Контакт

Свет

(Видео) Тројца загинати и над 200 повредени во силен земјотрес во Јапонија

Објавено пред

Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја погоди Осака и други делови на западот од Јапонија. Животот го загубија деветгодишно девојче и две жени на возраст од 80 и 85 години. Земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а предизвикал прекин на електричната енергија и водоснабдувањето, како и голема материјална штета.

Ова е најсилниот земјотрес кој го погодил овој дел на Јапонија од 1923 година. Поради земјотресот, привремено се затворени аеродромите Кансаи и Кобе. Властите јавија дека нуклеарните реактори во регионот не биле оштетени и дека нема опасност од цунами.

 

„Објектите за нуклеарна енергија не се оштетени“, соопшти енергетската компанија „Кансаи електрик пауер“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Соларните ќерамиди на „Тесла“ едвај се продаваат

Објавено пред

Соларните ќерамиди од компанијата „Тесла“, кои беа претставени на пазарот пред две години и претставуваат помала верзија на традиционалните соларни панели, денес едвај се продаваат.

„Имаме неколку стотици домови со соларни покриви и добро ни оди. Само треба време за да се потврди дека соларните ќерамиди ќе траат 30 години“, изјави Елон Маск во август.

Според „Ројтерс“, од мај оваа година само 12 соларни покриви од „Тесла“ биле поврзани на мрежата за електрична енергија. Иако одбија да коментираат, од компанијата рекоа дека коментарот на Маск за „стотиците соларни покриви“ се однесува и на оние што допрва треба да бидат инсталирани.

Соларните покриви на „Тесла“ можат да чинат и до 100 илјади долари, а за нивна инсталација се потребни околу две недели. Традиционалните соларни панели се местат за еден ден.

Прикажи повеќе...

Свет

Американскиот заменик-јавен обвинител се очекува да ја напушти функцијата

Објавено пред

Американските медиуми објавија во понеделникот дека американскиот заменик-јавен обвинител ќе ја напушти својата функција, иако е нејасно дали тој ќе даде оставка или ќе биде избркан.

Според некои медиуми, тој дал усна оставка бидејќи очекувал да биде избркан од Трамп, поради тоа што минатата година го нарекол претседателот „неспособен“, додавајќи дека треба да биде тргнат од функција.

Од Белата куќа рекоа дека Род Розенстајн разговарал со Трамп  за ваквата вест и ќе се сретне со него в четврток кога Трамп ќе се врати во Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсени осум лица поради нападот врз пратеникот на Сириза во Грција

Објавено пред

Од

Грчката полиција уапси осум лица осомничени за вмешаност во нападот врз пратеникот на владејачката Сириза, Петрос Константинеас.

Константинеас синоќа во градот Каламата беше нападнат пред фудбалски стадион, а како што се претпоставува, нападот го извршила група ултрадесничари, по што пратеникот беше хоспитализиран.

Грчката полиција наведе дека повеќе од 20 лица биле приведени по нападот, а осумте уапсени се соочуваат со обвинување за нанесување тешки телесни повреди и кршење на законот за спортот.

Константинеас, 40-годишен пекар и пензиониран фудбалски судија, беше избран за пратеник во грчкиот парламент пред три години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија15 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија15 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија15 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Македонија16 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија17 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет18 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија19 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ19 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести19 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа20 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет20 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура2 дена

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија2 дена

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија2 дена

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија2 дена

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија2 дена

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија2 дена

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ2 дена

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Досие