Свет
(Видео) Украина: Потона рускиот брод полн со оружје што го погодивме

Руски брод што доставува оружје на стратешки важниот Змиски остров потона откако беше погоден од украински ракети, потврди воен претставник доцна во петокот.
Рускиот црноморски брод-шлепер „Васили Бех“ претходно беше оштетен од противбродски ракети што Данска и ги достави на Украина.
„Подоцна се дозна дека потонал“, рече Максим Марченко, воениот гувернер на Одеса, во изјавата на неговиот канал на Телеграм.
Тврдењето не можеше да биде независно проверено, а руската страна не го коментираше случајот. Бродот, опремен со систем за противвоздушна одбрана Тор, беше погоден со ракети Харпун и тешко оштетен во петокот.
Дестинацијата на бродот бил Змискиот остров во близина на јужниот украински брег, кој кон крајот на февруари беше окупиран од руските сили. „Василиј Бех“ не е првиот брод што го загуби руската Црноморска флота за време на војната. Руската страна ја потврди загубата на десантниот брод „Саратов“ и на ракетниот крстосувач „Москва“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ за Си-ен-ен:„Ги ценам извештаите од Белата куќа, но не се секогаш точни“

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Си-Ен-Ен зборуваше се случувањата во Бањска на 24 септември.
На почетокот тој рече дека секогаш ги ценел извештаите од Белата куќа, но дека вистинското прашање е што извештаите не се целосно точни.
„ Во 2001 година потпишавме аранжман со НАТО за пристап до копнената безбедносна зона и беше договорено да ја користиме без никакви ограничувања. Сега имаме 4.400 војници во зоната и тоа е нормално – изјави Вучиќ.
„ Слушаме и следиме и сакаме деескалација. Сакаме да видиме поголемо присуство на КФОР на Косово, затоа се надеваме дека тие ќе ги поддржат Србите и нивната безбедност на Косово, особено на северот – рече тој.
Според него нема причина за загриженост, на Србија не и треба конфликт со НАТО, туку обратно.
Вучиќ рече дека борбената готовност на Србија не е подигната во близина на административната линија.
„ Но, јас дури и не потпишав повисоко ниво на тревога. Бројот на персоналот не беше поголем, ниту 60 отсто, што обично е на административна линија. Србија е последната земја на која и требаа инциденти на Косово поради динамиката на дијалогот. Сите видоа дека Србија е конструктивен партнер, а другата страна не направи ништо, туку постепено етничко чистење на Србите од Косово. Откако Курти дојде на власт, на Косово има 10 отсто помалку Срби, имаше повеќе од 420 напади врз нашиот народ на северот на Косово – рече Вучиќ.
Српскиот претседател нагласи дека Србија ќе бара одговорност од сите луѓе кои извршиле криминални дејствија, а дека обвинителството ќе си ја заврши работата во случајот со Милан Радоичиќ, како и дека тој е достапен за српските власти, но дека коренот на проблемот е во тоа што Србите се на удар и мора да се бранат.
„ Јас зборував за коренот на проблемот, но вие не сакате да го слушнете. Србите сакаа да се заштитат. Нема да го бранам убиството на албанскиот полицаец, го осудувам. Но, Србите се апсат без никакви обвиненија, се исфрлаат од нивните куќи, ништо од тоа не било во согласност со меѓународното право и со Бриселскиот договор. ЗСО сè уште не е формиран“ додаде тој.
Вучиќ порача дека Србија е секогаш подготвена да преговара.
Свет
Тајни документи го открија американскиот план за Украина

Според доверливите материјали, целите на САД во Украина варираат од спроведувањето на протоколите и стандардите на НАТО до приватизација на банките, објави Политико, повикувајќи се на документот.
„Класифицираната верзија на документот „Стратегија на земјата“ е три пати поголема (од верзијата објавена од Стејт департментот, која е официјално достапна) и содржи многу повеќе детали за целите на САД во Украина, од приватизација на нејзините банки, помагање на училиштата во изучување англиски јазик, па се до тоа украинската армија да ги преземе протоколите на Алијансата“, се истакнува во написот.
Во материјалот се наведува дека форматот и содржината на украинските воени документи треба да ја „одразуваат терминологијата на НАТО“.
Покрај тоа, Политико нагласува дека документот покажува дека САД и помагаат на Украина да создаде можности за гонење на наводни воени злосторства во рамките на украинскиот правен систем. Вашингтон би сакал повеќе од 2.000 нови судии да бидат избрани во Украина и да се решат повеќе од 9.000 незаконски судски дејствија кои се во тек.
Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина ќе биде поканета во Алијансата по едногласна одлука на сите членки и со исполнување на сите услови.
Притоа, тој не прецизираше рокови за таа можна покана, но посочи дека пристапната процедура не предвидува временска рамка.
Свет
Врховниот суд го отфрли случајот за дисквалификација на Трамп од изборите во 2024 година

Врховниот суд на САД денеска го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција.
Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав Трамп да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија, пренесува Ројтерс.
Во својата тужба, Кастро тврдеше дека Трамп, со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, учествувал во бунт со неговите поддржувачи.