Свет
(Видео) Трамп: Набргу ќе почнеме да испраќаме разузнавачки информации во Украина
Соединетите Американски Држави набргу треба да продолжат со размената на разузнавачки информации со Киев, им потврди на новинарите американскиот претседател Доналд Трамп на 9 март во авионот „ер форс уан“.
Директорот на ЦИА,Џон Ретклиф, во средата објави дека Соединетите Американски Држави го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина. Овој потег следува по одлуката на Вашингтон веднаш да ја замрзне целата воена помош за Украина.
Според „Ројтерс“, на прашањето дали ќе стави крај на суспензијата на споделување разузнавачки информации, Трамп им рече на новинарите: „Само што не сме“.
Трамп исто така рече дека е оптимист за претстојните разговори меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија. Делегациите ќе се сретнат во градот Џеда за да разговараат за рамката за потенцијалниот мировен договор меѓу Украина и Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
