Свет
(Видео) Тинејџер во САД загина од залутан куршум – го погодил во глава додека во соба си играл на својот Ајпад

Заскитан куршум во петокот погодил 13-годишно момче во Алабама, додека си играло на својот Ај Пад во детската соба.
Како што пренесуваат медиумите, куршумот поминал низ прозорецот и го погодил во главата.
Полицијата пристигнала на местото на настанот околу 18:20 часот. Полицајците пронашле многу чаури пред куќата на момчето, па морале да ги користат нивните визит-картички за привремено да ја обележат областа каде што се наоѓале индивидуалните докази, пишува Си -Ен -Ен.
Брент Бленкли, началник на полициската станица во Тускалуса, рече дека станува збор за „бесмислено убиство“.
Марти Селерс од полициската станица Тускалуса изјави за WBRC дека станува збор за намерно извршено пукање, но дека тинејџерот најверојатно не бил цел на напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Србија мистериозно исчезна во Грција: семејството го збунува последниот сигнал од мобилниот телефон

Радован Јурачиќ (44) од Србија исчезна минатиот понеделник во Грција кога наводно се качил на патнички брод, кој од Пиреја одел кон островот Кос, по што му се губи секаква трага. Потрагата по него трае цели седум дена, а сѐ уште нема информации каде се наоѓа и што се случило кобниот ден.
Радован Јурачиќ од Кикинда, татко на две деца, отишол на грчкиот остров Кос кај својот кум со намера да се договори за сезонска работа и да заработи во текот на летото.
Минатиот понеделник околу 18 часот се качи на траектот во Атина. Два часа подоцна, околу 20 часот, разговарал со сопругата Драгана, на која ѝ кажал дека се качува на траектот за Кос.
Неговата сопруга Драгана Јурачиќ претходно за „Нова.рс“ истакна дека повикот бил прекинат бидејќи врската била лоша и дека нејзиниот сопруг оттогаш не се јавил.
„Му се јавив во вторникот околу 7 часот, но тој не ми одговори, а некаде околу 12 часот телефонот се исклучи и веќе нема сигнал. Последен пат беше лоциран на Родос“, рекла тогаш таа.
Семејството и голем број пријатели на исчезнатиот Радован постојано апелираат до сите лица, доколку имаат информации за него, веднаш да пријават.
Посебен акцент е ставен на островите Патмос, Лерос, Калимнос, Кос и Родос, тоа се островите на кои се закотвувал бродот со кој патувал Радован.
Неговите пријатели не знаат што можело да тргне наопаку или што се случило кобниот ден.
„Сѐ оди многу бавно, иако секоја минута е многу важна. Не знаеме што се случило и само сакаме да го најдеме”, рекол познајник на семејството.
Според досегашните информации, семејството на исчезнатиот Радован е во контакт со српската амбасада во Атина.
„Им беше кажано дека сѐ уште не ги одобриле сите барања од бродските компании за преглед на камерите и телефонските записи“, соопштија од групата на која беа објавени првите информации за исчезнувањето на Радован.
Регион
Длабока загриженост за ситуацијата во Косово има кај специјалниот претставник на ЕУ

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека е длабоко загрижен за ситуацијата на северот од Косово и повторно повика на смиреност, предвремени избори и враќање на дијалогот меѓу двете страни.
Лајчак синоќа заедно со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, разговараше со косовскиот премиер Аљбин Курти и со првиот вицепремиер, Бесник Бисљими.
„Ние сме длабоко загрижени за ситуацијата на северот и повикуваме на итна деескалација на теренот, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација на односите“, напиша Лајчак на „Твитер“.
На средбата со европските и американските емисари Курти изразил безрезервна подготвеност и непоколеблива добра волја за интензивен и заеднички ангажман за деескалација на ситуацијата и нормализација на односите, соопшти претходно денеска косовската влада.
Како што се наведува во соопштението на владата на Косово, на средбата биле разменети мислења за состојбите и последните случувања, идеи за деескалација на северот и итноста од спроведување на основниот договор и на анексот за имплементација.
Лајчак и Ескобар на косовскиот премиер му претставија предлог од три точки за излез од кризата на северот од Косово, првата е деескалација на ситуацијата, втората е брзи избори на север и третата е враќање на дијалогот за нормализација.
Европа
(Видео) Времето истекува, а паниката никогаш поголема: Русите и Украинците имаат неколку часа за евакуација

Браната „Каховка“ на реката Днепар, која се наоѓа на југот на Украина во близина на градот Херсон, е уништена рано утринава, а водата неконтролирано се излева во околните места.
Украина прво објави дека Русите, кои ја контролираат областа Нова Каховка, каде што се наоѓа уништената брана, самите ја минирале областа и довеле до катастрофа.
Руските власти првично негираа дека браната е гранатирана, а потоа за истото ја обвинија Украина.
BREAKING: Video shows the Kakhovka hydro-electric dam in southern Ukraine has been destroyed pic.twitter.com/DePGbQUHRD
— BNO News (@BNONews) June 6, 2023
Додека стигнуваат меѓусебни обвинувања, десетици илјади луѓе се изложени на ризик поради излевањето на водата што веќе достигна ниво од десет метри и се заканува да поплави делови од самиот Херсон.
Локалните власти се во трка со времето, пренесуваат медиумите.
#Russia blew up the dams of the #Kakhovka hydroelectric power plant. The purpose is obvious: to create insurmountable obstacles on the way of the advancing #AFU; to intercept the information initiative; to slow down the fair final of the war. On a vast territory, all life will be… pic.twitter.com/rFpkDbjyhj
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) June 6, 2023
Хидроцентралата Нова Каховка во Украина, која е под контрола на руските сили, сега е целосно уништена поради минирањето на браната Каховка, а некои украински власти објавија драматични снимки од областа.
Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, го објави најновото видео од реката Днепар каде се наоѓала браната Каховка. Тоа покажува како нивото на водата забрзано се зголемува и како хидроцентралата Нова Каховка е целосно потопена од надојдената вода на реката Днепар.