Европа
(Видео) Хаос на протести против мерките во Германија, нападнати полицајци

Напади врз полицијци и новинари имаше на синоќешните протести на противниците на антиковид мерките во Германија.
Во Росток дошло до судир на насилници, членови на навивачки групи, со полицијата, по завршувањето на протестот.
По собирот група луѓе продолжиле да се шетаат низ центарот на градот, а потоа дошло до судир со полицијата.
Новинари биле нападнати за време на демонстрациите против рестриктивните мерки во Косвиг.
Полицијата уапсила 40-годишен маж осомничен за напад на новинар.
Инаку, новинарите кои го следеле протестот, на „Твитер“ објавија дека се соочиле со удари, навреди, па дури и дека фрлале по нив со шишиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското министерство соопшти дека 694 борци на украинската армија и баталјонот „Азов“ се предале во изминатите 24 часа.
Оттаму додаваат дека досега се предале вкупно 959 лица, од кои 265 ја напуштиле челичарницата при првите евакуации во понеделникот. Оние кои ќе ја напуштат фабриката се носат на територија под руска контрола. Украинските власти сè уште не ги дале најновите информации за тоа колку борци денеска ја напуштиле фабриката за челик во Мариупол.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува. „Нашите воени и разузнавачки претставници надгледуваат. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“, рече Зеленски.
Русија и Украина споменуваат договор според кој војниците можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни. Останатите прашања се: Уште колку борци има внатре? Дали е договорена замена на заробеници и, доколку е така, под кои услови?
Кремљ соопшти дека заробениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници.
Европа
Уапсен пратеник од партијата на Џонсон, се сомничи за силување и злоупотреба

Британски пратеник од редовите на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон е уапсен под сомнение за силување и други сексуални престапи извршени во период од седум години, објавија британските медиуми.
Полицијата на Лондон соопштила дека маж на околу 50-годишна возраст е уапсен под сомнение за сексуален напад, силување, злоупотреба на доверба и недолично однесување на јавна функција, пренесува Ројтерс.
Ниту полицијата, ниту дисциплинската служба на Конзервативната партија не го именувале осомничениот, кој е во притвор до понатамошно известување, пишуваат агенциите.
Портпаролката на Конзервативната дисциплинска служба, која е задолжена за партиска дисциплина во парламентот, потврдила дека уапсениот е пратеник на конзервативците и изјавила дека на пратеникот му било кажано да се држи подалеку од комплексот на британскиот парламент за време на полициската истрага.
Европа
Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

Бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 во Северна Кореја се искачи на речиси 1,5 милиони, а експертите велат дека ќе следи катастрофа во земјата доколку не се обезбедат вакцини и лекови.
Во таа држава ковидот се нарекува треска. Пријавени се 269.510 нови случаи и шест смртни случаи. Минатиот четврток тие го пријавија првиот случај на инфекција со коронавирус по пандемијата во светот, а околу 1,48 милиони луѓе се разболеле од минатата недела.
Најмалку 663.910 луѓе се во карантин, покажуваат официјалните податоци. Вистинскиот број на заразени е поголем бидејќи на Северна Кореја и недостасуваат тестови за коронавирус, а нема ресурси за следење и лекување на болните, пишува Гардијан.
Епидемијата на коронавирус може да доведе до хуманитарна криза во Северна Кореја. Економијата на земјата веќе се влошува поради затворањето на нејзината граница со Кина, која е главен трговски партнер на Северна Кореја. Се случија и природни катастрофи, а има и меѓународни санкции за истрелувањето на балистички ракети, сметаат експертите.
Се оценува дека никој во Северна Кореја не бил вакциниран против коронавирусот и нема пристап до антивирусни лекови кои се користат за лекување на Ковид-19 во други земји. Болниците имаат малку ресурси за интензивна нега и третман на тешки случаи. Исто така, неухранетоста ги направи луѓето од Северна Кореја подложни на болести.
Овен Милер, предавач по корејски студии на Универзитетот во Лондон, вели дека ситуацијата во Северна Кореја изгледа многу лоша. „Тие се соочуваат со ненадејно ширење на омикрон без заштита од вакцини или имунитет. Тие немаат ниту пристап до лекови што се користеле на друго место за лекување на Ковид-19“, вели Милер.
Иако на Северна Кореја и беше понудена помош однадвор, режимот не одговори и не прифати. Постои загриженост дека Ким Џонг-ун, и покрај големиот број инфекции и смртни случаи, нема да ја отвори својата земја и да им пружи помош на жителите, смета тој.
„Сигурен сум дека Севернокорејците ќе продолжат да бидат многу претпазливи во прифаќањето на голема меѓународна помош и враќањето на ситуацијата од 1990-тите. Во тоа време во земјата работеа неколку различни хуманитарни агенции, кои раководството ги сметаше за понижувачки и веруваше дека може да доведе до дестабилизација. Режимот најверојатно ќе се обрати до Кина за медицинска помош“, изјави Милер за Гардијан.