Контакт

Европа

(Видео) Шведска се бори со незапаметени пожари

Објавено пред

Шведска, пожар, Европска Комисија

Европската Комисија објави дека ќе обезбеди дополнителна помош за Шведска која се бори со огромни пожари кои зафатиле стотина хектари земјиште.

„Комисијата непрекинато работи на обезбедување дополнителна помош за Шведска откако земјата побара помош од ЕУ во борбата со шумските пожари какви што досега немала“, соопшти Европската Комисија.

Италија, Франција, Германија, Литванија, Полска и Данска ќе ѝ помогнат на Шведска во борбата со пожарите.

„ЕУ е покрај шведската влада и шведскиот народ во овие моменти“, навел комесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент, Христос Стиљанидес.

Шведските кризни служби соопштија дека бројот на пожари од 80 колку што изнесуваше вчеравечер, денеска паднал на 44.

Европа

Ди Мајо поднесе оставка од лидерската позиција во Движењето пет ѕвезди

Објавено пред

Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди, Луиџи ди Мајо, денеска поднесе оставка од функцијата, што ќе донесе дополнителна неизвесност на владејачката коалиција во земјата, пренесува „Ројтерс“.

„Денеска сум тука да поднесам оставка како претседател на Движењето пет ѕвезди“, рече Ди Мајо на состанокот на шефовите на регионалните партии.

Тој најави дека Вито Крими, шеф на Комисијата за внатрешни правила во партијата, ќе ја преземе улогата на привремен претседател сè додека не се избере нов на Конгрес во наредните месеци.

Премиерот Џузепе Конте претходно рече дека ќе ја почитува секоја одлука на Ди Мајо, кој е исто така и министер за надворешни работи на Италија.

Иако оставката на Ди Мајо не се очекува да доведе до пад на владата, тоа укажува на длабоки поделби во Движењето пет ѕвезди, додава британската агенција.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Полска откриени остатоци од авион кој бил соборен пред 75 години

Објавено пред

Историчарите во јужна Полска денеска објавија дека откриле остатоци од авион од Втората светска војна што го користеле Советските воздушни сили, а кој бил соборен пред 75 години.

Делови од авионот „Б-25 Мичел“, од американско производство, како и човечки остатоци биле откриени во близина на градот Бирун каде, според сведоците, авионот бил соборен на 19 јануари 1945 година, објави Регионалниот музеј за историја на својата фејсбук-страница.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија ќе ги интегрира доселениците и пред да дојдат во земјата

Објавено пред

Германската влада планира да почне со интегрирање на идните доселеници уште пред да се вселат во Германија, беше соопштено по состанокот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел.

„Дури и пред доселувањето, мора да поставиме некои насоки за интеграција кои би требало да се почитуваат по доаѓањето“, изјави комесарката за интеграција во сојузната влада, Анет Видман-Мауз, по состанокот на кабинетот на кој бил прифатен дел од т.н. Национален акциски план за интеграција.

Акцискиот план предвидува мерки за интеграција на идните имигранти, кои би почнале уште во нивните земји на потекло, а кои пред сè би се однесувале на учењето на германскиот јазик и на сеопфатни информации за животот во Германија.

„Ова меѓу другото е за да се спречи создавањето лажни очекувања за животот во Германија“, објасни Видман-Мауз.

Националниот акциски план за интеграција содржи неколку тематски единици, од кои Видман-Мауз особено ја нагласува почетната интеграција и инклузија.

Покрај владата, во проектот се вклучени и сојузните покраини и претставници од граѓанското општество, социјални организации и 75 здруженија на мигранти.

Усвојувањето на Националниот акциски план за интеграција е дел од подготовките за воведување на Законот за вселување на квалификувани работници, кој стапува на сила од 1 март годинава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Свет4 часа

Кинескиот град Вухан во изолација поради корона вирусот, сите транспортни мрежи ќе бидат затворени

Сите кинески сообраќајни и транспортни мрежи ќе бидат затворени во кинескиот град Вухан, во кој се забележани првите случаи на...

Македонија8 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија8 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ9 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија9 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија10 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија11 час

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија11 час

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија12 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет12 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет12 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет13 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион13 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет14 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет16 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет16 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија16 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура1 ден

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Досие