Европа
(Видео) Украинска офанзива кај Бахмут: „Ја пробиваме нивната одбранбена линија“

„Двајца украински војници се собираат околу контролорот на дрон во мракот, а нивните лица се осветлени само од екранот. „О, нешто гори“, вели еден. Само што фрлија бомба на руска цел. Нападот во текот на ноќта е дел од координираната украинска офанзива во близина на опколениот источен украински град Бахмут“, до кој на Си-ен-ен му беше дозволен ексклузивен пристап.
„Ќе ја погодиме нивната линија на фронтот и нашите момци ќе напредуваат кон непријателот“, вели еден од пилотите на дронот, кој себеси се нарекува Грув. Украинските копнени трупи се опремени со западна опрема за ноќно гледање и имаат предност во ноќните операции, но авионите на Киев не се погодни за темница, па оваа единица на беспилотни летала, со прекар Код 9.2, се зајакнува.
„Дроновите гледаат ноќе како и дење. Гледаме пешадија, целиме возила, топови, сè што треба да уништиме“, објаснува Грув. Тие користат беспилотни летала „Вампир“ од украинско производство, хексакоптер што го набави владата во Киев како дел од иницијативата на Министерството за дигитална трансформација за снабдување на украинските сили со технологија на бојното поле.
We witnessed a harsh battle near Bakhmut #Ukraine first hand. Massive shelling and assaults for hours. Ukrainians pushing forward. Two keys assets for the Ukrainians: Drones and Western artillery. With @VascoCNN @danjhodge and Kostya Gak. #CNN pic.twitter.com/sjvswZscIh
— Frederik Pleitgen (@fpleitgenCNN) September 26, 2023
„Секое беспилотно летало е опремено со термичка слика, така што може ефикасно да работи ноќе. Тие може да носат до 15 килограми товар. Армијата ќе ги користи за уништување оклопни возила и тенкови, како и непријателски одбранбени структури, утврдувања или складишта за муниција “, рече вицепремиерот на Украина и министер за дигитална трансформација, Михајло Федоров, во август кога најави дека 270 од овие уреди ќе бидат испратени во првите редови.
Тоа е тоа што го прават Грув и неговата единица. Видеоснимките направени од камерите за ноќно гледање на нивните беспилотни летала и доставени до Си-ен-ен покажуваат дека беспилотните летала фрлаат бомби врз неколку руски оклопни возила, вклучително и неодамнешниот напад кој уништи модерен руски тенк „Т-90“, еден од поновите и понапредните модели што Русија ги испрати на теренот во Украина.
„Понекогаш ги има многу“, вели Грув скенирајќи ја областа со својот дрон и обидувајќи се да ги открие руските сили. Беспилотните летала бркаат неколку руски возила, фрлајќи бомби врз нив додека се движат: „Во моментот не гледаме многу од нив. Таму имаше возило, но не го погодивме“.
Како што се засилува нападот со беспилотни летала, на бојното поле се приклучуваат и други единици: се слуша тешка артилерија, која ги опсипува руските позиции осветлени од месечината со касетна муниција донирана од САД.
Повеќецевните ракетни системи „Град“ го исполнуваат небото со нивните брзи ракети со потсвирнување, минофрлачките единици се приклучуваат гаѓајќи ја војската на Москва со ракети, а борбените возила на пешадијата се тркаат кон руските линии, пишува Си-ен-ен.
Тоа е сеопфатен напад, а во нивниот штаб, командантот на единицата Код 9.2, наречен Флинт, вели дека оваа операција трае со недели. „Се подготвуваме повеќе од еден месец“, вели Флинт додека неговите луѓе подготвуваат муниција за фрлање на руските позиции.
„Тоа е комбиниран напад“, додава Флинт објаснувајќи дека притисокот јужно од Бахмут е дизајниран да ги искористи неодамнешните успеси во областа, каде што Украина успеа да ослободи важна територија.
Киев концентрира голем дел од пристигнатото западно оружје на југ, каде што украинските сили напредуваа по две оски: од Орихив до Мелитопол и од Велика Новосилка до Бердјанск.
Меѓу другото, во областа беа испратени тенкови „Леопард 2“ од германско производство и американски борбени возила „Бредли“ за поддршка на украинските сили, кои ги напаѓаат руските позиции. Крајната цел е да се стигне до Црното Море и да се прекине руската рута за снабдување до Крим. Досегашното напредување беше бавно и скромно, а Украина зазеде само неколку мали села на југ.
Многу помалку е кажано за операциите во источниот дел на земјата, каде што силите на Киев полека но сигурно вратија десетици квадратни километри по бруталниот напад на Русија врз Бахмут минатата зима. „Ние овде ја пробиваме нивната одбранбена линија и ги победуваме прилично добро“, вели Гру, додавајќи дека руската платеничка група „Вагнер“, одговорна за повеќето од придобивките на Русија во текот на зимата, се вратила во областа.
„Да, и ‘Вагнер’ е тука. Тие се вратија, бргу ги сменија командантите и се вратија овде“, вели Грув. Тој смета дека присуството на „Вагнер“ е делумна компензација за недостигот на работна сила на руската страна: „Русија собра војници од околните области и ги донесе овде. Немаат многу мажи овде“.
Сепак, тоа е војна на трошење и со помалку напредна западна опрема од нивните сонародници на јужниот фронт украинските сили овде се принудени повеќе да се потпираат на мозокот отколку на мускулите. „Постојано ја менуваме тактиката. Тоа е како бокс. Одиме по телото, па удираме со главата“, објаснува командант Флинт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Политико“: Орбан посеа паника во ЕУ

Една недела пред состанокот на Европскиот совет на кој ќе се разговара за иднината на Украина, ЕУ е во паника поради односот на Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер се противи на одлуката за приклучување на Украина во ЕУ и обезбедување финансиска помош од 50 милијарди евра. Во две писма до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Орбан јасно стави до знаење дека наместо тоа, сака да одржи стратешка дебата за поддршка на Киев.
Иако ова не е првпат Орбан да се заканува дека ќе го искористи правото на вето, тројца високи дипломати признаа дека овој пат е поинаков, пишува „Политико“.
Сега влогот е поголем, роковите се пократки, а на Унгарија и требаат повеќе пари од општиот буџет, кој не и е достапен поради непочитување на владеењето на правото, анализира медиумот. Унгарскиот државен секретар за јавна дипломатија и односи Золтан Ковач неделава ги демантираше овие шпекулации и посочи дека ставот на неговата влада за потребата од ревидирање на долгорочниот буџет на ЕУ не е поврзан со блокираните средства.
Мислењата на дипломатите за Унгарија се поделени: едни сметаат дека Орбан е решен да ја повлече европската помош од Украина, други веруваат дека тој едноставно се обидува да го уценува Брисел.
Меѓу нив е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој за време на вечерата ќе се обиде да најде компромис со унгарскиот лидер. Дипломати од други земји најмногу ја поддржаа ваквата иницијатива, но некои критичари потсетија дека претходните преговори на Макрон со Трамп и Путин биле неуспешни.
Според написите, и Шарл Мишел веќе се обиде да постигне договор со Обран во Будимпешта и поради тоа ќе го прекине патувањето во Пекинг за да ги продолжи преговорите.
Медиумот пренесува дека песимистичките чувства се повеќе се шират во ЕУ. Белгискиот претставник Вилем ван де Ворд изјави дека исходот од самитот е непредвидлив. Друг дипломат смета дека без разлика дали на Орбан му требаат пари или тоа го прави од принцип, „факт е дека и помага на Русија“, а Европа не треба да го фаворизира туку да му се спротивстави.
Во коридорите на моќта се разговара за алтернативни планови, како што е испраќање помош за Киев заобиколувајќи го унгарското вето. Дополнително, се предлага да се организира уште еден самит во јануари и да се обиде повторно да го покрене ова прашање, пишува „Политико“.
Европа
Тис: Доколку избие војна во Европа, ќе се браниме со камења

Очајот во европските метрополи кога станува збор за воено индустриското производство само расте, анализираат медиумите во регионот.
Според написите, европските резерви на оружје во голема мера се на рекордно ниско ниво, а брзото започнување на воената индустрија која би почнала да произведува доволно количество оружје и опрема за краток временски период не е возможно по толку многу децении запоставување.
Потврда за тоа колку е мрачна ситуацијата во овој поглед доаѓа од Белгија. Имено, на белгиската армија и недостигаат оружје и пари, поради што војниците „би требало да фрлаат камења“ набргу по почетокот на каков било конфликт, изјавил поранешен висок припадник на белгиската армија, генерал Марк Тис, пренесува „Политико“.
Тис, кој неодамна се пензионираше со чин генерал-полковник, во вторникот на јавниот сервис „ВРТ“ вели дека обезбедувањето на залиха оружје за одбрана од напад кој би траел до два месеци ќе бара инвестиција од 5 до 7 милијарди евра, што е многу повеќе отколку што моментално издвојува локалната власт.
„Доколку избие војна овде, ќе мораме да фрламе камења по само неколку часа поради недостаток на оружје“, рече Тис.
„Политико“ оценува дека недостигот на оружје ја остава Белгија со војска од каменото доба.
Откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари минатата година, западните влади го снабдуваат Киев со оружје за да му помогнат да ги одврати нападите на Москва и да ја зајакне нејзината одбрана.
Сепак, производителите на оружје во европскиот блок се борат да го зголемат капацитетот за да го обноват производството и да ги задржат залихите кои се исцрпуваат бидејќи оружјето се испорачува на исток, особено кога станува збор за муниција од 155 милиметри. Ова значи дека Европската унија речиси сигурно ќе пропадне кога станува збор за исполнување на целта што си ја наметна во однос на испораките за Украина, се забележува во написите.
Иако нападот врз Белгија е малку веројатен, недостигот на оружје ја става во фокус одржливоста да се продолжи со снабдување со оружје за Украина доколку залихите на земјата се исцрпат до максимум.
Во ноември, кратко по пензионирањето на Тис, белгиската влада потпиша дводецениски договор со локалниот производител на оружје „FN Herstal“, вклучувајќи и муниција, но испораката на договорените количини ќе потрае.
Европа
Претседателски избори во Русија на 17 март, за прв пат ќе гласаат и жителите на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон

Горниот дом на рускиот парламент изгласа претседателските избори во Русија да бидат на 17 март 2024 година. Одлуката беше донесена едногласно со 162 гласа во Советот на Федерацијата.
„Со оваа одлука всушност ја започнуваме изборната кампања“, изјави Валентина Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата.
Таа додаде дека за прв пат на изборите ќе гласаат жителите на делови од украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа припоени од Русија.
„Со заеднички избор на претседател на земјата, целосно ја споделуваме одговорноста и судбината на нашата татковина“, рече Матвиенко.
Претседателот Владимир Путин се уште официјално не ја објавил својата намера да се кандидира за нов шестгодишен претседателски мандат.
Право на глас во Русија имаат околу 110 милиони луѓе, но обично 70-80 милиони излегуваат на гласање.