Свет
(Видео) „Сега речиси сите се бездомници“: Карибите под влијание на ураганот Берил, ветерот уништи сè што му се најде на патот
Речиси секоја зграда на островот Унион, кој е дел од карипската островска држава Сент Винсент и Гренадини, беше срамнета или сериозно оштетена по моќниот ураган Берил.
„Островот е во ужасна состојба откако помина Берил. Речиси сите се бездомници. Ретко која зграда е оставена да стои. Куќите беа срамнети со земја, патиштата блокирани, електричните столбови лежеа на улиците“, рече Катрина Кој, која беше изненадена од размерот на уништување што беше пред неа.
Со неа се сложува и рибарот и водич Себастијан Сејли, пренесува „Индекс.хр“.
„Сè е изгубено. Во моментот немам каде да живеам“, рече тој.
На островот живее од 1985 година, па го преживеал и ураганот Иван во 2004 година, но вели дека Берил бил на друго ниво.
Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат за исчезнати кога ураганот Берил го погоди југоисточниот дел на Карибите, пренесува „Танјуг“.
Три лица загинаа во Гренада, едно во Сент Винсент и Гренадини, а двајца загинаа на северот на Венецуела, каде што пет лица се водат за исчезнати, соопштија официјални лица.
„Овде е како торнадо да поминало. 90 отсто од островот беше збришан. Се засолнив со сопругата и ќерката и, искрено да ви кажам, не бев сигурен дека воопшто ќе се извлечеме“, истакна тој.
Во неговиот глас сè уште се видливи шокот и стравот, пишува Би-би-си.
Неговата роднина Ализе, која води хотел со своето семејство, го опиша ужасното искуство додека ураганот минувал низ нивниот град. Таа нагласи дека морало да стават мебел до вратите и прозорците за да не се отвораат од силниот налет на ветерот.
„Притисокот беше толку силен што можеше да го почувствувате во вашите уши. Можевме да слушнеме како покривот се распаѓа и удира во друга зграда. Кршење прозорци, поплави. Никој не знаеше дека ќе биде толку лошо, сите се трауматизирани“, потврди таа.
Себастијан поседува две фарми и има кошници со пчели, но сè е целосно уништено. Сепак, тој тврди дека сега приоритет е да се најде засолниште за жителите на островот. Луѓето се обидуваа да соберат дрвени и пластични фолии за да направат некакво привремено сместување за нивните семејства.
„И очигледно е дека ќе биде тешко да се најдат вода и храна“, убеден е Себастијан.
Ализе истакна дека на островот итно се потребни многу видови стоки, од конзервирана храна и млеко во прав до санитарни производи, комплети за прва помош, шатори и генератори.
Владата во Сент Винсент и Гренадини рече дека ја препознава големината на проблемот.
Во своето утринско обраќање премиерот Ралф Гонзалвес го сумира чувството на шок во оваа карипска земја.
„Опасниот и разорен ураган остави големо уништување, болка и страдање кај нашата нација“, рече тој.
Тој вети дека ќе дејствува што е можно побргу за да се справи со долгата листа на приоритети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија го осудува нападот без преседан врз Либан и повикува на темелна истрага
Претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Руската Федерација најостро го осудува нападот без преседан врз Либан и неговите граѓани и ги повикува сите инволвирани страни да покажат воздржаност за да се спречи понатамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток.
Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах експлодираа истовремено во вторникот во јужен Либан, а Хезболах денеска соопшти дека бројот на загинати во експлозијата на пејџерите се искачи на 12 откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, објави „Тајмс оф Израел“.
Русија го гледа тој инцидент „како уште еден чин на хибридната војна против Либан, во која загинаа илјадници невини луѓе“, рече таа, пренесува ТАСС.
Свет
Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста
Во градовите северно од Будимпешта, властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за рекордно ниво на вода, поради што е затворен островот Маргит, одморалиште со хотели и ресторани.
На сила стапи указот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за заштита од поплави, според кој беа наредени координирани мерки за заштита на целата територија на Унгарија, а Орбан денеска изјави дека во тек е најтешката фаза на заштита.
Циклонот Борис донесе многу дожд низ Европа и предизвика поплави, кои стигнаа и до Унгарија, каде Дунав се излеа од коритата. Се наведува дека моменталниот водостој на Дунав е 683 сантиметри, додека вчера бил под 600 сантиметри.
Поплавен е кејот покрај Дунав, а врвот на поплавниот бран, како што изјави градоначалникот на Будимпешта, се очекува да биде во недела, иако вчера беше најавено дека ќе биде ноќта меѓу петок и сабота.
Разорните поплави предизвикаа пустош во Полска, Австрија, Чешка, Словачка и Романија, а според последните информации, најмалку 20 луѓе загинале низ Стариот континент. Во Словачка, министерот за животна средина, Томаш Тараба, рече дека нивото на водата на Дунав во текот на ноќта достигнала речиси 10 метри и дека нема така лесно да се спушти. Тој додаде дека штетите од поплавите низ државата се проценуваат на околу 20 милиони евра.
Свет
Ердоган со премиерот на Либан: Исклучително се опасните напорите на Израел да ја прошири војната
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска, телефонски разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати изразувајќи жалење за смртта на луѓето во истовремените експлозии на пејџери во Либан.
Ердоган му рекол на Микати дека аспирациите на Израел да го прошири конфликтот во регионот се исклучително опасни и дека ќе продолжат напорите да се запре израелската агресија, пренесува „Анадолија“.
Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах вчера експлодираа истовремено во јужен Либан, а Хезболах денеска објави дека бројот на загинати во експлозијата се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите.