќе им се суди во Флорида.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ наведува дека кокаинот и понатаму е една од најкористените нелегални дроги во САД, каде се наоѓа и најголемата количина на кокаин во светот.

„Постојат загрижувачки податоци дека употребата и достапноста на кокаинот е во пораст во САД, првпат во последните 10 години“, се наведува во извештајот на Стејт департментот за глобалната трговија со дрога за 2017 година.

Вести

(Видео) Протести на „Жолтите елеци“ и во Белгија и во Холандија

Објавено пред

Француското движење „Жолти елеци“ ги премина границите. Денеска исти протести се одржуваат и во Белгија и во Холандија. Полицијата во Брисел уапсила 70 лица, а пристапите до зградите на европските институции се затворени.

„Приведени се 70 лица по извршените контроли како превентивни мерки пред протестот“, соопшти полицијата.

„Асоишејтед прес“ наведува дека холандскиот новинар, Жан Дејкграф, повикал на мирни протести во Амстердам и во Ротердам.

Агенцијата наведува дека ниту во Белгија ниту во Холандија нема предлози за зголемување на даноците за горивата, што беше причина за протестите во Франција.

Минатата недела на протестите на „Жолтите елеци“ во Брисел демонстрантите се судрија со полицијата и запалија две полициски возила.

Прикажи повеќе...

Вести

Киев ја предупреди Москва: Ќе испратиме воени бродови

Објавено пред

Министерството за одбрана на Украина ја предупреди Русија дека ќе испрати воени бродови низ теснецот Керч, во кој Русија заплени три украински брода.

Министерот за одбрана, Степан Полторак, изјави дека неговата земја има намера да испрати воени бродови во теснецот Керч наведувајќи дека во спротивно Русија во целост ќе го окупира Азовското Море.

„Денеска на двете страни на теснецот се наоѓаат околу 140 бродови поради безбедносни мерки и одлагања од руска страна“, соопшти Украинската крајбежна стража обвинувајќи ја Русија дека создава тесно грло за украинските бродови и ги спречува да поминат.

Украина има свои пристаништа и во Црното и во Азовското Море, кои се поврзани со теснецот Керч.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска рече дека Москва ќе биде подготвена да разговара за судбината на екипажот на украинските воени бродови кои Русија ги заплени дури откако ќе заврши нивното судење.

САД и ЕУ ја повикаа Русија да ги ослободи 24 украински војници кои ги уапси на 25 ноември во теснецот Керч под обвинение дека нелегално влегле во руските територијални води.

Прикажи повеќе...

Вести

Американски сенатори: Без сомнение саудискиот принц го наредил убиството на Кашоги

Објавено пред

Двајца американски републикански сенатори изјавија дека без сомнение саудискиот принц го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако добиле информации на состанокот зад затворени врати за заклучоците на ЦИА.

Ваквиот став е спротивен со ставот на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој неодамна рече дека ЦИА „не нашла ништо што е апсолутно сигурно“ во врска со убиството.

„Без сомнение принцот престолонаследник, Мухамед бин Салман, го наредил убиството и бил известен за текот на настаните“, рече сенаторот Боб Коркер, по состанокот со директорката на ЦИА, Џина Хаспел.

Коркер, кој е претседател на надворешно-политичкиот одбор, рече дека на состанокот кој траел два часа не ја слушал аудио-снимката од убиството на Кашоги што се случи на 2 ноември во саудискиот конзулат во Истанбул.

Линдзи Грејем, сојузник на Трамп во Сенатот, исто така, оцени дека принцот бил соучесник во убиството на Кашоги.

На состанокот учествувале републикански и демократски сенатори.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток1 минута

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија14 минути

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија1 час

Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа2 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет3 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија4 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа14 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија18 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија19 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија21 час

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија21 час

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ22 часа

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток23 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија23 часа

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Македонија1 ден

(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со...

Досие