Контакт

Свет

(Видео) Хаос во Хонг Конг, полицијата пука во демонстрантите со гумени куршуми

Објавено пред

Протестите во Хонг Конг денеска ескалираа. Полицијата ги нападна демонстрантите со солзавец и палки за да ги спречи да упаднат во зградата на парламентот. Демонстрантите ги блокираа улиците околу парламентот и ја гаѓаа полицијата со цигли.

Во нередите има и повредени, а на терен се и возила на итната помош.

Засега нема точен број за тоа колку луѓе се излезени на улиците, ниту колку се повредени. Меѓу демонстрантите се претежно млади луѓе облечени во црно, кои поставиле барикади бидејќи се подготвуваат да останат подолго време на тоа место. Тоа потсетува на продемократските протести во 2014 година во оваа поранешна британска колонија.

Како што пренесува Би-би-си, луѓе плачат, врескаат и се гушат од солзавецот на полицијата, која пука по нив со гумени куршуми. Чадот од солзавецот влегол дури во подземната железница.

Свет

Лавров: Либија може да стане најголема терористичка база на северот од Африка

Објавено пред

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Либија може да стане најголема терористичка база на северот од Африка, од каде што терористите би можеле за заминуваат во која било земја во светот, пренесува „Спутник“.

Според Лавров, борбите што во континуитет се водат во Либија довеле до вакуум во безбедноста, што остава можност терористите од Сирија и од Ирак да се прегрупираат таму.

„Либија ризикува да стане главно упориште на тероризмот на северот од Африка, од каде таа зараза може да се рашири во многу земји во светот,“ предупреди тој.

Лавров посочи и дека многу земји чие државјанство поседуваат терористите одбиваат да ги примат назад за да ги процесуираат.

„Сметаме дека сите тие земји се должни да сносат одговорност за терористите кои во своите џебови имаат нивни пасоши“, додаде шефот на руската дипломатија.

Прикажи повеќе...

Регион

Инциденти во хравсткото Собрание, обезбедувањето на раце изнесе опозициски пратеник

Објавено пред

Инциденти на денешната седница на хрватскиот Парламент, додека премиерот Андреј Пленковиќ зборуваше за состојбата на нацијата, пренесуваат хрватските медиуми.

Опозицискиот пратеник од „Жив ѕид“ Иван Пернар, беше на раце, изнесен од салата од страна на обезбедувањето, а Миро Буљ, од Независната листа МОСТ, на столчето на премиерот остави ќесе со ѓубре.

Пред почетокот на излагањето на премиерот, дојде до расправија меѓу Пернар и претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, по што обезбедувањето го изнесе опозиционерот од сала.

Јандроковиќ предложи дополнување на дневниот ред со 10 нови точки, а на прашањето дали има приговор се јави Пернар, која се пожали на состојбата во правосудството поради случајот со силувањето девојче во Задар.

Јавноста во Хрватска е револтуирана откако судија во Задар ослободи група лица да се бранат од слобода, осомничени дека во текот на една година, во повеќе наврати групно го силувале девојчето.

Откако Пернар не се држеше до правилата, претседателот на Саборот двапати го опомена и потоа му го одзеде зборот. Пернар не престануваше да зборува, па Јадронковиќ му го одзеде зборот и за денеска и за утре. Пернар го игнорираше и тоа предупредување, по што Јандроковиќ даде десетминутна пауза и го повика собраниското обезбедување да го изнесе од салата опозицискиот пратеник.

По него, опозиционерот Буљ, кој зборуваше за управувањето со отпадот, во салата внесе ќесе со ѓубре.

„Очигледно надлежните не го разбираат принципот за одржливо управување со отпад….Гледам дека е арогантен премиерот, и оваа ќеса ќе ја оставам на неговата столица…еве му ѓубре кое го собирав од Вргорац до Сињ“, рече Буљ.
Јандроковиќ му рече да не прави циркус, туку да седне или да излезе од салата.

Прикажи повеќе...

Свет

ФСБ: Водечките ИТ фирми не соработуваат со специјалните служби, а терористите го користат тоа

Објавено пред

Директорот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортњиков, вели дека несоработката на водечките светски ИТ компании со специјалните служби во борбата против тероризмот во сајбер-просторот претставува голем проблем кој им оди во прилог на терористите, пренесува „Спутник“.

Како што појасни Бортњиков, основниот инструмент за комуникација и понатаму се интернет-месинџерите кои се шифрирани, што претставува проблем за специјалните служби.

„Способноста на хакерите кои работат за терористите да ги маскираат своите сајбер-напади и да ги претстават како напади од одредена земја може да доведе до реални политички и воени конфликти,“ предупреди тој.

Бортњиков укажа и на тоа дека е во пораст заканата од користење на новите бежични технологии, кои не зависат од мобилните оператори или од конекцијата на интернет, при изведувањето на терористичките напади.

Меѓу другото, тој ја спомена вештачката интелигенција која им е широко достапна на сите, па и на терористите кои би можеле да ја искористат при избведувањето напади.

Кога станува збор за Русија, Бортњиков вели дека безбедносните служби блокирале околу 8.000 сајтови чија содржина била составена од терористичка пропаганда. Покрај тоа, ФСБ спречила 39 терористички напад само во 2019 година на територијата на Руската Федерација, додека 32 терористи биле ликвидирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на 1ТВ

1ТВ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија2 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија2 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија3 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет3 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион4 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија4 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет6 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет6 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион7 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа7 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија18 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет19 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија21 час

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа22 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион23 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт24 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет1 ден

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет1 ден

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Досие