Контакт

Европа

(Видео) Голема бура во Италија, надојдената вода носеше автомобили низ улиците

Објавено пред

Силно невреме го погоди денеска италијанскиот град Пескара. Најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и една бремена жена, која претрпела повреди на главата.

Од снимките објавени на социјалните мрежи може да се согледа моќта на бурата која била пропратена со град со големина на портокал. Улиците за кратко време биле преплавени, а центарот на градот бил под десетина сантиметри вода. Надојдената вода дури носела и автомобили низ улиците.

Странските агенции јавуваат дека бурата ја погодила и областа околу градот Равена. На една снимка се гледа како силното невреме корне дрвја.

Според метеоролошката платформа „AccuWeather“, во јужна и југоисточна Европа доаѓа ново невреме, а во пресрет на четврток се очекуваат силни дождови. Невреме придружено со грмотевици вечерва се очекува во Србија, по што би можело да се прошири и во Македонија, Грција и Бугарија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

50 имигранти преминаа во шпанската енклава Мелиља

Објавено пред

Речиси 200 имигранти се обиделе да ја преминат безбедносната ограда што ја дели шпанската енклава Мелиља од Мароко.

Локалната канцеларија на шпанската влада соопшти дека 50-ина мигранти успеале да ја преминат бариерата, а другите 150 биле одбиени од страна на шпанските и мароканските граничари, објави АП.

Канцеларијата на владата соопшти дека еден мигрант ја скршил ногата, а шест шпански полицајци биле повредени.

Мигрантите што пристигнале на шпанската територија биле одведени во прифатниот центар, каде што можеле да бараат азил, а властите почнале процедури за враќање во земјите на потекло.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 јануари до 15 јули во Мелиља пристигнале 2.397 мигранти по копнен пат.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсени 18 члена на сицилијанската мафија

Објавено пред

Италијанската и американската полиција уапсија 18 лица во Сицилија во операција за фаќање  семејство, член на сицилијанската мафија.

Операцијата била насочена кон семејството Инзериљо од Палермо, кое е во егзил во САД од 80-тите.

Организираната криминална група Коза ностра почна да ја губи својата моќ во 2017 година кога лидерот Салваторе Рина (Тото) почина во затвор. Властите тврдат дека семејството Инзериљо и нивните сојузници со седиште во Њујорк, кланот Гамбино, се обидуваат да ја повратат контролата за време на отсуството на моќ во Сицилија.

Семејството живее во Соединетите Американски Држави од 80-тите кога војната што Рина ја водеше на островот ги принуди на егзил.

Истрагата ја истакнува силната врска помеѓу Коза ностра Палермо и американскиот организиран криминал, особено кланот Гамбино, се вели во соопштението на полицијата.

Семејството Гамбино е едно од таканаречените пет семејства што историски владееле на мафијашката сцена во Њујорк. Претходните обвиненија против членови на семејството вклучуваат убиство и дистрибуција на дрога.

Меѓу уапсените вчера се и градоначалникот на гратче во близина на Палермо, Салваторе Гамбино, како и Томазо и Франческо Инзериљо, директни роднини на Салваторе Инзериљо, моќен шеф на мафијата убиен од Рина во 1981 година.

Во последните две децении Коза ностра изгуби голем дел од својата апсолутна моќ на Сицилија. Но, обвинителите постојано предупредуваат дека групата се обидува да ја поврати својата моќ таму.

Прикажи повеќе...

Европа

Стапката на смртност кај новороденчињата во ЕУ преполовена во последните две децении

Објавено пред

Бројот на бебиња што умираат пред да стигнат до една година во просек се преполовил во сите земји членки на ЕУ во последните две децении, покажуваат најновите податоци.

Податоците објавени од Евростат во петокот покажаа дека во 1997 година во просек имало 6,8 смртни случаи на 1.000 живородени во ЕУ во споредба со 3,6 смртни случаи дваесет години подоцна.

Вкупно 18.200 деца починале на возраст под една година во 2017 година.

Според најновите статистики, Малта, Романија и Бугарија се на врвот на табелата за највисоки стапки на морталитет кај новороденчиња, а Кипар и Финска се најдоа на дното од оваа табела.

Падот на смртните случаи кај новороденчињата стана еден од најзначајните фактори во зголемувањето на животниот век на луѓето, според Евростат.

Ваквиот тренд се должи на зголемување на животниот стандард, подобрениот животен стил и подоброто образование, како и напредокот во здравството и медицината“, додаваат од Евростат.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија9 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија10 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија11 час

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија11 час

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија13 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија14 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија14 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија16 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет17 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт17 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија1 ден

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет1 ден

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет1 ден

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ1 ден

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија2 дена

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет2 дена

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија2 дена

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Досие