Европа
(Видео) Филмска потера со полиција и специјалци на аеродром во Лион

Сите летови на аеродромот во Лион беа привремено откажани додека на пистата и покрај неа беше во тек потера по маж кој со возило влетеал на неа.
Според извештајот на радио „Европа 1“, претходно беше објавено дека едно возило се движи со преголема брзина по автопатот што води кон аеродромот во францускиот град, пренесе „Спутник“.
Кога полицијата реагирала по пријавата во врска со автомобилот, возачот ја пробил оградата околу пистата на аеродромот и влетал на неа. Во тој момент почнала и потерата по него, најпрвин со амбулантни возила, а потоа пристигнале и полицијата и специјалните единици.
Во еден момент возачот истрчал од автомобилот и почнал да бега, но на крајот бил совладан.
Засега не е објавено дали има повредени во овој инцидент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пожар на аеродром во Рим

Римскиот аеродром „Чампино“ е затворен денеска поради пожар на терминалот, соопшти управата на тој аеродром, пренесе „Ројтерс“.
„Аеродромот е затворен од претпазливост“, рече портпаролката на компанијата „Аеропорти ди Рома“.
„Ројтерс“ наведе дека аеродромот го користи нискобуџетната авиокомпанија „Рејнер“.
Европа
Русија смета дека хуманитарната помош за Венецуела е исценирана провокација

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија смета оти планот за достава на хуманитарна помош во Венецуела е исценирана провокација.
„Ако се работи за желба да му се помогне на народот со хуманитарна помош, тогаш е рационално да прашаме зошто не се одмрзнат сметките на венецуелските компании во американските банки вредни 11 милијарди долари или да се вклучат специјализирани агенции на ОН кои имаат непроценливо искуство во таквите операции наместо лицемерни обиди да се достави помош во вредност од неколку стотици долари“, истакна Захарова.
Москва го поддржува претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и не го признава Хуан Гваидо, кој се прогласи за привремен претседател во јануари по изборите во земјата.
Европа
Исламската заедница во Австрија донира оброци за бездомници и сиромашни лица

Исламската заедница во Виена донира топли оброци на бездомници и лица од ранлива категорија, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Заменик-директорот на РАХМА Австрија, Омер Батур, вели дека организацијата веќе три години подготвува топли оброци за бездомниците неколку дена во неделата.
Батур вели дека РАХМА спрема храна за околу 100 бездомници дневно и додава дека и Австријците и странските државјани кои живеат во Австрија го поздравуваат овој проект.
„Со овој проект, исламската заедница може да испрати порака дека сите заедно живееме во оваа земја и заеднички бараме решенија за проблемите во општеството во кое живееме“, вели Батур.
Батур посочува дека општествените настани како овој, се од голема важност во борбата против реториката на екстремната десница во Австрија.
Батур додава дека РАХМА Австрија е асоцијација која пружа помош на голем број лица од ранлива категорија повеќе од 25 години, вклучувајќи ги бегалците од Сирија и Палестина.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал