Свет
(Видео) Цела земја застана за момент – Израел им оддаде почит на жртвите во холокаустот

Во Израел со молк беше одбележан Денот на сеќавањето на шесте милиони Евреи што беа убиени во холокаустот. Во земјата се огласуваа сирени во интервал од две минути со цел да им се оддаде почит на оние што биле системски убивани од нацистите во Германија и нивните сојузници за време на Втората светска војна.
Како и секоја година, застануваа автобуси и автомобили на улиците и патиштата, а Израелците излегуваа од своите возила за да им оддадат почит на жртвите.
Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот со пригодни свечености беше одбележан и во училиштата и општинските центри, објавија светските новински агенции.
Рестораните и кафулињата во Тел Авив се затворени, а телевизиските и радиостаниците емитуваат програми за холокаустот. Официјални лица положија венци во „Јад Вашем“, националниот меморијален центар во Ерусалим. Една третина од Евреите во светот биле убиени за време на холокаустот, објавија американските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин: Не престануваат обидите за ревизија на историјата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обидите за искривување на историските вистини не престанале и кон нив се приклучиле не само наследниците на нацистичките соучесници, туку и некои реномирани меѓународни институции и европски структури.
Како пример, Путин ја наведе недамнешната резолуција на Европскиот парламент, која, како што рече, ги става нацистичките агресори и Советскиот сојуз на исто ниво, пренесува ТАСС.
„Оние кои се обидуваат да се спротивстават на ваквата неоснована лага се обвинети за информативна војна против демократска Европа. Тоа е цитат“, рече Путин на состанокот по повод одбележувањето на 75-годишнината од победата во Втората светска војна.
Пред два и пол месеци, Европскиот парламент усвои резолуција во која се наведува дека договорот за ненапаѓање меѓу нацистичка Германија и СССР „го отворил патот за избувнување на Втората светска војна“.
Свет
Порасна бројот на настрадани од ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

Полицијата во Нов Зеланд соопшти денеска дека уште две лица починале од повреди здобиени во ерупцијата на вулканот на Белиот Остров оваа недела, со што бројот на загинати достигна осум.
Деветмина се водат за исчезнати, а полицијата ги идентификува како седум туристи од Австралија и два туристички водичи од Нов Зеланд.
Уште 28 лица се хоспирализирани, од кои 23 се здобиле со изгореници опасни по живот.
Вулканот избувна во понеделникот попладнето, додека туристите биле во посета на островот.
Регион
Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во Братислава. Тие се обвинети за соучесништво во убиство.
Третиот напаѓач е македонски државјанин. Како што пишува „Блиц“, тој бил уапсен во Словачка. Сепак, од словачката полиција информираат дека врз македонскиот државјанин сè уште не е покренато обвинение.
Уапсените Срби се на возраст од 21 и 26 години и доколку се докаже вината, ги очекува казна затвор од седум до десет години.
Во неделата околу 5 часот утрото полицијата во Братислава добила повика дека пред Главната пошта во центарот на градот лежи млад човек без знаци на живот. Итната помош стигнала на лице место и констатирала смрт.
Полицијата објави видеоснимка од надзорните камери на која се гледаат напаѓачите и ги замоли граѓаните да се јават доколку препознаат некој од нив. Нивните фотографии го обиколија регионот, по што следеа апсењата, пишува „Блиц“.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми