Свет
(Видео) Се чека екстрадицијата на убиецот од Њујорк; Адвокатот: Не видовме ниту еден доказ
Мажот обвинет за убиство на директорот на здравственото осигурување Брајан Томпсон во Њујорк, се туркаше со полицијата и им викаше на новинарите додека го носеа на суд вчера. Во меѓувреме се појавија нови информации за потенцијалниот мотив за убиството.
Луиџи Манџионе се појави на сослушување за екстрадиција во Пенсилванија, каде што неговиот адвокат Томас Дики рече дека 26-годишниот ќе се обиде да ја оспори екстрадицијата во Њујорк за да се соочи со обвиненијата за убиство. „Не видов никакви докази дека тој е убиец“, рече тој.
Манџионе, облечен во портокалов комбинезон, се обиде да им се обрати на новинарите додека пристигнуваше на сослушувањето. Се слуша како вика „целосно неправедно“ и „ова ја навредува интелигенцијата на американскиот народ“ пред полицајците да го изведат на суд.
Тој беше уапсен во понеделникот откако беше забележан во Мекдоналдс во Пенсилванија по повеќедневна потера. Наводно, кај него бил пронајден пиштол сличен на оружјето употребено во убиството, пригушувач и лажна лична карта.
На Манџионе вчера по втор пат му беше одбиено условно ослободување, откако обвинителите изјавија дека е премногу опасен за да биде ослободен. Судијата потоа им даде на обвинителите 30 дена да побараат налог од гувернерот на Њујорк, Кети Хочул за да обезбеди негова екстрадиција во државата.
Хочул подоцна рече дека ќе издаде налог. „Соработувам со Окружното обвинителство и ќе потпишам барање за налог за да се осигурам дека ова лице ќе биде судено и одговорно за неговите постапки“, рече таа.
По рочиштето вчера попладне, неговиот адвокат се обрати на пресот пред судот. „Не можете да брзате да судите во овој или кој било друг случај“, рече тој. „Се смета дека е невин. Да не го заборавиме тоа“.
Манџионе беше обвинет за неколку прекршоци во Пенсилванија, вклучително и давање лажна идентификација на полицијата и поседување огнено оружје без дозвола. Тој се наоѓа во затвор во државата Пенсилванија и ќе се изјасни за невин за овие злосторства.
Тој се соочува со посебни обвиненија во Њујорк, вклучително и за убиството на Томпсон. Извршниот директор на UnitedHealthcare беше застрелан од маскиран човек пред хотел на Менхетен во, како што полицијата вели насочен напад.
Од април 2012 година, Томпсон беше извршен директор на компанијата, која е најголемиот приватен осигурител во САД.
Неговата вдовица Полет Томпсон вели дека добил закани пред неговата смрт, но обвинителите не наведоа мотив за неговото убиство.
Но, вчера, додека полицијата собираше докази и работеше на рекреирање на движењата на Манџионе по пукањето, се појавија повеќе детали за неговите наводни жалби за здравствено осигурување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На вонредна седница во Србија ќе се расправа за доверба на Владата
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.
Конечниот дневен ред ќе се знае утре.
Вели дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата.
Брнабиќ рече дека тоа ќе било и порано на дневен ред, но дека опозицијата злоупотребила два потписи.
Свет
(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво
По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.
Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.
„Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, вели роднина на ослободената заложничка.
По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.
Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство
Свет
Во напад врз болница во Судан загинаа најмалку 70 луѓе
Најмалку 70 луѓе загинаа во напад врз болница во градот Ал Фашер, Судан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Се работи за напад врз единствената функционална болница во тој град.
Бројката од 70 смртни случаи ја објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.