Свет
(Видео) Спасен фудбалерот на „Ница“, кој сакаше да скокне од мост поради девојка
Големата драма во Ница беше решена со позитивен исход откако фудбалерот Алексис Бека Бека беше тргнат од мостот „Манјан“, од каде што се закани дека ќе скокне во бездна.
Според информациите од Франција, Бека бил разочаран поради раскинувањето со својата девојка, но спасувачите успеале да го тргнат од мостот и сега е безбеден.
Бездната е длабока повеќе од 100 метри.
🚨🚨🚨 Alexis Beka Beka has been safely taken by emergency services and is now out of danger. Video was taken around 20 minutes ago.
Our thoughts are with him and his loved ones during this time. This underscores the urgent need for mental health awareness and resources in our… pic.twitter.com/xA1Bur7ws2
— Alaa Jaballi (@AlaaJaballi) September 29, 2023
22-годишниот Французин пристигна во клубот од „Локомотив Москва“ во летото 2022. Играчот, кој настапуваше и за Кан во втората француска лига, минатата сезона главно доаѓаше од клупата за резерви.
ФК „Ница“ испратил и психолог да му помогне на фудбалерот, а многу играчи се обиделе да стапат во контакт со девојката на Бека Бека, која исто така сакала да помогне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Латвискиот министер за одбрана поднесе оставка откако украински дронови ненамерно погодиле складишта со нафта во Латвија
Латвискиот министер за одбрана, Андрис Спрудс, денеска поднесе оставка, откако во четвртокот два украински дрона долетале од Русија и погодиле складишта на нафта.
Претходно, латвиската премиерка, Евика Силина, побара негово разрешување, велејќи дека противдронските системи не биле распоредени доволно брзо.
За нов министер за одбрана е именуван полковникот на латвиската армија Раивис Мелнис.
Латвија и Литванија во четврток ја повикаа НАТО да ја зајакне противвоздушната одбрана во нивниот регион откако два дрона ја преминале руската граница и погодиле складиште на нафта во Латвија.
Украина разгледува испраќање експерти
Украинскиот министер за одбрана, Андриј Сибиха, потврди дека дроновите биле украински. Тој нагласи дека дроновите влегле во Латвија поради „руско електронско војување кое намерно ги пренасочило украинските дронови од нивните цели во Русија“.
Во одговор на инцидентот, Украина разгледува испраќање експерти кои би помогнале во зајакнување на воздушната безбедност над балтичките држави.
Свет
Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена, мора да се отстрани збогатениот ураниум
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран сè уште не е завршена, бидејќи земјата и натаму поседува збогатен ураниум кој „мора да се отстрани“, како и други воени капацитети кои треба да бидат неутрализирани.
„Мислам дека војната постигна многу, но не е завршена, бидејќи Иран сè уште има нуклеарен материјал, збогатен ураниум кој мора да се извезе од Иран“, рече Нетанјаху во интервју за емисијата „60 Минутии“ на телевизијата ЦБС.
Тој додаде дека Иран има и постројки за збогатување ураниум, балистички ракети и поддржува сојузници кои треба да бидат контролирани. Нетанјаху не прецизираше дали се мисли само на високoзбогатениот ураниум кој може да се користи за нуклеарно оружје или на сите залихи на збогатен ураниум во земјата.
На прашањето како би можел да се отстрани овој материјал, премиерот одговори: „Влегувате и го земате.“
Тој наговести дека отстранувањето на ураниумот би можело да се изведе и со договор со Техеран и без него, со поддршка од САД, но не сакаше да открива детали за воени планови или временски рокови.
„Не давам никакви временски рокови, но ова е исклучително важна мисија“, заклучи Нетанјаху.
Свет
СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од крузерот каде изби епидемија на хантавирус
Првите патници од крузерот „MV Hondius“, погоден од епидемија на хантавирус, денеска беа евакуирани од Тенерифе со специјални чартер-летови кон нивните матични земји, каде ги очекуваат строги карантински мерки.
Шпанија
Првите 14 шпански државјани беа евакуирани со владин авион во Мадрид, каде ќе бидат сместени во воената болница „Гомез Уља“.
Шпанските власти најавија задолжителен карантин и повеќекратни PCR тестирања. Патниците ќе бидат сместени во посебни соби без посети.
Франција
Пет француски патници беа префрлени со специјален медицински лет во близина на Париз.
Францускиот премиер Себастијан Лекорни соопшти дека еден патник развил симптоми на хантавирус за време на летот, по што сите петмина биле ставени во строга изолација.
Тие ќе поминат 72 часа под болнички надзор, а потоа следува домашна изолација од 45 дена под контрола на здравствените власти.
Велика Британија
Британските патници ќе бидат префрлени во болницата „Ароу Парк“ во Вирал, каде ќе поминат до 72 часа во изолација.
Потоа лекарите ќе проценат дали можат да продолжат домашен карантин. Британските власти препорачаа изолација до 42 дена од последната можна изложеност на вирусот.
САД
17 американски патници ќе бидат префрлени во Националниот карантински центар при Медицинскиот универзитет во Небраска.
Американските власти соопштија дека никој од нив засега нема симптоми, но ќе бидат под секојдневен медицински надзор во наредните 42 дена.
СЗО: Ризикот за населението е низок
Светска здравствена организација препорача 42-дневен карантин за сите патници од крузерот од моментот на нивната последна можна изложеност на вирусот. Од СЗО соопштија дека ризикот за пошироката јавност останува низок. Генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус, кој лично ја следи операцијата во Тенерифе, изјави дека ситуацијата е под контрола и дека вирусот тешко се пренесува меѓу луѓе.
Епидемијата поврзана со депонија во Аргентина
Во епидемијата на бродот досега починаа три лица.
