Контакт

Свет

(Видео) Трамп: Јас сум искрен борец за заштита на животната средина

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, себеси се претстави како вистински и искрен борец за заштита на животната средина, но рече дека не може да каже дали човековите активности се причина за климатските промени.

„Јас сакам апсолутно чиста вода, сакам најчист воздух, што сега и го имаме, бидејќи е подобро од минатата година”, изјави Трамп, без да наведе на кои податоци се базирани неговите тврдења. Додека беше во обиколка на областите погодени од ураганот Мајкл во сојузната американска држава Џорџија, Трамп изјави дека многумина се смеат кога тој вели дека е посветен на заштита на животната средина.

Говорејќи во врска со напорите за што почист воздух, Трамп изјави дека „тоа не значи дека сите компании треба да бидат принудени да стават клуч на врата.”

Во јуни 2017 година Трамп го објави повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор.

Според истражувачите на Универзитетот Харвард, администрацијата на Доналд Трамп поништила или иницира укинување на 76 еколошки закони и прописи, де факто со напуштање на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови поставени од страна на претходната администрација на Барак Обама.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Објавено пред

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека неговиот пат кон закрепнување е јасен, но долг.

Тој рече дека сè уште има потешкотии во качувањето по скали бидејќи неговите нозе сè уште се тресат, пренесува Ројтерс.

 

View this post on Instagram

 

Давайте расскажу, как идёт мое восстановление. Это уже ясная дорога, хоть и неблизкая. Все текущие проблемы вроде того, что телефон в моих руках бесполезен, как камень, а налить себе водички превращается в целый аттракцион, – сущая ерунда. Объясню. Совсем недавно я не узнавал людей и не понимал, как разговаривать. Каждое утро ко мне приходил доктор и говорил: Алексей, я принёс доску, давайте придумаем, какое на ней написать слово. Это приводило меня в отчаяние, потому что хоть я уже и понимал в целом, что хочет доктор, но не понимал, где брать слова. В каком месте головы они возникают? Где найти слово и как сделать так, чтобы оно что-то означало? Все это было решительно непонятно. Впрочем, как выразить своё отчаяние, я тоже не знал и поэтому просто молчал. И это я еще описываю поздний этап, который сам помню. Сейчас я парень, у которого дрожат ноги, когда он идёт по лестнице, но зато он думает: «о, это ж лестница! По ней поднимаются. Пожалуй, надо поискать лифт». А раньше бы просто тупо стоял и смотрел. Так что много проблем ещё предстоит решить, но потрясающие врачи университетской Берлинской клиники «Шарите» решили главную. Они превратили меня из «технически живого человека» в того, кто имеет все шансы снова стать Высшей Формой Существа Современного Общества, – человеком, который умеет быстро листать инстаграм и без размышлений понимает, где ставить лайки.

A post shared by Алексей Навальный (@navalny) on

Минатиот месец Навални, кој важи за критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се разболе во Сибир, по што беше префрлен на лекување во Германија, во состојба на индуцирана кома.

Берлин тврди дека резултатите од три лаборатории покажуваат дека тој бил отруен со нервен агенс, а Москва го негира тоа.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Стоматолог вадел заби додека стоел на ховерборд и им давал прекумерни дози седативи на пациентите

Објавено пред

Стоматологот Сет Лукарт од Алјаска, кој е снимен како му вади заб на пациент додека стои на ховерборд, е осуден на 12 години затвор поради десетици прекршоци.

Судијата во градот Енкориџ, Мајкл Волвертон, рекол дека Лукарт е обвинет дека на пациентите им давал прекумерна доза седатив што можело да ги убие.

Лакарт е осуден за 46 различни прекршоци. Меѓу нив и за злоупотреба на здравственото осигурување, проневера на пари и за несовесно лекување.

Обвинението било покренато во 2017 година кога поранешен вработен во ординацијата пријавил дека Лукарт го зголемувал профитот така што претерувал со давање на интравенозни седативи. Во 2016 година тој наплатил два милиони долари за овие седативи. Подоцна било утврдено дека неоправдано го користел.

Пациент на судењето рекол дека Лукарт му извадил четири заби без негова дозвола.

Лукарт кога ќе излезе од затвор, нема да смее да се занимава со медицина 10 години.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 212 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 212 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 2.128, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Во последните 24 часа нема смртни случаи. Во самоизолација се 9.714 лица.

Меѓу активните случаи, 288 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај  во Хрватска, регистрирани се вкупно 14.725 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 244 починале, а вкупно 12.353 се опоравиле, од кои 184 во последните 24 часа.

До денес се тестирани вкупно 254.480 лица, од кои 5.457 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија3 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија3 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет3 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија4 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Топ5 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт5 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион17 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет18 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија20 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ21 час

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија23 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија24 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија1 ден

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија1 ден

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија1 ден

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион1 ден

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 ден

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 ден

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион1 ден

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија1 ден

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Досие