Контакт

Свет

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Објавено пред

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и неговата избраничка, актерката Меган Маркл.  Принцот Хари и Меган ќе се венчаат денеска во 12 часот во капелата на дворецот во Виндзор, а церемонијата ќе ја следат над два милијарди луѓе, преку најпознатите телевизиски канали кои веќе имаат вклучено пренос во живо.

Рано изутринава во Виндзор се собраа илјадници обожаватели, но и силно обезбедување чекајќи ја спектакуларната церемонија, која почнува напладне.  Полиција патролира на улиците, вооружена со полуавтоматско оружје и ја нагледува околината од блиските покриви.

Се очекува над 100.000 обожаватели да ги преплават тесните улички на Виндзор, гратче на околу 30 километри западно од Лондон, а во ова место пристигнаа и стотина телевизиски екипи.

 

Безбедноста е засилена, а посетителите мора да поминат низ полициски контролни пунктови поставени околу дворецот. Нумерата „Stand By Me“ ќе биде една од песните кои ќе бидат изведени во текот на службата, наведоа британските медиуми.

Бакингемската палата објави дека принцот Хари и Меган Маркл добија титули војвода и војвотка од Сасекс.Британската кралица Елизабета II и официјално минатата недела го даде својот „благослов“. Според британскиот закон, првите шест во линијата за наследување на престолот мора да добијат дозвола од кралицата за венчавка.

Принцот Чарлс на кралската венчавка ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот, објавија од Кенсингтонската палата. Таткото на американската глумица, Томас Маркл (73), поради здравствени причини не е во можност да дојде на венчавката. „На принцот му е особено драго што на овој начин ќе може да ѝ посака добредојде на Меган во кралското семејство“, се вели во пораката од палатата.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Ќе го јакнеме нуклеарниот арсенал додека Русија и Кина не се вразумат

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предупреди дека Соединетите Американски Држави планираат да го зајакнуваат сопствениот арсенал за нуклеарно вооружување за да извршат притисок врз Русија и Кина, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведе дека Трамп повторно оценил дека Русија не се придржувала кон договорот за нуклеарните сили со среден дострел, потпишан во 1987 година и од којшто се закани дека ќе ги повлече САД.

„Додека луѓето не се вразумат, САД ќе го зајакнуваат сопствениот нуклеарен арсенал“, рече Трамп и додаде дека тоа се однесува на Русија и Кина.

Прикажи повеќе...

Свет

Турска телевизија: Спречен претрес на саудиско дипломатско возило

Објавено пред

Турската приватна телевизија НТВ јави дека турските власти денеска биле спречени додека сакале да извршат претрес врз саудиско дипломатско возило во Истанбул, зашто не добиле дозвола од Kонзулатот на Саудиска Арабија, пренесе „Ројтерс“.

Се наведува дека автомобилот кој припаѓа на саудискиот конзулат претходно во текот на денот бил пронајден во истанбулскиот кварт Султангази.

„Си-ен-ен Турк“ јави дека на турските власти утре ќе им биде овозможено да го пребараат автомобилот.

Турските и саудиските власти го истражуваат убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој изчезна на 2 октомври, кога последен пат беше виден како влегува во саудискиот конзулат. Саудиска Арабија со недели негираше дека има сознанија што се случило со Кашоги.

Прикажи повеќе...

Свет

Руската црква се надева на дијалог со Цариград за Украина

Објавено пред

Руската православна црква се надева дека Вселенската патријаршија во Цариград ќе ги разбере последиците на своите дела во Украина и ќе почне со дијалог, изјави портпаролот на руската црква, Александар Волков.

„Патот што го избра Цариград може да има ужасни резултати за глобалното христијанство и за верниците во Украина. Меѓутоа, оваа ужасна ситуација би можела брзо да биде решена ако Цариград се одлучи на дијалог“, рече Волков пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Според неговите зборови, руската православна црква ќе ја задржи својата позиција, а дијалогот може да почне само кога Вселенската патријаршија ќе ја увиди својата грешка и ќе се извини за делата со кои нанела значајна штета на православието.

Вселенската патријаршија претходно изјави дека ќе ја поддржи автокефалноста на украинската православна црква, на што Русија се противи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија5 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија8 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија8 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија9 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија10 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија12 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија13 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија14 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток16 часа

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток16 часа

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет17 часа

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет17 часа

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија18 часа

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија21 час

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија1 ден

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион1 ден

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија2 дена

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија2 дена

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Досие