Свет
(Видео) Стотици цистерни горат на границата меѓу Авганистан и Иран, уништени 400 камиони

Стотици цистерни со бензин се уништени во голем пожар на границата меѓу Авганистан и Иран, соопштија властите.
Седумнаесет лица, од кои еден во критична состојба, се префрлени во регионална болница во близина на пограничниот град Ислам Кала во авганистанската провинција Херат, соопштија полициските и здравствените власти.
Вкупниот број на жртви сè уште не е познат, со оглед дека службите за итни случаи мора да бидат на безбедно растојание од страв од нова експлозија.
Претставник на граничната полиција за новинската агенција ДПА изјави дека цистерна експлодирала од засега непознати причини и предизвикала верижна реакција. Пожарот уништил околу 400 камиони.
Експлозија, пламен и голем облак од црн чад се гледаат на сликите од местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Протести и контрапротести во Виена поради новите мерки

Виена повторно преплавена со демонстранти незадоволни од мерките против ширењето на коронавирусот. Центарот на австриската престолнина е блокиран.
Една група демонстранти се противи на новите ограничувања на владата, додека група контра-демонстранти ги поддржува мерките што стапија на сила на 12 февруари.
Минатиот месец, австриските власти отворија училишта, фризерски салони и музеи, додека забавните содржини останаа затворени поради големиот број на инфекции.
Во изминатите неколку недели илјадници луѓе излегоа на улиците во Виена во знак на протест против затворањето.
Свет
Бајден и Лајен: Западен Балкан е прашање од заеднички интерес

Американскиот претседател, Џо Бајден и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се договорија да координираат за прашања од заеднички интерес. Меѓу нив е и Западен Балкан.
Во телефонскиот разговор со фон дер Лајан, Бајден истакна дека ја поддржува Европската унија и е посветен на подобрување и заживување на партнерството меѓу САД и ЕУ, се вели во соопштението на Белата куќа, додавајќи дека лидерите се согласиле да ги суспендираат тарифите поврзани со спорови во Светската трговска организација и да работат на нивно решавање, пренесува „Гласот на Америка“.
„ Лидерите разговараа за важноста на тесната соработка меѓу САД и ЕУ во справувањето со пандемијата на Ковид-19 и зајакнување на глобалната здравствена безбедност, постигнување одржливо глобално економско закрепнување, справување со климатските промени и зајакнување на демократијата. Тие, исто така, се согласија да координираат за прашања од заеднички интерес, меѓу кои се Кина, Русија, Белорусија, Украина и Западен Балкан“, се заклучува во соопштението.
Од стапувањето на должноста Бајден најави обновување на односите со европските партнери и враќање на мултилатералната дипломатија.
Во неодамнешното интервју за „Гласот на Америка“, заменик помошникот државен секретар на САД, за европски и евроазиски прашања, Моли Монтгомери, рече дека САД се посветени на соработката со Европската унија, особено кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Свет
Крадец украл статуа од Исус од црква и потоа лично му ја вратил на свештеникот

Крадец кој украл вредна статуа на Исус од црква во германскиот град Мехнеси, се вратил неколку дена подоцна за да му го предаде лично украдениот предмет на еден свештеник.
„Тој се приближи и ја извади статуата од јакната“, рече свештеникот Луџер Ајлебрехт.
За време на разговорот што следел, крадецот му рекол на свештеникот дека ја украл статуата затоа што сакал лично да му ги објасни своите проблеми на Исус.
„Фала му на Бога, статуата е безбедна и неоштетена. Целата парохија е среќна што ја врати. Таа е повторно на место”, рече свештеникот.
Иако Ајлебрехт не можел да обезбеди информации за вредноста на статуата, тој вели дека нејзината вредност за заедницата е непроценлива.
Статуата на Исус исчезна од црквата Свети Панкрас стара 300 години. Свештеникот вети дека ако крадецот ја врати нема да биде казнет.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“