Свет
(Видео) Сеизмолог го снимил звукот на разорниот земјотрес во Турција: „Имаше моќ на 130 атомски бомби“

Хамдула Ливачоглу, сеизмолог од Универзитетот во Турција, вчера рано наутро го снимил звукот на земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.
„Човечкото уво не може да чуе фреквенции помали од 20 херци. Фреквенциите на земјотресните сигнали се исто така типично помали од 20 херци. За да се претвори земјотресот во звук, брзините на појасот на сигналот за земјотрес што го снимаат сеизмометрите се зголемуваат во зависност од периодот и сеизмограмот се компресира. Така содржината на фреквенцијата е подигната до праговите што може да ги чуе човечкото уво“, објасни тој.
7,7 büyüklüğündeki depremin sesi#Kahramanmaraş Pazarcık’ta meydana gelen 7,7 büyüklüğünde depremin sesi ortaya çıktı #deprem https://t.co/EwTv4SIyZD pic.twitter.com/uuyivEBmZh
— Habertürk (@Haberturk) February 6, 2023
Турскиот геофизички инженер Овгун Ахмет Ерџан објави дека јачината на земјотресот што се случи е како 130 атомски бомби.
„Земјотресот беше со јачина од 7,7 степени и јачина на приближно 130 атомски бомби, траеше 43 секунди“, објави тој, според „Индекс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе има мир.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“, вели дека Косово е дел од Србија и дека тоа е многу јасно.
„Тоа го пишува во Уставот на Република Србија, тоа е потврдено и со Резолуцијата на ОН од 1999 година. Што е проблемот? рече Вучиќ.
Тој додава дека Србите кои живеат на север и во другите енклави се чувствуваат нападнати од специјалните единици на косовската полиција.
„Речиси секоја недела. Постојат сигурни извори кои го потврдуваат тоа. Приштина нема право да има специјална полиција на север. Тие приведуваат, запираат, малтретираат нашиот народ. Курти отсекогаш велел: „Ние сме суверена земја, имаме право да ги распоредиме нашите сили каде сакаме”. Јасно е дека тој не може да го стори тоа. И направи повеќе од тоа. Луѓето почнаа да протестираат против незаконското и нелегитимни избори за градоначалник.. Има општини каде што градоначалникот го избрале 11 луѓе. Не е демократски да има 0,02 отсто. Дури и Американците и ЕУ го осудуваат неговото однесување. Но тој не сака да го слушне тоа“ вели Вучиќ.
Тој додаде дека ако Курти ја тргне војската, тогаш ќе има мир.
„Да ги одведе неговите наводни градоначалници на југ и да ги отстрани неговите војници од север. Тогаш ќе има вистинско помирување меѓу Србите и Албанците. Ние го сакаме тоа, подготвени сме на многу компромиси. Од друга страна, има и такви чии Единствената цел е да се протераат Србите и да се покажат мускулите. Го смируваме народот, но ако продолжи вака, тоа нема да биде можно.
Ние сме длабоко благодарни на нашите американски партнери што нагласија чија е вината, кој ги сакаше овие инциденти. Но, ни треба повеќе. Притисок од меѓународната заедница за Приштина да дејствува на рационален начин. Ние сме подготвени за дијалог“ вели во интервјуто Вучиќ.
Свет
Путин сигурен во себе: „Нема друг пат“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не се сомнева оти Русија ќе победи во Украина и ќе стане гарант за мирот и безбедноста на сите народи.
„Знам дека победата секогаш ќе биде наша и мислам дека нашата земја на крајот ќе биде гарант за мирот и безбедноста за сите народи, за сите земји во светот, за сите луѓе и за сите земји“, рече Путин.
Шефот на државата истакна дека Русија „ги брани својата земја, народ и вредности за време на специјална воена операција“, па затоа сигурно ќе излезе како победник.
Регион
Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакрот во „Рибникар“, потврди српската Влада

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетното момче (13 ), кој го извршил масакрот, соопштуваат од Владата на Србија.
„Токму затоа бараме од сите медиуми со должно внимание да се однесуваат кон овие информации и да не објавуваат непроверени и непотврдени информации, бидејќи со тоа продолжува процесот на трауматизирање на децата и родителите“, велат од српската Влада.
Владата им се заблагодари на родителите, наставниците и на сите вработени во образовниот систем за разбирањето и поддршката.