Свет
(Видео) Шефот на „Вагнер“ бесен: Зошто, по ѓаволите, пуштате дронови да летаат кон Москва?
По утринскиот напад со беспилотни летала врз Москва, Кремљ се обиде да го минимизира значењето на тој настан уверувајќи ги граѓаните дека нема закана и дека руската воздушна одбрана работи како што треба. Меѓутоа, многумина му забележале на руското Министерство за одбрана што дозволило војната да дојде во главниот град на Русија, а меѓу нив бил и основачот на платеничката група „Вагнер“.
„Вие, смрдливи бедници, што правите? Зошто, по ѓаволите, ги пуштате овие дронови да летаат во Москва?“, праша Евгениј Пригожин на аудиоснимката.
Terrorist Prigozhin commented the drone attack on Moscow region in his traditional diplomatic style.
His main points: a) the drones will burn residences of authorities at [elite realty town] Rublevka – that’s fine;
b) Russian people should have some difficult questions for… pic.twitter.com/fo4g5ZmWNY
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 30, 2023
„Што да прават обичните луѓе кога ќе видат беспилотни летала со експлозив како летаат кон нивните прозорци. Како граѓанин сум длабоко огорчен“, бесно продолжи тој.
Додека руското Министерство за одбрана потврди дека само осум беспилотни летала биле вклучени во нападот, локалните извештаи укажуваат на многу поголема бројка. Најмалку еден руски пратеник рече дека денешниот настан може да значи дополнителна ескалација на конфликтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција
Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.
Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post.
Вработените, од кои повеќето биле ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.
Свет
Иран ја поништи смртната казна на активистката за работнички права, Мохамади
Врховниот суд на Иран ја укина смртната казна на активистката за работнички права Шарифе Мохамади.
Нејзиниот адвокат вели дека казната на Мохамади ќе биде преиспитана во ново судење. Мохамади беше приведена во декември минатата година и оттогаш беше сместена во повеќе затвори. Револуционерниот суд во јули ја осуди Мохамади на смрт за вооружен отпор против Исламската Република.
Мохамади беше активна во одбрана на работничките права во иранската провинција Гилан.
Регион
Пронајдено телото на уште една жртва од поплавите во БиХ, операцијата за извлекување е во тек
Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа Коњиќ, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон се искачи на 21. Операцијата за спасување е во тек.
Покрај 21 загинат во оваа област, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите, пренесува Н1.
Откако ќе заврши извлекувањето на телото, ќе следи идентификација, изјави за Н1 градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ.
Се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, а по едно во Коњиќ.