Контакт

Свет

(Видео) Хаос на улиците во Портланд, судир помеѓу полицијата и демонстрантите

Објавено пред

Насилни протести избувнаа во неколку американски градови од солидарност со градот Портланд, каде што пристигнаа федералните безбедносни сили.

И покрај спротивставувањето на локалните власти, силите интервенираа по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој го стави одржувањето на законот и редот во центарот на неговата кампања за претседателските избори во ноември, пренесува Радио Слободна Европа.

Демонстрациите се здобија со нова енергија со насилните судири во Портланд по контроверзната одлука на Трамп да испрати федерални агенти во тој град за заштита на владините згради, јавува Би-би-си.

Федералните сили во необележани возила насилно ги избркаа демонстрантите од улиците, а за таа цел користеле солзавец и бесмртоносна муниција против демонстрантите.

Европа

Германија влезе во вториот бран на епидемијата, експертите ги предупредуваат граѓаните

Објавено пред

Германија, според тамошните експерти, моментно се наоѓа во вториот бран на епидемијата, пренесува „Си-ен-ен“.

„Ние сме во вториот бран на ширење на инфекцијата“, рече Сузана Џона, претседателка на синдикатот на лекарите „Марбургер бунд“.

Бројот на заразени лица во Германија се зголеми во последните неколку дена, поради што политичарите и експертите ги повикуваат граѓаните да се придржуваат повеќе кон мерките за физичка оддалеченост.

„Постои опасност да го прокоцкаме успехот што го постигнавме досега во Германија“, рече Џона, додавајќи дека причината за тоа е желбата на граѓаните да се вратат во нормалниот живот пред епидемијата.

Синдикатот „Марбургер бунд“ смета дека германскиот систем за здравствена заштита е добро подготвен за зголемувањето на бројот на заразените, но ги предупреди граѓаните дека нема причина за опуштање.

„Посакуваме нормалност. Но, продолжуваме да живееме во ситуација што едноставно не е нормална“, рече Џона.

Прикажи повеќе...

Европа

Полскиот премиер: Гасоводот „Северен тек“ е опасен за Европа

Објавено пред

Гасоводот „Северен тек 2“ е како Европа да инвестира во руско оружје и е опасен за Европа, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на дискусијата во Атлантскиот совет, пренесува полскиот портал „Бизнес-алерт“.

„Не мислам дека во Полска постои силна антируска реторика. Сепак, има некои прашања што не ни се допаѓаат – на пример, ‘Северен тек 2’“, рече Моравјецки додавајќи дека изградбата на гасоводот е како Европа да вложува пари во руско оружје.

Шефот на полската влада го критикува ставот на Германија во врска со изградбата на рускиот гасовод. Моравјецки посочи дека во владејачката партија во полскиот парламент постојат разни мислења кога станува збор за односите со Германија, меѓутоа, Варшава не го прифаќа „Северен тек 2“.

Според полската страна, „европските пари за тој гасовод се финансираат од руско оружје“, истакна премиерот и додаде дека со овој проект ќе ѝ се овозможи на Москва да ја отсече Украина од снабдувањето со гас во Европа, а потоа да прави што сака со таа земја , пренесува „Спутник“.

„Затоа ‘Северен тек’ и ‘Северен тек 2’ претставуваат таква опасност за нашиот регион. Токму затоа ја критикуваме Германија“, заклучи Моравјецки.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Новите британски тестови за коронавирус даваат резултати за 90 минути

Објавено пред

Новите 90-минутни ДНК-тестови за коронавирус, грип и други респираторни вируси ќе бидат достапни во британските болници и старски домови од следната недела, објави британската влада.

„Фактот дека овие тестови може да откријат грип и Ковид-19, ќе биде од голема корист за нас кога ќе дојде зимата“, рече британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, пренесува „Њу сајентист“.

Владата на Велика Британија обезбеди 5,8 милиони ДНК-тестови и 5.000 машини за тестирање ДНК од компанијата DNA Nudge, како и 450.000 теста од друга британска компанија – „Оксфорд нанопоре“.

Во моментот нема јавно достапни податоци за точноста на новите тестови, но Џон Бел од Универзитетот „Оксфорд“, кој ја советува владата за тестирање, за Би-би-си изјави дека новите тестови имаат иста чувствителност како постојните лабораториски тестови. Компанијата DNA Nudge тврди дека нивниот тест има точност од 98 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Собранието ги верификуваше мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан, ниту пак против, верифицирани се мандатите на сите 120 пратеници, со што...

Македонија23 минути

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт, откако на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија48 минути

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет3 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион3 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ3 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет5 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет5 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа6 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија17 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион18 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија19 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ21 час

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија21 час

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија22 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет23 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија1 ден

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет1 ден

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија1 ден

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Досие