Контакт

Свет

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на снимањето кое требаше да го има со потпретседателот Мајк Пенс, велат извори запознати со настанот, пренесува Си-ен-ен.

Трамп неочекувано го напуштил интервјуто со водителката Лесли Стал, 45 минути по снимањето во Белата куќа, и не се вратил повторно. Рекол дека верува дека Си-би-ес има доволно материјал.

Претседателот подоцна ја обвини Стал дека не носи маска и објави кратко видео од неа без маска додека била во Белата куќа.

Едно лице запознаено со ситуацијата изјави за Си-ен-ен дека видеото што претседателот го споделил на Твитер ја прикажува Стал со продуцентите непосредно откако Трамп го прекинал интервјуто, каде што таа сè уште не успеала да се врати по личните работи за повторно да ја стави маската. Тој нагласил дека водителката носела маска од моментот кога влегла во Белата куќа до почетокот на интервјуто.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторот од Калифорнија, Камала Харис, исто така, дадоа интервјуа за емисијата „60 минути“. Трамп и Пенс требаше да се појават заедно пред камерата, како и пред четири години, за време на прошетка и разговор, но претседателот не се врати на снимањето, тврдат изворите.

Набргу откако видеото на водителот без маска беше објавено на Твитер, Доналд Трамп напиша дека размислува порано да објави интервју за сите да видат за какво пристрасно новинарство станува збор.

„Сакам да ве известам дека, заради кредибилитет на известувањето, размислувам да го објавам моето интервју со Лесли Стал пред неговото емитување! Сакам да го сторам ова за сите да можат да видат за какво лажно и пристрасно интервју станува збор”, напиша американскиот претседател на Твитер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија 6.224 новозаболени од коронавирус, 55 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа, 17.093 лица биле тестирани за вирусот корона во Србија, од нив 6.224 биле позитивни, додека починале 55 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 253 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ целата земја.

Во понеделник обично се бележи помал број на тестирани и заразени лица, имајќи предвид дека се работи за податоци од викендот, кога помал број луѓе одат на лекар.

Ситуацијата во Србија со епидемијата на коронавирус е алармантна. Според најновата анализа починале рекордни 65 лица за еден ден, а дури повеќе од 700 се хоспитализирани, така што сега имам 7.256 ковид-пациенти во болниците низ Србија.

Епидемиолозите најавуваат дека оваа недела ќе биде врвот на овој бран на епидемијата. Многу е веројатно дека ќе има дури 10.000 заразени лица на ден и трицифрен број на смртни случаи за 24 часа.

Поради сето тоа, денес се одржа седница на Кризниот штаб за борба против коронавирусот на која се разговараше за моменталната епидемиолошка состојба и какви нови мерки треба да се воведат. Сесијата заврши без да се најават нови мерки.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора нема да ја повлече одлуката за протерување на српскиот амбасадор

Објавено пред

Владата на Црна Гора и Министерството за надворешни работи нема да ја повлечат одлуката за протерување на амбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи, како и еврокомесарот Оливер Вархелји, како што велат, ја поздравуваат одлуката на Владата на Република Србија да се откаже од протерување на амбасадорот на Црна Гора во Србија, бидејќи, според МНР, немало причина.

„Амбасадорот Тарзан Милошевиќ ја претставува својата земја што ја почитува Република Србија, не се меша во нејзините внатрешни работи, со воздржаност кон земјата домаќин дури и кога Црна Гора беше грубо навредувана и понижувана од разни адреси во Србија, црногорските државни симболи беа осквернавени, и затоа реагираа и разни меѓународни фактори“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Според црногорското МНР, амбасадорот на Србија во Црна Гора  континуирано се мешал во внатрешните работи на земјата во која служи.

„Министерството за надворешни работи постојано му укажуваше на тоа, со предупредување дека станува збор за незаконско и недипломатско однесување кон земјата домаќин. За жал, залудно и без разбирање“, велат од Министерството за надворешни работи на Црна Гора. Затоа, како што додаваат, оваа Влада и Министерството за надворешни работи нема да ја повлечат својата одлука.

Прикажи повеќе...

Свет

Турција седум дена по ред бележи црни рекорди

Објавено пред

Бројот на починати во Турција се зголемува седми ден по ред, и покрај напорите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и владата да го запрат вториот бран на Ковид-19, објави „Ројтерс“.

Турција очекува економијата да се подигне оваа недела по големиот пад на почетокот на годината, но тоа закрепнување, што е клучно за политичката поддршка на Ердоган, може да биде загрозено поради ширењето на коронавирусот.

Турците ги заострија мерките, вклучително и воведувањето полициски час за време на викендот, но досега тие не дадоа значителни резултати во запирањето на ширењето на болеста.

Во неделата починаа 185 лица, што е за 45% повеќе отколку во екот на првиот бран во април, а црните рекорди почнаа да се бележат на 23 ноември, кога починаа 153 лица, и оттогаш бројот на мртви расте секој ден.

Во претходните 24 часа беа евидентирани над 29.000 случаи, а во саботата беше соборен рекорд од 30.103 случаи, сепак, властите бројат само пациенти со симптоми, додека овој број не вклучува асимптоматски случаи.

Лекарите и опозициските политичари предложија уште посилни ограничувачки мерки, но владата сака да избегне заострување, бидејќи кафулињата, рестораните и хотелите веќе се сериозно погодени од мерките.

„Нашата здравствена единица е под голем товар. Секој од нас е одговорен, мора да се придржуваме кон мерките”, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коча на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија1 час

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа2 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија2 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија2 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија3 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет4 часа

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија4 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија4 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион4 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион5 часа

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија6 часа

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион7 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион7 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет7 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија7 часа

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Свет22 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија23 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија1 ден

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Досие