Свет
(Видео) Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома, изгледаше како да пукнала нуклеарна бомба

Небото над градот Норман во американската сојузна држава Оклахома во неделата поради облаците донесени од силна бура изгледаше како да експлодирала нуклеарна бомба.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат облаци кои се движат нагоре низ облакот стратус, создавајќи илузија на печурка.
Stunning storm structure seen from Norman, OK yesterday! This same cell produced larger than baseball size hail in Seminole county!#okwx pic.twitter.com/VhYPkLxrEM
— WeatherNation (@WeatherNation) September 24, 2023
„Истата шема на облаци во саботата вечерта донесе големи невреме со град во округот Семинол во централна Оклахома. Паѓаше силен град со големина на топче за голф, ги кршеше стаклата на автомобилите, струја снема, но за среќа, потенцијалот за торнада беше мал“, објавија метеоролозите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Авион заглавен на писта, го извлекуваат противпожарни возила – неверојатни сцени од Минхен по снежната бура

За време на снежната бура која вчера зафати дел од Германија, особено Минхен, на аеродромот во тој град се снимени неверојатни сцени.
Аеродромот беше затворен цел ден бидејќи авиосообраќајот беше оневозможен поради обилните врнежи. Покрај воздушниот сообраќај, во прекин е и патниот и железничкиот сообраќај.
Meanwhile in Munich ❄️✈️
📹 schoko131 pic.twitter.com/RHemPHNGk3
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) December 2, 2023
Една од снимените сцени е авион кој бил целосно блокиран на едната писта. Тој е завеан додека противпожарните возила се обидуваат да го извлечат од пистата.
Авионот требаше да лета за Дубаи, каде што се одржува конференција за климатски промени.
Аеродромот во Минхен повторно беше отворен во утринските часови, но околу 560 од 880 планирани летови се откажани, изјави портпаролот на овој аеродром, пренесуваат германските медиуми.
Свет
Филипинските власти: Странски терористи стојат зад масовната експлозија

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор го осуди смртоносниот масовен бомбашки напад утринава и ги обвини „странските терористи“, додека полицијата и војската ја зајакнаа готовноста на југот на земјата и околу главниот град Манила, пренесува Ројтерс.
„Најостро ги осудувам бесмислените и најгрозоморните дела извршени од странски терористи“, рече Маркос во изјавата, по експлозијата на бомба за време на утринската католичка миса во универзитетската сала во филипинскиот град Марави, во која најмалку четири луѓе ги загубија животите, а најмалку 50 беа ранети.
Лидерот на Филипините нагласи дека за непријатели на филипинското општество секогаш ќе ги смета екстремистите кои вршат насилство врз невини луѓе.
Свет
ОН: 160 Палестинци загинаа во два напади за еден ден

Најмалку 160 палестински жртви биле пријавени во два инцидента во северниот дел на Газа во саботата, објави Хуманитарната агенција на Обединетите нации (OCHA).
Бомбардирани биле шесткатна зграда во бегалскиот камп Џабалија и цел блок во соседството на градот Газа.
„Пред бомбардирањето, израелските сили фрлија летоци со наредба за евакуација на тие области“, се вели во извештајот на OCHA.