Контакт

Свет

(Видео) Силен земјотрес меѓу Куба и Јамајка, опасност од цунами

Објавено пред

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ги погоди карипските острови Јамајка и Куба.
Американскиот геолошки преглед соопшти дека епицентарот на силниот земјотрес е на 139 километри северозападно од Јамајка и на 140 километри јужно од Куба, на длабочина од 10 километри, што се смета за релативно плитко.Земјотресот се почувствувал и на Кајманските острови.

Центарот во Хаваи за предупредување од цунами соопшти дека врз основа на прелиминарните податоци, опасни цунами бранови се можни на бреговите лоцирани и на 300 километри од епицентарот на земјотресот.

Свет

Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на 17 години затвор

Објавено пред

Поранешниот јужнокорејски претседател, Ли Мјун-бак, е осуден на 17 години затвор поради корупција.

Во 2018 година тој беше осуден на 15-годишна затворска казна, но условно беше пуштен на слобода во март минатата година поради лоша здравствена состојба. По поднесената жалба, Врховниот суд му ја зголеми казната на 17 години затвор.

Судот во Сеул соопшти дека Ли не се покајал поради злоупотребата на службената должност, туку ги обвинил оние со кои работел.

Ли беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Кај Канарските острови спасени 24 мигранти, се трага по уште 53 лица

Објавено пред

Шпанската морнарица соопшти дека спасила 24 мигранти недалеку од Канарските острови, северо-западно од брегот на Африка и сè уште трага по 53, кои се пријавени како исчезнати најмалку два дена.

Во потрагата учествува и авион, меѓутоа е отежнета поради временските услови, пренесува „АП“.

Меѓу 24-те мигранти кои беа пронајдени и спасени во вторникот имало девет жени и едно бебе, и тие се префрлени во пристаништето на островот Гран Канарија, кој е еден од седумте острови во архипелагот.

Шпанските власти првично ја почнаа потрагата по околу 140 исчезнати мигранти кои пловеа во пет чамци, но подоцна ја намалија потрагата на две чамци со по 26 мигранти.

Помеѓу 1 јануари и 15 февруари, повеќе од 1.000 мигранти пристигнале на Канарските острови, што е многу поголем број отколку во истиот период минатата година кога пристигнале само 66.

Прикажи повеќе...

Свет

Велика Британија ќе им забрани влез на мигрантите што не зборуваат англиски

Објавено пред

Велика Британија ќе им забрани влез на мигрантите што не зборуваат англиски и на неквалификувани работници во странство, според планот за имиграција по брегзит претставен од владата, пренесува „Спутник“.

Во планот се апелира до бизнисите веќе да не се потпираат на евтина работна сила и наместо тоа, да инвестираат во автоматизација и задржување на персоналот. Властите посочуваат дека со намалувањето на целокупната миграција во Велика Британија се реализираат предлозите за брегзитот што ги бара гласачкото тело, а истовремено се исполнуваат и ветувањата дадени пред последните избори.

Владата претходно соопшти дека сака да го прифати австралискиот имиграциски систем базиран на поени според кој мигрантите би се рангирале според одредени критериуми – јазични вештини, квалификации и работно искуство, при што се фаворизираат висококвалификувани апликанти.

Според новиот план, мигрантите што сакаат да работат во Велика Британија мора да зборуваат англиски и да имаат понуда за квалификувана работа. Ова ќе им донесе 50 бода, но за да може да работат во Велика Британија, ќе треба да имаат 70, а бодови ќе се доделуваат за квалификации, за работа во сектор во кој има недостиг од работници или за докторат по предмет релевантен за работата.

Владата постави и праг за плати. Така, секој што сака да работи во Велика Британија, мора да има годишна плата од 25.600 фунти (33 000 долари) иако и луѓето што заработуваат основна плата од 20.480 фунти би биле прифатливи ако има недостиг од нивните вештини. Според списокот на Советодавниот комитет за миграции, постои недостиг од градежни инженери, лекари, медицински сестри, психолози и од класични балетски танчари.

Британските власти соопштија дека работниците од ЕУ и оние што не доаѓаат од ЕУ ќе бидат третирани на ист начин кога на 31 декември ќе заврши слободното движење Велика Британија-ЕУ.

Планот на владата предизвика остра осуда од бизнис-лидерите, синдикатите и од опозицијата. Британскиот синдикат „Унисон“, кој ги претставува здравствените работници, рече дека системот предизвикува апсолутна катастрофа за секторот за нега, а портпаролката за внатрешни работи на либералдемократите, Кристин Жардин, рече дека планот се заснова на ксенофобија.

Тие сметаат дека предлогот на владата ќе резултира со загуба на работни места и затворање фабрики. Сепак, секретарот за внатрешни работи, Прити Пател, рече дека новиот систем за имиграција ќе се погрижи во Велика Британија  да доаѓаат само најпаметните и најдобрите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР без одлука на Влада

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат поништил во Службен весник 124 решенија за распоредување во МВР, оти за нив немало одлука...

Македонија2 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монструм” а прибавен од нелегално снимените разговори,...

Свет2 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија4 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија4 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија5 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија5 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија6 часа

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет6 часа

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет6 часа

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион7 часа

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион7 часа

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет7 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Регион20 часа

Србинка почина од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин. Амбасадата...

Свет20 часа

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим. Директорот...

Македонија1 ден

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија1 ден

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија1 ден

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион1 ден

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет1 ден

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Досие