Свет
(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал животот на нашата планета. Би-би-си објаснува зошто примероците на Бену се толку важни и зошто ова е голем момент за НАСА.
По поминати милијарди километри во Сончевиот систем, капсулата OSIRIS-REx, која носеше скапоцени примероци од астероидот Бену, слета во пустината во американската држава Јута. Тимот задолжен за пронаоѓање на капсулата се трка со времето за време на извршувањето на нивната задача со цел да се избегне каква било контаминација, односно да се избегне мешање прашина, нечистотија и микроби со примероците.
While some members of the recovery team pack up the sample to deliver it to a temporary clean room here at UTTR, others are taking air and ground measurements to catalog any possible contaminants. https://t.co/ZK9XtEk91H pic.twitter.com/Kg5Eqlh0xl
— NASA Solar System (@NASASolarSystem) September 24, 2023
Се поставува прашањето зошто целиот овој долгорочен и комплексен проект е толку важен? Првата причина е што Бену е на врвот на листата на опасни астероиди на НАСА. Се наведува дека Бену не е само извор на страв, туку може да открие нешто за нашето потекло. Имено, Бену е реликвија од времето на формирањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години.
Откога вселенската сонда зела примероци за време на физичкиот контакт со астероидот што траел само пет секунди, научниците веруваат дека биле собрани околу 250 грама камења и прашина. Сето ова ќе биде внимателно проучено од научниците. Првин треба да ја стават капсулата во изолирана и стерилна просторија, а потоа внимателно да ја отворат. Ќе бидат потребни неколку недели за да се открие што има внатре во капсулата, но научниците велат дека вреди да се чека.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
По неколку децении активиран е членот 99. Израелците: Шефот на ОН го загрозува светскиот мир

Министерот за надворешни работи на Израел го нарече генералниот секретар „закана за светскиот мир“ додека Антонио Гутереш за првпат во својот мандат активираше член во кој го повикува Советот за безбедност да спречи хуманитарна катастрофа во Појасот Газа.
Тешката загуба на животи во Појасот Газа и Израел за релативно краток временски период ја поттикна одлуката на Гутереш да се повика на членот 99 од Повелбата на ОН во писмо до Советот за безбедност, за првпат откако ја презеде функцијата во 2017 година.
„Соочен со сериозен ризик од колапс на хуманитарниот систем во Газа, го повикувам Советот да помогне да се спречи хуманитарна катастрофа и апелирам за прогласување хуманитарен прекин на огнот“, објави Гутереш на X (поранешен Твитер). Членот 99 му дозволува на генералниот секретар да го насочи вниманието на Советот за безбедност кон „секое прашање што, според него, може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност“.
Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен остро го критикуваше потегот на Гутереш.
„Мандатот на Гутереш е опасност за светскиот мир. Неговото барање за активирање на членот 99 и повик за прекин на огнот во Газа претставува поддршка за терористичката организација Хамас и одобрување за убиство на стари лица, киднапирање бебиња и силување на жени“, објави Коен на X.
„Секој кој го поддржува светскиот мир мора да го поддржи ослободувањето на Газа од Хамас“, додаде тој.
Генералните секретари со децении не се повикуваат на членот 99.
Нема директни последици од повикувањето на член 99. Сепак, треба да се очекува дека Советот за безбедност ќе се состане оваа недела за да разговара за ова прашање и дека Гутереш исто така ќе биде присутен. Вообичаено е членовите на Советот за безбедност сами да одлучуваат кои прашања ги сметаат за закана за светскиот мир и затоа да ги стават на дневен ред.
Свет
Борел го поддржа повикот на Гутереш за интервенирање на Советот за безбедност во врска со војната во Газа

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го поддржа повикот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш до Советот за безбедност да интервенира во врска со војната во Газа.
Тој во објава на платформата Икс (Твитер) апелираше до „членовите на Советот за безбедност на ОН и истомислениците од ЕУ“ да го поддржат повикот на генералниот секретар, објави бриселскиот портал Политико.
Борел, исто така, ги критикуваше израелските доселеници на окупираниот Западен Брег за уривањето на палестинското училиште изградено со средства на ЕУ, нарекувајќи го тоа „кршење на меѓународното право“ и додавајќи дека „насилството на доселениците врз палестинските заедници мора да престане“.
Европа
Претседателски избори во Русија на 17 март, за прв пат ќе гласаат и жителите на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон

Горниот дом на рускиот парламент изгласа претседателските избори во Русија да бидат на 17 март 2024 година. Одлуката беше донесена едногласно со 162 гласа во Советот на Федерацијата.
„Со оваа одлука всушност ја започнуваме изборната кампања“, изјави Валентина Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата.
Таа додаде дека за прв пат на изборите ќе гласаат жителите на делови од украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа припоени од Русија.
„Со заеднички избор на претседател на земјата, целосно ја споделуваме одговорноста и судбината на нашата татковина“, рече Матвиенко.
Претседателот Владимир Путин се уште официјално не ја објавил својата намера да се кандидира за нов шестгодишен претседателски мандат.
Право на глас во Русија имаат околу 110 милиони луѓе, но обично 70-80 милиони излегуваат на гласање.