Свет
(Видео) Трет разорен земјотрес што се случува на ист ден во Мексико – еден човек загина, оштетени згради и исплашени луѓе на улиците

Во вчерашниот земјотрес во Мексико загинало едно лице, покажуваат првичните податоци. Локалните сеизмолози јавуваат дека неговата магнитуда била 7,7 степени според Рихтеровата скала. Во земјотресот оштетени се згради, нема струја, а многу жители на Мексико Сити привремено ги напуштија своите домови поради безбедност.
Епицентарот на земјотресот бил на брегот на Тихиот Океан, а во тек е потрага по преживеани под урнатините.
Според извештаите на локалните медиуми, неколку станбени згради биле оштетени по земјотресот, кој се случил вчера во 13.05 часот по локално време, а сеизмички аларм бил вклучен во главниот град на Мексико точно на годишнината од двата претходни разорни земјотреса, пренесува „Ројтерс“.
Едно лице загина во пристаништето Манзанило во Тихиот Океан кога врз него се урнал покривот на стоковна куќа, соопштија мексиканските власти.
Властите исто така пријавија штета на неколку болници во западната држава Мичоакан во близина на епицентарот, кој беше во ретко населен дел на Мексико. Едно лице е повредено од паѓање стакло во една од болниците, соопшти владата.
Breaking: Video shows the moment an earthquake was felt in Mexico City. The preliminary magnitude 7.6 earthquake struck off the coast of Michoacán. pic.twitter.com/JKaYajjMO1
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) September 19, 2022
Снемало струја во некои делови од градот во Мексико Сити, на речиси 400 километри од епицентарот. Националното претпријатие за електрична енергија објави дека прекините во снабдувањето погодиле 1,2 милион корисници.
Во соопштението на Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) потврдено е дека епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југоисточно од Аквила во близина на границата со државите Колима и Мичоакан и на длабочина од 15,1 километри.
Земјотресот се случи неколку минути по огласувањето на предупредувачките сирени, а помалку од еден час по симулирањето на алармот за земјотрес, на годишнината од двата разорни земјотреса што се случија пред 5 и пред 37 години на ист ден, 19 септември.
Илјадници луѓе загинаа во земјотресот на 19 септември 1985 година, а повеќе од 350 загинаа во земјотресот на 19 септември 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Хаос во Анкара: се слушаат експлозии, има повредени, сите улици се затворени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во Анкара, во кој е убиен еден од терористите, пишува Хуриет.
Според него, двајца терористи дошле пред зградата на Министерството, а едниот активирал експлозивна направа, додека другиот е уапсен.
– Еден од нив се разнесе, додека другиот е неутрализиран – рече тој.
Си-Ен-Ен Турк јавува дека има повредени, а затворени се сите околни патишта.
Explosions and Gunfire have been heard this morning near the Parliamentary Building in the Turkish Capital of Ankara; a Significant Police and Military Presence has been observed in the Area but it is Unknown what exactly the ongoing Situation is. pic.twitter.com/dzSFxdHDg9
— OSINTdefender (@sentdefender) October 1, 2023
На терен се и членови на обезбедувањето на претседателот.
Се утврдуваат причините за експлозијата во населбата Кизилај.
Според АП, турскиот парламент денеска треба повторно да заседава по летната пауза.
Регион
Вучиќ: Направија се за да ја уништат Србија, но ќе победиме

Направија се за да ја уништат Србија. Србија ќе победи, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.
„Почитувани граѓани, имавме тешки седум дена, најтешките во последните 15 години. Најтешките поради настаните на Косово и кампања започната против нашата Србија, кампања на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ , не врне снег за да ја покрие планината, туку секој ѕвер да го покаже својот белег. Можевме да видиме дека имаме пријатели кои не се многубројни, но се храбри“, вели Вучиќ во видео-пораката.
Регион
Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани во Врњачка Бања и Лепосавиќ.
Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а граѓаните се поканети да се соберат на пумпата „Кнез Петрол“ на ова место во 11 часот.
Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ.
Потсетуваме, Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и таканаречената косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово и Метохија.
Нивните тела дури вчера ги однеле нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечан.