Контакт

Европа

(Видео) Сопругата на портпаролот на Путин крши чинии во Грција

Објавено пред

Татјана Навка (47) – сопругата на Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, објави видео на социјалните мрежи кое наиде на бројни критики, по што го избриша.

dobivaj vesti na viber

Иако е под санкции на Европската Унија, Навка била снимена во Грција на одмор како крши чинии, што е традиционален начин на забава кај нашиот јужен сосед.

Сопругата на Песков го објави видеото на Инстаграм иако оваа социјална мрежа е забранета во Русија, како екстремистички медиум.

По критиките од Европската Унија, Грците рекоа дека Навка не влегла во нивната земја, а подоцна беше откриено дека на еден од грчките острови дошла од турскиот град Ефес, каде што одморала додека била видена на јахта.

Дел од коментарите беа: „Дали вашиот сопруг го снима тоа?“, „Зошто не сте на Крим?“, „Ова е срам за Путин и Русија“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Самит на новата европска политичка заедница во Прага: „Тука нема место за путиновата Русија“

Објавено пред

Земјите на ЕУ и нивните соседи од Британија до Турција се состанаа денеска во Прага за да разговараат за заедничките проблеми поврзани со безбедноста и енергијата – последиците од руската инвазија на Украина, на првиот и симболичен самит на новата политичка платформа, клуб од 44 европски земји, но без Русија.

dobivaj vesti na viber

Собирот во Прага е инаугуративен самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), формат дизајниран од францускиот претседател Емануел Макрон, кој обединува 27 земји од ЕУ и 17 други земји од Европа.

Некои од нив се кандидати или потенцијални кандидати за ЕУ, додека Британија е земја која го напушти блокот.

„Сите собрани овде знаат: рускиот напад врз Украина е брутално нарушување на мирот и безбедносниот поредок што го имавме во Европа во последните децении“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Не прифаќаме дека дел од соседната земја е анкетиран“, додаде тој.

Неговата изјава е слична на онаа на белгискиот премиер Александар Де Кро, како и на првиот дипломат на ЕУ Жозеп Борел.

„Ова е скап начин да се бара нов поредок без Русија. Ова не значи дека сакаме да ја исклучиме Русија засекогаш, но за оваа Русија на претседателот Владимир Путин нема место“, рече Борел.

На состанокот е и британската премиерка Лиз Трус, чија одлука да учествува на самитот на ЕПЦ даде одредена надеж за подобрување на односите меѓу Британија и ЕУ по брегзит, бидејќи двете страни сè уште се во несогласување околу трговските прашања околу Северна Ирска.

Собирот во Прага оние кои го поддржуваат го опишуваат како голем приказ на солидарност на континентот соочен со неколку кризи.

Но, без разлика на убавите зборови, другите се сомневаат во конкретните цели и постапки на ЕПС.

Летонскиот премиер Крисјанис Каринс рече дека не се очекуваат одлуки на тој симболичен собир, кој ЕУ го замисли само како „почетна размена“ на мислења.

Ден потоа, в петок, ќе има неформална средба на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ на која ќе се разговара и за војната во Украина, енергетската криза и економската ситуација во ЕУ.

Состаноците се одржуваат во Прага бидејќи Чешка претседава со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Путин знае дека нема да остане жив ако има руски нуклеарен напад

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е тешко да се каже дали ризикот од руска употреба на нуклеарно оружје е зголемен по последните успеси на украинската војска, но дека останува убеден оти рускиот претседател Владимир Путин нема да преживее ваква ескалација на непријателства.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи со претставници на меѓународниот истражувачки центар од Сиднеј, Зеленски преку видеоврска рече дека на Русите им е „тешко да контролираат сè што се случува во нивната земја, исто како што не контролираат сè што имаат на бојното поле“.

Зеленски исто така рече дека Путин разбира оти „светот никогаш нема да го прости“ рускиот нуклеарен напад.

„Тој разбира дека по употребата на нуклеарно оружје, повеќе нема да може да си го спасува животот, убеден сум во тоа“, рече Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Нобеловата награда за литература ja доби Французинката Ани Ерно

Објавено пред

Французинката Ани Ерно е добитничка на Нобеловата награда за литература, соопшти Шведската кралска академија.

dobivaj vesti na viber

Наградата ѝ припадна, како што објавија, „за храброста и клиничката прецизност со која ги разоткрива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија“.

Минатата година Нобеловата награда за литература му припадна на писателот од Танзанија Абдулразак Гурна, објави Шведската академија.

Нобеловата награда за литература се доделува од 1901 година на оние што, според Алфред Нобел, го создале најдоброто дело во идеална насока во областа на литературата.

Победникот добива медал, диплома и паричен износ од еден милион круни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Зеленски: Мора да се добие војната за да не можат руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од европските лидери уште оружје за да ги спречи руските тенкови да стигнат до Варшава...

Економија5 часа

Владата ја ограничи маржата на млечните производи

На предлог на Министерството за економија, Владата ја замрзна маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано...

Македонија5 часа

МНР повика на зрело и достоинствено однесување по најавените протести поради бугарскиот клуб во Охрид

По повод најавеното отворање на бугарскиот културен клуб во Охрид, како и повикот за протест, Министерството за надворешни работи упати...

Македонија6 часа

Ковачевски-Мицотакис: Заедничките стратешки проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, во Прага. Ова е втора средба која...

Македонија7 часа

(Видео) Ковачевски во Прага: Солидарноста е неопходна за да се надмине енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски во Прага, во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена...

Македонија7 часа

Маричиќ: Помалку емоции, а повеќе факти во градењето на добрососедските односи

На денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан...

Регион8 часа

(Видео) Вучиќ: Загреб нема да ја води политиката на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Прага изјави дека Хрватска сама се пофалила дека е одговорна за тоа што Западен Балкан...

Македонија10 часа

Премиерот Ковачевски официјално пречекан од чешкиот премиер Фијала во Прага

Со официјален пречек на шефовите на држави од страна на премиерот на Чешка, Петр Фијала, почнува првиот состанок на Европската...

Македонија11 час

Мицкоски повика на масовен протест поради отворањето на бугарскиот културен клуб во Охрид

На 7 октомври во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен клуб во Македонија, а ќе го носи името „Цар...

Регион11 час

Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да...

Свет11 час

Сируп против кашлица причина за смрт на над 60 деца во Африка, СЗО апелира на претпазливост

Индија чека докази од Светската здравствена организација за поврзаноста помеѓу индискиот сируп за кашлица и смртта на десетици деца во...

Свет11 час

Познат мотивот за масакрот на Тајланд: убиецот дошол да си го земе детето, а збеснал кога дознал дека го нема

Полицијата спроведува опсежна истрага за масакрот што се случи денеска во градинка во североисточниот дел на Тајланд. Во нападот на...

Европа13 часа

(Видео) Мајки врескаат, се бројат жртви, се појавија снимки од пред градинката на Тајланд

На социјалните мрежи се појавија првите видеа од пред градинка на Тајланд, каде што имало масовно пукање. Според последните податоци,...

Европа14 часа

Премиерот на Чешка: Целта на самитот во Прага е само пробен договор за безбедност, енергија и клима

Премиерот на Чешка, кој претседава со Европската Унија, Петр Фијала, го најави денешниот прв самит на 44 шефови на држави...

Свет15 часа

Северна Кореја лансира балистички ракети, шести пат за помалку од две недели

Северна Кореја лансира две нови балистички ракети, шести пат за помалку од две недели, јавуваат агенциите во светот. Пјонгјанг објави...

Свет15 часа

Мексико: Вооружени напаѓачи убиле 17 лица, меѓу нив и градоначалник

Вооружени напаѓачи го убиле градоначалникот, татко му и уште 16 лица во државата Гереро во јужниот дел на Мексико, соопштија...

Европа15 часа

Претседателот на Австрија: „Путин ме измами“

Претседателот на Австрија, кој се кандидира за нов мандат, Александар ван дер Белен, вели дека било грешка да не се...

Европа1 ден

Шолц: Имаме проблем со работната сила, потребна е функционална миграциска политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал...

Европа1 ден

Земан: Ризикот од нуклеарен конфликт е висок, верувам во силен воен одговор

Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска во...

Економија1 ден

Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет

Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот...