Контакт

Свет

(Видео) Чиле: Три лица изгореа во пожар во супермаркет за време на немирите

Објавено пред

Три лица загинаа во протестите во Чиле. Тие ги загубиле животите во пожар предизвикан во супермаркет. Двајца луѓе изгореа на лице место, а третиот починал во болница.

„Две лица изгореа во пожарот, а трето е пренесено во тешка состојба во болница каде што им подлегна на повредите“, се вели во соопштението на градоначалничката Карла Рубилар.

Владата се откажа од поскапувањето на цените на превозот, поради десетдневните насилни протести. Цените биле покачени од 800 на 830 пезоси, што е околу 4 американски центи.

Во саботата претседателот Себастијан Пињера објави дека владата ќе ги укине повисоките цени за картата за метро, што ги активираше протестите во главниот град. Чилеанскиот претседател прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција се подготвува за пристигнување на туристи, презентиран планот за ублажување на мерките

Објавено пред

Грчката влада го претстави нацрт планот за олеснување на ограничувањата наметнати од пандемијата со коронавирусот, очекувајќи туристите да пристигнат во средината на мај.

Кафулињата на плажите може да се отворат веќе утре, велат службени лица а пренесува државната телевизија.

Училиштата ќе бидат отворени во понеделник, музеите може да бидат отворени на 14 мај, кината на отворено на 21 мај а театрите на отворено на 28 мај истиот месец, објавуваат агенциите.

Ресторани на отворено во Грција се отворија минатиот понеделник, по шест месеци.

Шефот на грчката цивилна заштита, Никос Чардалиас, рече дека прават претпазливи, но неопходни потези за отворање на земјата.

Тој ги повика Грците да продолжат да ги почитуваат мерките на претпазливост.

Иако бројот на заразени лица во Грција опаѓа, можни се локални избувнувања на заразат поради отворањето на земјата, предупреди Главниот штаб.

Ублажувањето на мерките е придружено со дополнителни регулативи – учениците во училиштата ќе мора да покажат негативен тест во понеделник и четврток, што ќе им го дава бесплатно државата.

Полицискиот час, кој трае од 23 до 5 часот наутро, исто така останува во сила, велат надлежните.

Прикажи повеќе...

Свет

Поради Ковид-19, Австралија нема да ги отвори границите до средината на 2022 година

Објавено пред

Границите на Австралија се затворени една година поради пандемијата на коронавирусот и покрај фактот дека речиси и да нема нови случаи на заразени со Ковид-19, оваа земја не планира да го отвори влезот во земјата за странци до средината на 2022 година.

Министерот за трговија и туризам, Ден Тихан, изјави дека целосно отворање би можело да биде реално дури од средината, па дури и втората половина на 2022 година, пренесува „Блумберг“.

Австралија делумно ги отвори своите граници минатиот месец, но само за граѓаните на Нов Зеланд, каде што исто така нема ширење на коронавирусот.

Тихан изјави дека таков модел може да биде овозможен и со некои други земји.

Иако имаше претходно најави дека Австралија може да дозволи меѓународно патување во октомври оваа година, ваквите процени сега се променети поради појавата на нов вид коронавирус во Индија и доцнењето на вакцинацијата.

Австралија, поради ширењето на коронавирусот во Индија, дури донесе одлука да ги затвори границите за своите граѓани што се наоѓаат во таа земја, што предизвика осуда кај дел од јавноста, пишува британски „Гардијан“.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден набргу очекува средба со Путин

Објавено пред

Американскиот претседател, Џо Бајден денес, изјави дека очекува набргу да може да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин додавајќи дека времето и местото на нивниот состанок сѐ уште се договараат.

Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, Бајден рече дека тој сепак сака да се сретне со Путин и покрај акумулацијата на руските воени сили во близина на украинската граница, пренесува „Ројтерс“.

Кремљ вчера објави дека местото на средбата меѓу Бајден и Путин сè уште не е познато.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија4 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија4 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија5 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија6 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија6 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија7 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија8 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија11 час

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет11 час

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион12 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија12 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион12 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет12 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија1 ден

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие