Контакт

Европа

(Видео) Силно невреме во Минхен, градот уништил возила

Објавено пред

Германската покраина Баварија, посебно градот Минхен и околината, синоќа ги зафати силно невреме кое предизвика голема штета, а неколку лица се повредени. Во некои делови од покраината паѓал град со големина на тениско топче, а ветерот корнел дрвја.

Градот искршил прозорци на автомобили, на згради и нанел голема штета на фасади на бројни куќи.

Во некои места силниот ветер корнел дрвја, а едно дрво повредило седумгодишно момче и двајца мажи.

Невремето предизвика и прекин на регионалниот железнички сообраќај, а во некои делови силниот дожд поплави куќи и патишта.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ерменскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан

Објавено пред

Судот во Ерменија денеска нареди апсење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан, обвинет за злоупотреба на власта.

Кочаријан беше уапсен во јули минатата година. Тој беше ослободен со кауција до почетокот на судењето, објави „Ројтерс“.

Обвиненијата се однесуваат на последниот период од неговиот мандат кога во 2008 година тој им наредил на армијата и на полицијата да ги скршат протестите против резултатот на изборите на кои се избираше неговиот наследник.

Прикажи повеќе...

Европа

Името на новиот британски премиер ќе биде објавено на 23 јули

Објавено пред

Името на новиот премиер на Обединетото Кралство ќе биде објавено на 23 јули, објави денеска Конзервативната партија.

Речиси 160.000 членови на партијата ќе се изјаснат по пошта дали Тереза Меј како лидер на партијата и владата ќе ја наследи Борис Џонсон или Џереми Хант.

Гласањето завршува на 22 јули, а името на победникот ќе биде објавено следниот ден, објави „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Европа доаѓа екстремен топлотен бран

Објавено пред

Според најновите прогнози, доаѓа многу интензивен, рекорден и потенцијално смртоносен топлотен бран, кој ќе погоди голем дел од Европа, пишува Severe Weather. Особено ќе бидат погодени Шпанија и Франција, каде што температурите ќе бидат над 40 Целзиусови степени.

Температурите ќе се зголемат и в среда, а врвот на топлотниот бран во Европа се очекува в четврток. Температурите на места во Шпанија и Франција може да се зголемат до екстремни 46 степени.

Последен ден од топлотниот бран во повеќето земји треба да биде петок по што треба да се појави ладен фронт во Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Владата ќе испитува дали има основа да се раскине концесијата за Иловица

Владата на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето...

Свет39 минути

ОН: Богатите ќе купуваат спас од жештините и гладот, на повидок е климатски апартхејд

Светот е на пат кон климатски апартхејд, во кој богатите ќе купуваат излез од најлошите ефекти од климатските промени, додека...

Економија2 часа

Во Љуботен запленети над 12 тони тутун, нелегално се увезувал од сите соседни земји

Над 12 тони тутун е одземен од жителите на Љуботен по спроведената акција во селото. Нема уапсени, бидејќи истрагата не...

Македонија3 часа

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион5 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија5 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија6 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија8 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија8 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија9 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет11 час

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет11 час

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија1 ден

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ1 ден

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија1 ден

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија1 ден

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија1 ден

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ1 ден

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Досие