Свет
(Видео) Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди Нов Зеланд, локалните медиуми објавија дека се очекува предупредување за цунами.
Според првите податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 238 километри од Гисборн на Нов Зеланд, на длабочина од 10 километри.
#BREAKING @NZcivildefence: We are assessing whether the M7.3 EAST OF THE NORTH ISLAND #NEWZEALAND earthquake at 2021-03-05 2:27 AM has created a tsunami that could affect New Zealand. We will provide an update as soon as the initial assessment has been completed.
#BreakingNews pic.twitter.com/g6BzdJZxzV— 🌎 Sarwar 🌐 (@ferozwala) March 4, 2021
Можни се бранови од цунами на 300 км од епицентарот на земјотресот, соопшти Центарот за предупредување од пацифички цунами. Националната агенција за управување со вонредни состојби ги предупреди сите во близина на крајбрежјето веднаш да тргнат кон најблискиот рид или во внатрешноста на копното.
Засега нема извештаи за жртви или штети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ангела Меркел вакцинирана со „астразенека“

Германската канцеларка Ангела Меркел денес беше вакцинирана со „астразенека“.
Меркел, која во јули ќе наполни 67 години, веќе објави дека има намера да се вакцинира, но дека го чека својот ред, пишува „Дојче веле“.
Досега претседателот Франк-Валтер Штајнмаер исто така беше вакциниран со „астразенека“, велејќи дека има доверба во вакцините што биле одобрени во Германија.
По препорака на Централната комисија за вакцини во Германија, само оние над 60 години се вакцинираат со „астразенека“ од почетокот на април.
Министрите за здравство на сојузните покраини пред неколку дена одлучија помладите луѓе кои ја примија вакцината на „Астразенека“ како прва вакцина, да добијат вакцина од „Фајзер / Бионтек“ или од „Модерна“ во втора фаза.
Регион
Вучиќ најави инвестиции во „Торлак“, почнува производството на четиривалeнтна вакцина

Србија наскоро ќе произведе четиривалентна вакцина против грип, објави српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм.
„Почитувани граѓани, заедно со премиерката Ана Брнабиќ, многу министри, но и со сите професионални луѓе од областа на фармацијата и медицината, донесовме неколку важни одлуки“, изјави Вучиќ во видеото на својот профил за иднината на Србија.
„Државата ќе инвестира 18 милиони евра во капацитетите за полнење и пакување на вакцини, за пакување вакцини против грип, но и тетанус, дифтерија и вакцини против Ковид-19“, најави Вучиќ.
„За нашиот ‘Торлак’, уште 20 милиони евра, за уредување на просториите и реновирање на фасадите, ќе организираме паркови и пристапни патишта. Сакаме да го направиме ‘Торлак’ една од најдобрите фабрики за вакцинирање во цела Европа”, рече претседателот на Србија.
„Која е најсреќната вест – од денес ја започнуваме процедурата, работиме на деловен план и влегуваме во процес на производство на четиривалентна вакцина против грип“, посочи тој.
Свет
Нов Зеланд сака да ја забрани продажбата на цигари за родените по 2004 година

Нов Зеланд во моментот размислува за низа предлози насочени кон елиминирање на пушењето во земјата вклучувајќи и радикална иницијатива со која ќе се забрани продажбата на тутун на цела генерација, пренесува РТ.
Според акцискиот план „Аоетароа без цигари 2025“, Нов Зеланд се надева на постепено зголемување на законската возраст за пушење и на крајот да се забрани продажбата на цигари на секој што роден по 2004 година. Иницијативата повикува и на значително намалување на дозволеното ниво на никотин во тутунот и става ограничувања на местата на кои може да се продаваат цигари. Владата исто така ќе постави минимална цена за сите тутунски производи.
Како што сугерира името на планот, целта е да се укине употребата на тутун во земјата во следните неколку години создавајќи непушачки Нов Зеланд до 2025 година. Министерството за здравство на земјата објасни дека додека стапките на пушење се намалени во минатата деценија, но дека треба уште многу да се работи, особено за да се намали употребата на тутун кај Маорите, пацифичките народи и оние што живеат во најсиромашните заедници.
Новозеланѓаните се повикани да дадат повратни информации за акцискиот план, кој беше официјално објавен во четвртокот. Жителите ќе имаат време до 31 мај да ги споделат своите размислувања за ова прашање пред тоа да влезе во следната фаза за да стане закон.
Речиси 4.500 Новозеланѓани умираат годишно од болести поврзани со тутунот и владата е посветена на забрзан напредок во борбата против пушењето.
Иницијативата е поздравена од некои групи, таа не помина и без критики. Некои предупредуваат дека ограничувањето на продажбата на тутун ќе ги банкротира сопствениците на продавници. Ограничувањата исто така може да поттикнат нерегулиран црн пазар за тутунските производи. Владата дури призна дека износот на шверцувани тутунски производи во земјата е значително зголемен во последните неколку години.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш