Контакт

Вести

(Видео) Торнадо ја погоди Ајова, опустошени се неколку градови

Објавено пред

торнадо, Ајова, невреме, САД

Најмалку 17 лица се повредени во торнадата што ја погодија сојузната американска држава Ајова. На социјалните мрежи се објавени застрашувачки видеа од торнадата кои ги опустошија градовите Маршалтаун, Пела и Бондурант. Во Маршалтаун се повредени 10, а во Пела 7 луѓе.

Најстрашно било во Маршалтаун, град со 27 000 жители, каде има откорнати покриви, а урната е и купола на зградата на судот. Оштетена е и локалната болница.

Метеоролозите соопштија дека торнадата се формирале одеднаш и дека ги изненадиле. „Утрото не изгледаше дека се можни огромни торнада. Во најлош случај очекувавме невреме со град“, рекол Алекс Крал од Државниот метеоролошки завод.

Вести

Папата за изградбата на ѕидот меѓу САД и Мексико: Стравот нè прави луди

Објавено пред

Папата Франциск оценува дека стравот од миграцијата нè прави луди.

Папата на почетокот на својата турнеја низ Централна Америка  беше прашан од  новинарите што мисли за предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за изградбата на ѕидот на границата со Мексико, објави АП.

Папата Францис, целиот свој мандат е посветен на грижата за ситуацијата со мигрантите и бегалците.

Прикажи повеќе...

Вести

„Еуростат“: Една четвртина од големите европски компании користат роботи

Објавено пред

Последниот извештајот на „Еуростат“ покажува дека една четвртина од големите компании во Европа, кои вработуваат 250 или повеќе лица, користат роботи во нивниот бизнис.

Ист беше случајот и со средните претпријатија кои вработуваат помеѓу 50 и 249 лица, односно нивниот процент изнесуваше 12 отсто. Додека, само пет отсто од малите бизниси, кои вработуваат од десет до 49 лица, користат роботика во својот бизнис.

Роботи најмногу се користат во компании во Шпанија или 11 проценти, потоа следуваат Данска и Финска, со учество од 10 отсто, и Италија – 9 отсто. Најмалиот процент од еден отсто е регистриран во Кипар.

Прикажи повеќе...

Вести

Салвини ги повика Французите да не гласаат за Макрон на следните избори

Објавено пред

Се надевам дека францускиот народ нема да ја избере партијата на претседателот Емануел Макрон на европските парламентарни избори во мај оваа година, изјави италијанскиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, предизвикувајќи уште поголеми тензии на релација Рим – Париз.

Односите меѓу Италија и Франција, кои генерално се блиски соработници, се влошија откако во Италија минатата година беше формирана коалициска влада од крајно десничарската партија Лига и движењето „Пет ѕвезди“, пренесува „Ројтерс“.

„Макрон можеби повеќе нема да биде наш соговорник”, изјави Салвини во интервјуто на РАИ.

„Неговата поддршка е помала од 20 отсто. Се надевам дека францускиот народ наскоро ќе направи поинаков избор”, рече тој, мислејќи на изборите во мај.

Франција во понеделникот го повика на разговор италијанскиот амбасадор, откако заменик-премиерот Луиџи ди Мајо го обвини Париз за создавање сиромаштија во Африка и масовна миграција во Европа.

Салвини вчера изјави дека Франција не е заинтересирана за стабилизирање на ситуацијата во Либија, бидејќи таму француските енергетски интереси се во конфликт со интересите на Италија.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи9 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија10 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања12 часа

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија12 часа

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија13 часа

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет13 часа

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија13 часа

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Македонија13 часа

Зоран Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те...

Регион14 часа

Во Грција почна расправата за ратификација на преспанскиот договор

Грчкиот парламент ја почна расправата за ратификувањето на преспанскиот одговор, а гласањето сепак ќе се случува в петок, пишува грчката...

Свет15 часа

(Видео) Петгодишни девојчиња на минус 45 степени избегале од градинка во Сибир

Две девојчиња на возраст од пет години избегале од градинка во рускиот град Јакутск во Сибир, при што се здобиле...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион15 часа

Бугарија става крај на продажбата на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија,...

Вести16 часа

(Видео) Москва: Патникот кој се обиде да киднапира руски авион бил под дејство на алкохол

Рускиот истражен комитет објави дека патникот осомничен за киднапирање на патничкиот авион на „Аерофлота”, немал никаков вид експлозив или оружје...

Свет16 часа

Конгресот му забрани на Трамп да излезе од НАТО

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на НАТО, со кој му се забранува на американскиот претседател, Доналд...

Регион16 часа

Косовскиот суд осуди повеќе лица за тероризам во Сирија

Судот во Приштина осуди едно лице на пет години затвор поради учество во терористички групи во Сирија. Од судот соопштија...

Свет16 часа

Американските сенатори Меконел и Шумер ќе гласаат за граничниот ѕид

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, закажа гласање во четврток за целосно финансирање на пограничниот ѕид што го бара...

Свет17 часа

Мадуро: Венецуела ќе ги преиспита односите со САД и ќе преземе политички мерки

Каракас ќе ја преиспита својата врска со САД откако американскиот потпретседател, Мајк Пенс, изрази поддршка за идејата на опозицискиот водач...

Свет18 часа

Еврејска група тужи бразилски карикатурист поради карикатура на Нетанјаху и Болсонаро

Еврејската заедница во Бразил го тужи славниот политички карикатурист Ароира за антисемитизам поради карикатура што ги прикажува бразилскиот претседател, Јаир...

Македонија1 ден

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет1 ден

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Досие