Контакт

Свет

(Видео) Судир меѓу полицијата и студентите на протестите во Иран

Објавено пред

Иранската полиција во неделата се судри со студентите на еден од најпрестижните универзитети во земјата, објавија социјалните мрежи и државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Извештаите велат дека голем број студенти на Универзитетот „Шариф“ во Техеран биле заробени на паркингот во кампусот, објави Би-би-си.

На едно видео објавено на социјалните мрежи се гледа како студенти бегаат од безбедносните сили во кампусот на Универзитетот „Шариф“, а во далечината се слушаат звуци што потсетуваат на истрели, пренесува медиумот.

Телевизискиот канал „Иран интернешнл“ објави дека безбедносните сили нападнале студентски домови и отвориле оган.

Според извештаите, голем број луѓе се собрале пред главната капија на кампусот доцна вечерта кога слушнале за судирите.

Би-би-си јавува дека не е во можност да потврди што всушност се случило на универзитетот.

Антивладините протести избувнаа во Иран во септември по смртта на жената, која беше приведена од полицијата за морал.

Махса Амини (22) падна во кома неколку часа по апсењето од полицијата за морал поради наводно кршење на правилата за носење хиџаб.

Протестите почнаа по нејзиниот погреб, се проширија во целата земја и станаа најголемите немири видени во земјата во последните години, јавува Би-би-си.

Свет

Борбен авион МиГ-31 се урна во Русија

Објавено пред

Воен авион МиГ-31 се урна во Приморски крај во југоисточна Русија.

dobivaj vesti na viber

Пилотите се катапултирале, соопштија од итните служби, пренесува ТАСС.

Според првичните податоци, нема жртви во падот на леталото.

Информацијата ја потврди прес-службата на Источниот воен округ.

Како што е прецизирано, авионот се урнал за време на планираниот тренинг лет.

– Летот беше изведен без борбен комплет. Авионот паднал на ненаселено место, на земја не е причинета материјална штета. Според првичните информации, несреќата можела да биде предизвикана од технички дефект – се наведува во соопштението.

На местото на настанот се испратени спасувачки хеликоптери Ми-8,пренесе Новости.рс.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени злосторства“ во Украина, се вели во изјавата на двајцата лидери објавена по состанокот во Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Водачите ја повторија „својата цврста решеност дека Русија треба да одговара за широко документираните злосторства и воени злосторства извршени и од нејзините редовни воени сили и од нејзините полномошници, вклучително и платеници“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Макрон во вторникот пристигна во Вашингтон во својата втора државна посета на САД од преземањето на функцијата во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во скоро време

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да разговара со него доколку покаже интерес за завршување на војната во Украина и само по консултација со сојузниците во НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Немам непосредни планови да разговарам со Путин“, рече Бајден за време на заедничката конференција во Белата куќа со францускиот колега Емануел Макрон, пренесе Ројтерс.

Бајден, сепак, додаде дека е „подготвен да разговара со Путин доколку тој има интерес да најде начин да стави крај на војната“, пренесе Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија44 минути

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ55 минути

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија1 час

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот...

Свет1 час

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет1 час

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во скоро време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет1 час

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин. “Руската...

Македонија18 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија19 часа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија19 часа

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија20 часа

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија20 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа21 час

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет24 часа

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет1 ден

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет1 ден

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...

Свет1 ден

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша. „Не. Мислам дека на Русија не...

Свет1 ден

Џјинпинг: Кина ги продолжува координацијата и комуникацијата со Европската Унија

Кина ќе продолжи да ги зајакнува комуникацијата и координацијата со Европската Унија, изјави денеска кинескиот претседател на средбата во Пекинг...

Свет1 ден

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Според полицијата, во средата во 11.12 часот...

Македонија1 ден

Маричиќ во Брисел, почнува билатералниот скрининг за „Правосудство и фундаментални права“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го...