Контакт

Европа

(Видео) Шпанското знаме, наместо кај кралот, заедно со падобранецот заврши на бандера

Објавено пред

На воената парада во Мадрид, падобранецот наместо свечено да му го предаде знамето на кралот остана да виси на бандера.

Падобранецот чиј падобран се закачи на бандера требаше да слета пред кралот Фелипе Шести, неговата сопруга Летиција и нивната ќерка.

Како знак на поддршка кралското семејство започна да му ракоплеска.

Шпанското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека војникот бил искусен со околу 600 скокови и не бил повреден при слетувањето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Падна владата на Молдавија, пратениците изгласаа недоверба

Објавено пред

Владата на Молдавија падна поради изгласување недоверба, пренесува „Ројтерс“ и предупредува дека паѓањето на владата само пет месеци откако проевропската премиерка Маја Санду ја презеде функцијата, дополнително ја загрозува стабилноста на земјата.

Владата падна кога 63 од 101 пратеник гласаа за предлогот за изгласување недоверба.

Пред пет месеци Санду формира несигурна коалиција со проруската Социјалистичка партија, но сојузот се распадна поради предложената реформа на именувањето на јавниот правобранител.

Партиите сега имаат 90 дена да формираат нова влада. Ако не успеат да се договорат, ќе бидат распишани нови парламентарни избори.

Прикажи повеќе...

Европа

Холандската влада против враќањето на децата и жените од Сирија

Објавено пред

Холандија соопшти дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот да прифати неколку десетици деца и жени што ѝ се придружија на таканаречената Исламска држава во Сирија.

Судот во Хаг соопшти дека владата мора активно да помогне во враќањето 56 деца што живеат во лоши услови во сириските кампови, пренесува „Ројтерс“.

Холандските министерства за надворешни работи и за правда соопштија дека ќе се обидат да ја поништат судската одлука за која тие рекоа дека не биле земени предвид дипломатските разгледувања.

Прикажи повеќе...

Европа

Меѓу уапсените исламисти во Германија и германски државјанин со македонско потекло

Објавено пред

Германските власти уапсија три лица под сомнение дека како приврзаници на Исламската држава подготвувале напади за убивање што е можно повеќе неверници.

Обвинителството во Франкфурт соопшти дека биле приведени при претрес на три стана во Офенбах во акција во која учествувале 170 полицајци.

Главниот обвинител Надја Низен рече дека првоосомничениот, 24-годишен државјанин на Германија со македонско потекло, веќе го набавил материјалот потребен за производство на експлозиви и се обидувал да купи огнено оружје преку интернет.

Во неговиот стан полицијата запленила разни супстанции и уреди.

Другите двајца осомничени се турски државјани на возраст од 21 и 22 години, пренесува АП.

Според сведоците, сите тројца зборувале дека ја поддржуваат Исламската држава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија3 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија5 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ7 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија7 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија7 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион7 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија9 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет9 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион10 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија20 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет21 час

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија1 ден

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија1 ден

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија1 ден

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија1 ден

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Досие