Контакт

Свет

(Видео) САД објавија снимка од нападот на Сирија

Објавено пред

САД објавија снимка од нападите во Сирија извршени од страна на американските, британските и француските сили во саботата.

На 14 април американското Министерство за одбрана објави видео што го прикажува бродот „УСС Монтереј“, вооружен со проектили, при спроведувањето на нападот врз Сирија од Арапското Море, објавија светските медиуми.

Портпаролката на Пентагон рече дека сите цели биле погодени и мисијата била успешна. Сирија и Русија, пак, објавија дека повеќето од упатените ракети од западните сојуници биле соборени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Макрон утре ќе се сретне со синдикалците

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Maкрон утре ќе се сретне со претставници на синдикати, здруженија на работодавачи и локалните власти, по насилните протести против високите трошоци на живот, јавуваат француски медиуми повикувајќи се на извор близок до Елисејската палата.

Средбата ќе се одржи по насилните протести на движењето „Жолти елеци“ кои се одржуваат веќе четири викенди по ред. На протестите што се одржаа вчера ширум Франција учествуваа околу 136.000 демонстранти, а 1.700 беа уапсени.

„Претседателот сака да ги собере политичките, економските и социјалните сили во овие тешки времиња и да ги слушне нивните предлози и мислења и да ги вклучи во решавањето на ситуацијата“, вели истиот извор.

Според весникот „L’Opinion“ целта на средбата е Макрон да ги претстави мерките за кои претседателот подоцна во текот на денот ќе има обраќање до нацијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина бара САД да се откажат од барањето за екстрадиција на директорката на „Хуавеј“

Објавено пред

Кинеското министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор за да му вложи протестна нота поради апсењето на директорката за финансии на компанијата „Хуавеј“, Менг Ванжу, во Канада минатата недела и сметаат дека САД треба да го повлечат барањето за екстрадиција.

Менг беше уапсена на 1 декември во Канада а ѝ се заканува екстрадиција во САД кои сметаат дека компанијата „Хуавеј“ од 2016 година ги продавала производите произведени во САД на Иран и други земји под американски санкции. Менг е ќерка на основачот на „Хуавеј“.

„Заменик министерот за надворешни работи на Кина Ле Јученг на американскиот амбасадор Тери Банстад му рече дека САД упатиле неразумно барање до Канада да ја уапси Менг на аеродром додека чекала лет. Американските постапки серозно ги прекршуваат правата на кинеските државјани и по природа се исклучително заканувачки“, соопшти кинеското МНР.

Ли рекол дека Кина ќе одговори во зависност од идните американски потези. Тој претходно го предупреди канадскиот амбасадор на сериозни последици ако Канада веднаш не ја ослободи Менг.

Од „Хуавеј“ соопштија дека немаат сознанија за каков било престап за кој Менг би можела да биде одговорна и дека компанијата ги почитува законите во зекоја земја во која што делува, како и постоечките санкции.

Менг во 2007 година ја презеде директорската позиција во компанијата „Скајком Тех“ со седиште во Хонгконг, која е дел од „Хуавеј“, а соработува со Иран. Нејзината улога во оваа компанија е од посебен интерес за американските власти.

Прикажи повеќе...

Европа

На протестите во Франција околу 2.000 приведени

Објавено пред

Речиси 2.000 лица се приведени вчера на протестите на „Жолтите елеци“ ширум Франција, соопшти Министерството за внатрешни прашања на Франција.

На протестите учествувале 136.000 луѓе, а 1.700 се задржани во притвор, прецизираат од Министерството.

Протестите почнаа на 17 ноември поради најавеното зголемување на даноците за горивата и се претворија во општо незадоволство од политиката на претседателот на држава, Емануел Макрон, кој минатата недела го повлече предлог-законот за зголемување на даноците.

Полицијата вчера употреби солзавец и гумени куршуми, а имаше и оклопни возила. Демонстрантите фрлаа со шишиња, боци и метални шипки. Како што наведуваат домашните медиуми, штетата од вчерашните демонстрации во Париз е поголема од минатиот викенд, кога беа оштетени некои знаменитости.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски побара независно тело да ги анализира прислушуваните разговори на обвинителите

Претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестниот марш во Кочани упати барање до Владата да се формира независно тело кое...

Европа8 часа

На протестите во Франција околу 2.000 приведени

Речиси 2.000 лица се приведени вчера на протестите на „Жолтите елеци“ ширум Франција, соопшти Министерството за внатрешни прашања на Франција....

Македонија12 часа

Груевски еден месец е во бегство

Македонскиот азилант во Унгарија, експермиерот Никола Груевски еден месец е во бегство. Судскиот курир минатиот месец, поточно на 9 ноември...

Европа12 часа

Макрон се подготвува за значајна објава

Фрнацускиот претседател Емануел Макрон се подготвува на почетокот од следната недела да објави значајни работи, рекол владиниот портпарол по насилните...

Регион12 часа

Протести во Белград – „Стоп за крвавите кошули“

Протести под мотото „Стоп за крвавите кошули“ се одржаа вчера во Белград, на кои учесниците со протестен марш низ главниот...

Свет14 часа

Ердоган: Европа падна на испитот за демократија и човекови права

Ѕидовите на безбедност и суверенитет почнаа да се тресат, но не поради бегалците или муслиманите, туку ѕидовите ги тресат нивните...

Свет15 часа

(Видео) Трамп мисли дека „жолтите елеци“ во Франција го скандираат неговото име, но гледал погрешно видео

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека климатскиот договор од Париз е виновен за масовните протести во Франција. Тој тврди дека...

Македонија1 ден

Мартин Протоѓер се спаси од кривичен прогон за „Талир“

Поранешниот шеф на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, и ексгенерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, се спаси од кривичен прогон...

Топ2 дена

Двајца загинати во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје-Велес, кај селото Сопот. Според информациите на МВР,...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за атентатот на Киро Глигоров

Државата мора да покаже интерес и да отвори истрага за атентатот над поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, изјави...

Забава2 дена

(Видео/аудио) НАСА ги сними првите звуци на Марс

Сондата „Инсајт“ која од минатата недела се наоѓа на Марс ги сними првите звуци од ветерот на Црвената планета. Аудио...

Европа2 дена

(Видео) Шест лица загинаа во стампедо на рап концерт во Италија

Шест лица, од кои пет малолетници, загинаа, додека 35 се повредени во стампедо што се случило доцна синоќа на концерт...

Регион2 дена

Харадинај испратил покани за церемонија за формирање војска на Косово

Владата на Косово ги презема последните подготовки за церемонијата за формирање војска, па така во име на премиерот Рамуш Харадинај...

Крвав четврток2 дена

СДСМ: Иванов потврди дека член на неговиот кабинет на 27 април бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судските постапки и доказите ќе одредат дали и кој е инволвиран во насилството за 27 април, а не Иванов, реагираат...

Европа2 дена

(Видео) Анегрет Крамп-Каренбауер избрана за наследничка на Ангела Меркел

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ја избра Анегрет Крамп-Каренбауер за наследничка на Ангела Меркел на чело на најголемата германска партија. Локалните медиуми...

Крвав четврток2 дена

(Видео) Иванов: УБК е жариште на сите кризи, немав намера да прогласам воена состојба

Како претседател на Република Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на генерирање на сите политички...

Крвав четврток2 дена

Eксдиректорот на УБК Владимир Атанасовски останува во притвор

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 му ја одби жалбата на ексдиректорот...

Истражувања2 дена

Обвинителството бара меѓународна помош за расчистување на криминалот во „Фени“

За злоупотребите во „Фени“ повеќе од една година се поднесуваат кривични пријави, но резултати од пријавите нема. Над десет кривични...

Македонија2 дена

Филипче: Се прави план кои лица ќе добијат заштитни маски поради загадувањето

Министерот за здравство, Венко Филипче и Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје денеска одржаа прес-конференција на којашто ги посочија...

Македонија2 дена

Прибе два дена во Скопје се среќавал со судии и обвинители за да им каже дека треба да бидат транспарентни и одговорни

(архивска фотографија) Европскиот експерт Рајнхард Прибе од 5 до 7 декември бил во Скопје со група свои колеги по владеењето...

Досие