Свет
(Видео) Тајван ја претстави својата прва домашна подморница

Тајван ја претстави својата прва подморница од домашно производство, што е голем чекор во повеќегодишниот проект, чија цел е зајакнување на одбраната на островот и одвраќање на кинеската морнарица. Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина територија, ја направи програмата за домородните подморници клучен дел од амбициозниот проект за модернизација на своите вооружени сили додека Пекинг спроведува речиси секојдневни воени вежби за да го потврди својот суверенитет.
BREAKING:
Finally a first look at Taiwan’s Indigenous Defense Submarine. pic.twitter.com/tMaIPl4Pl3— Jaime Ocon 歐海美 (@JaimeOcon1) September 28, 2023
Претседателката Цаи Инг-вен, која го почна проектот кога ја презеде функцијата во 2016 година, ја покажа првата од осумте нови подморници во четвртокот во јужниот град Каосиунг.
„Порано, домашно развиената подморница се сметаше за невозможна задача. Но, денес, пред нашите очи е подморница дизајнирана и произведена од граѓаните на нашата земја“, рече Цаи додавајќи дека ќе игра важна улога во зајакнувањето на способностите на морнарицата за асиметрично војување.
„Дури и да има ризици и без разлика колку предизвици има, Тајван мора да го преземе овој чекор и да дозволи националната одбранбена политика да расте и да процвета“, рече Цаи.
Програмата се базира на експертиза и технологија од неколку земји, што претставува пробив за дипломатски изолираниот Тајван.
Тајван се надева дека ќе испорача најмалку две вакви домашни подморници до 2027 година и евентуално ќе ги опреми подоцнежните модели со проектили, изјави шефот на програмата овој месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Замбија се надева дека заробените рудари се уште се живи

Претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема изјави дека се надева дека најмалку 25 рудари заробени пред четири дена од лизгање на земјиштето во отворен рудник за бакар се уште се живи, додека операцијата за спасување продолжува.
Рударите во рудникот Шесели во Чингола, на околу 400 километри северозападно од Лусака, останаа заробени на три локации откако обилните дождови ја поплавија јамата, соопшти владата.
Рудникот претходно беше во сопственост на рудниците за бакар Конкола на Веданта (KCM), но сега е во рацете на локална компанија која допрва треба да започне со рударство во очекување на безбедносни и еколошки одобренија, пренесува Ројтерс.
Свет
Путин утре патува надвор од Русија, ќе биде отсутен само 24 часа

Рускиот претседател Владимир Путин планира утре да ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, изјави неговиот портпарол, без да ги потврди гласините за можна посета на климатската конференција COP28 во Дубаи.
Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција „Интерфакс“.
Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи, но секако ќе се разговара и за натамошната координација на пазарот на нафта, додаде Песков.
Свет
Автобус во Германија удрил во плуг за чистење снег и излетал од патот, едно дете загина

Десетгодишен ученик загина, а 13 лица се повредени, од кои неколку потешко, во сообраќајна незгода во Саксонија во близина на границата со Чешка, кога автобусот излета од патот.
Како што информираа од полицијата во Сехматал на Ерзгебирге на истокот на Германија, до несреќата дошло кога автобус со ученици удрил во плуг за снег, по што возачот на автобусот изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што удрил во дрво.
На лице место загина 10-годишен ученик, а 13 лица се повредени. Возачот на автобусот и еден човек се тешко повредени. На децата од автобусот покрај лекарска помош им била укажана и психолошка помош. Според полицијата, патот по кој се движел автобусот е делумно покриен со мраз.
Јужните и југоисточните делови на Германија веќе неколку дена се зафатени од екстремни зимски услови со ниски температури и обилни снежни врнежи. Поради снегот и мразот, отежнат е железничкиот и авиосообраќајот, а аеродромот во Минхен привремено ги прекина сите летови поради замрзнатиот дожд.