Контакт

Свет

(Видео) Шокантни слики на повредените деца во масакрот во Јемен

Објавено пред

Најмалку 50 лица загинаа во нападот на коалицијата предводена од Саудиска Арабија на пазарот и автобусот полн со деца во градот Сад во северниот дел на Јемен.

Како што беше објавено од страна на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, изброени се 29 тела на мртви деца на возраст под 15 години, како и 48 повредени лица, меѓу кои и 30 деца, кои биле доведени во болницата во градот Сад. Во меѓувреме се објавени драматични снимки од болницата по нападот.

Американскиот Стејт департмент ја повика меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија да ги испита воздушните напади врз Јемен.

Јеменските Хути го прифатија повикот од Обединетите нации за независна истрага за воздушните напади во кои загинаа десетици луѓе вклучувајќи ги и децата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го осуди нападот и повика на итна и независна истрага, кажа неговиот портпарол.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Орбан посвои носорог

Објавено пред

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, посвои носорог и побара од јавноста да му помогне во изборот на името.

„Добив посебно барање од една зоолошка градина да го прифатам носорогот и тоа и го направив. Но, посвојувањето оди рака под рака со кумството, така што мора да му одбереме име“, напиша Орбан на својот фејсбук-профил, а пренесе бриселски „Политико“.

Тој додава дека има неколку опции и дека е време да се направи конечен избор за кој шеговито додава дека не е потребно двотретинско мнозинство.

Некои од предлозите на Орбан за името на носорогот роден во септември се Чико, Бернардо, Чулок… Како што е објавено, досега околу 3.500 луѓе одговориле на повикот на Орбан и гласале.

Корисниците на „Фејсбук“ за изборот на име ќе може да гласаат до понеделник.

Прикажи повеќе...

Свет

Петнаесет патници повредени кога авион влезе во силна турбуленција

Објавено пред

Петнаесет патници на лет од Мајами до Бунеос Аирес се полесно повредени кога нивниот авион влегол  во силна воздушна турбуленција.

Ова го соопшти аргентинската авиокомпанија „Аеролиниеас Аргентинас“.

Компанијата соопшти дека турбуленцијата минатата ноќ била со силен интензитет и дека екипажот им помогнал на повредените патници кога таа завршила.

Кога авионот слетал, од 192 патници, осуммина биле однесени на дополнителни лекарски прегледи.

Прикажи повеќе...

Свет

Отштета од 215 милиони долари за студентки што сексуално ги вознемирувал универзитетски гинеколог

Објавено пред

Универзитетот во Јужна Калифорнија, денеска, објави дека начелно постигнал договор да плати 215 милиони долари отштета поради гинеколог што повеќе години сексуално вознемирувал студентки.

Во соопштение потпишано од директорката на Универзитетот, Ванда Остин, се наведува дека договорот подразбира надомест од 2.500 до 250.000 долари за сите студентки што тврдат дека гинекологот сексуално ги вознемирувал, пренесе агенцијата АП.

Како што се наведува, голем број студентки пријавиле дека гинекологот Џорџ Тиндал ги вознемирувал во периодот од 1988 до 2016 година.

Тиндал работел на Универзитетот како гинеколог речиси три децении пред да се пензионира во 2017 година по истрагата што ја повел Универзитетот поради докази за сексуално вознемирување во текот на прегледите.

Докторот категорично ги негира тврдењата на студентките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Доцни седницата за уставни измени

Седницата за уставни измени која требаше да почне во 21 часот, доцни еден час. Првично седницата требаше да почне во...

Македонија3 часа

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија7 часа

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија8 часа

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Крвав четврток8 часа

Укинат притворот на Крсто Мукоски

Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. „Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје...

Македонија9 часа

Сашо Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски за „Макфакс“ прашан...

Македонија10 часа

Медиуми во Македонија добивале пари од тајни фондови на грчкото МНР, објави „Ајефиремида“

Околу еден милион евра од тајни фондови на грчкото Министерство за наворешни работи биле потрошени за медиуми во Македонија, Албанија...

Метју Палмер Метју Палмер
Македонија10 часа

(Видео) Палмер: Oслободете ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат без закани и одмазда!

„Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда“,...

Македонија11 час

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против новинарот Миленко Неделковски поради ширење расистички...

Македонија11 час

Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со...

Македонија11 час

(Видео) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали ќе се гласа денеска за уставните измени

Ги повикавме колегите да гласаат. На гласањето ќе видиме дали имаме двотретинско мнозинство, а ние веруваме и очекуваме дека ќе...

Европа12 часа

Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на...

Македонија12 часа

Метју Палмер доаѓа во посета на Македонија

Заменик-помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за...

Регион13 часа

Коѕијас ја повика грчката влада да го објави неговото писмо со оставката кое било на девет страници

Никос Коѕијас ја повикува владата да открие зошто тој поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи во средата, поради...

Македонија15 часа

Седницата за уставните измени продолжува денеска, гласањето неизвесно

Расправата за уставните измени продолжува денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од...

Македонија1 ден

Сведоци менувале изјави по налог на осомничениот Томе Главчев во „Поштенска банка“

Специјалното јавно обвинителство во аргументите на жалбата што ја отфрли кривичниот совет на скопска „единица“ навело дека барале притвор за...

Македонија1 ден

Мекалистер и Кукан: Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон просперитетна и европска земја

По дебатата во Собранието за уставните измени за спроведување на договорот од Преспа и во пресрет на утрешното ново продолжение...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Масовното убиство на Крим е последица на глобализацијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини глобализацијата за нападот на колеџот во Керч, каде што студент застрела 21 лице, а...

Македонија1 ден

Цела година не се мери загадување околу „Дрисла“, било скапо

Надлежните во „Дрисла“ последните мерења на загадувањето околу депонијата на нивната веб-страница ги објавиле во декември 2017 година. Според Дијана...

Македонија1 ден

(Видео) Ченто: Немам намера да го оставам мојот син и да избегам, ве молам, укинете ми го притворот

„Имам солидна материјална состојба, имам работен однос, ретко ги напуштам границите на Република Македонија, немам друг пасош. Немам прекршочна или...

Досие