Свет
(Видео) Тајфун го опустоши Тајван, двајца загинати и 580 повредени
Поминувањето на тајфунот Конг-реи над Тајван предизвика најмалку двајца загинати и повредени 580 лица, соопшти Централниот оперативен центар за вонредни состојби.
🇹🇼Typhoon Kong-Rey Makes Landfall In Taiwan!
The category 3 typhoon has just made landfall tonight in Asia starting with Taiwan. Reports say at least one killed.
Luckily the island was prepared and the streets were deserted. Nearly 35,000 soldiers were mobilized in advance to… https://t.co/EfWGqjFksh pic.twitter.com/cYXuRH8Dxg
— Nathan Cervera (@nathan_cervera) October 31, 2024
Невремето вчера мина над Тајван носејќи силен ветер и силен дожд на островот. Денеска беше укинато предупредувањето за тајфун, но беше пријавен уште еден смртен случај.
Incredible satellite imagery as the enormous eye of Typhoon #Kongrey bears down on Taiwan.
Winds are currently 215 km/h. Landfall is forecast near Taitung in the next few hours. pic.twitter.com/uAY7KV5WyD
— Zoom Earth (@zoom_earth) October 31, 2024
Во Тајпеј вчера доцна, поради силниот ветер, дрво падна на улица, при што здроби и усмрти 48-годишен мотоциклист. Вкупно 580 луѓе во островот се повредени во несреќи поврзани со тајфунот, според Центарот за вонредни состојби.
❗️🌀🇹🇼 – Typhoon Kong-rey, the biggest to hit Taiwan in almost 30 years, made landfall on the island’s east coast, closing financial markets, schools and businesses.
With winds of more than 250 km/h and intense rain, almost 500,000 homes were left without electricity.… pic.twitter.com/WTFFAgnZzd
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) October 31, 2024
Центарот извести за повеќе од 9.993 пријавени инциденти, како што се соборени дрвја, кал и оштетувања на патиштата, на островот. Како што помина невремето, 11.588 луѓе беа евакуирани во разни градови и окрузи, соопштија властите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Околу 50 уапсени за време на пожарите во близина на Лос Анџелес
Речиси 50 лица се уапсени под обвинение за грабежи, попречување на гаснење пожари и вандализам за време на пожарите во предградијата на Лос Анџелес, Итон и Палисадес, а има и апсења поврзани со инцидентот со дронот, соопшти денеска полицијата во Лос Анџелес.
Полициската управа во Лос Анџелес изврши 14 апсења во градот, изјави помошник началникот Доминик Чои, пренесе Си-Ен-Ен.
„Три апсења беа за полициски час, едно за претставување пожарникар, едно за поседување алат за кражба, четири за кражба, едно за возење под дејство на алкохол, едно за вандализам и три за кражба во продавница“, рече тој.
Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес изврши 34 апсења, според шерифот Роберт Луна, вклучително и четири во пожарната област Палисадес во текот на ноќта.
Свет
Републиканците во Претставничкиот дом подготвија закон за купување на Гренланд
Републиканските пратеници во Претставничкиот дом на САД се обидуваат да добијат поддршка за нацрт-законот со кој се овластуваат разговори за купување на Гренланд, се вели во нацрт-законот „Направи го Гренланд повторно голем“, чии копии беа дистрибуирани денеска.
Ова го потврдија канцелариите на републиканските конгресмени Енди Оглс и Дијана Харшбаргер, пренесе Ројтерс.
Доколку биде усвоен, законот ќе му овозможи на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стапи во преговори со Данска почнувајќи од 20 јануари, кога ќе ја преземе функцијата претседател на САД.
Свет
Четиригодишно момче пронајдено мртво во Романија, на телото имало траги од каснување
Малиот Јанис (4) од Крајова, Романија исчезна во неделата, а неговото безживотно тело беше пронајдено неколку часа подоцна. На неговото тело имало траги од каснување, поради што соседите вината за неговата смрт ја лоцираат во глутница кучиња кои се собирале во околината.
Исчезнувањето на Јанис го пријавила неговата баба во Крајова. Надзорната камера го снимила пред куќата како оди на тротинет.
Неколку часа подоцна, момчето било пронајдено мртво во блиската нива. На безживотното тело на детето биле пронајдени траги од каснување, а преплашените соседи ги обвиниле глутниците кучиња кои се насобрале во околината.
Полицијата во Крајова отвори истрага откако четиригодишно момче беше пронајдено мртво, недалеку од неговата куќа. Локалните жители и властите го барале момчето неколку часа откако неговата баба го пријавила како исчезнато. На телото на детето има траги од каснувања од животни, а обдукцијата потврдила дека смртта настанала како последица на трауматски и хеморагичен шок, последици од каснувања, повреди кои можеле да настанат како последица на агресија на животните“.
Момчето кое го чувала само неговата баба, вчера попладне си играло со други деца на улица. Инаку, на снимката од надзорните камери се гледа како четиригодишно момче седи на тротинет и заминува пред куќата.
Меѓутоа, во еден момент бабата забележала дека нејзиниот внук исчезнал пред куќата. По неколкучасовно чекање да се врати, таа ги известила надлежните, а во околината веднаш бил издаден RO-Alert со опис на детето.
„Го најдовме изеден од кучиња, на глава, на грб, мртов, во тој крај“, вели мештанинот.
Полицијата соопшти дека момчето било пронајдено мртво на празно поле, на околу 700-800 метри од куќата.
„Разговаравме со сите соседи и со сите што го видоа во последните моменти од неговиот живот“, рече Адријан Капрару, главен комесар.
Проблемот со кучињата скитници наводно го пријавиле повеќе лица, но тој не е решен.
„Овде, на овој крај, се собраа сите кучиња во Крајова, веќе немаме храброст да одиме во парк, никаде, поради кучињата, толку многу кучиња се собраа на овој крај“, вели револтиран сосед.
Надлежните се уште водат истрага за да откријат како точно се случила трагедијата, според медиумите во регионот.