Свет
(Видео) Шји на заминување од Москва: Доаѓа промена каква што немало во последните 100 години

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг на заминување од Москва му рекол на рускиот колега дека доаѓаат промени.
„Доаѓа промена што не се случила во последните 100 години. Ќе ја донесеме со заеднички сили“, му рекол Шји на Путин, пренесе „Дејли мејл“. Во текстот, сепак, се додава дека Западот треба да биде загрижен од ваквата изјава на кинескиот лидер.
Загрижувачката порака за промени „како што светот не видел 100 години“ наводно била испратена откога Путин рекол дека ќе одговори на плановите на Велика Британија да испрати муниција што содржи осиромашен ураниум во Украина.
“Right now there are changes, the likes of which we haven’t seen for 100 years,” Mr. Xi told Mr. Putin through an interpreter after the state dinner as the leaders bid farewell. “And we are the ones driving these changes together.” pic.twitter.com/0Q9cGfWLKl
— Valerie Hopkins (@VALERIEinNYT) March 21, 2023
„Ние сме еден чекор поблиску до употреба на оружје со нуклеарна компонента доколку тоа се случи“, рече рускиот претседател.
„Се чини дека Западот сака да војува со Русија додека не падне последниот Украинец“, рече рускиот претседател.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави денеска дека светот е на дофат на нуклеарна катастрофа.
„Направен е уште еден чекор. Остануваат сè помалку од нив“, рече Шојгу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
ЕУ им се заканува на Србија и Косово: Ќе ве казниме ако се повтори насилството

Европската унија денеска се закани дека ќе воведе казнени мерки за Србија и Косово доколку не спречат повторување на насилството што беше насочено против меѓународните мировници по спорните локални избори за градоначалник. „Неуспехот да се деескалираат тензиите ќе доведе до негативни последици“, се вели во соопштението на ЕУ објавено во саботата.
Во соопштението за медиумите се повикува на итно воспоставување мир на северот на Косово, каде што на крајот на мај српските милитанти ги нападнаа мировниците на НАТО со запаливи средства и камења за време на протестот во селото Звечан. Ранети се 30 италијански и унгарски војници и повеќе од 50 Срби.
Како точно би можеле да изгледаат „одлучните мерки“ на кои се заканува ЕУ не беше објаснето. Можно е да се намали финансиската поддршка што ја добиваат двете земји како кандидати за влез во ЕУ. Соработката исто така може да биде ограничена. „Насилството можеше да се избегне и мора да се избегне во иднина“, се вели во изјавата што во име на ЕУ ја објави комесарот за надворешни работи Жозеп Борел.
ЕУ ги повика Косово и Србија да преземат итна и безусловна акција за деескалација на ситуацијата и „да престанат да користат реторика за поделби и да се воздржат од какви било понатамошни некоординирани акции“.
Неодамнешните протести се разгореа по изборот на нови градоначалници во северно Косово, политичари од албанско потекло кои победија на дополнителните избори, кои беа бојкотирани од Србите по налог на властите во Белград.
Uncategorized
Протести во Белград против насилството: Ако има дно, го допревме тој ден

Во 18 часот пред Собранието на Србија започна нов протест „Србија против насилството“, петти по ред по трагедиите во белградското основно училиште и во две села кај Младеновац. Намерата на демонстрантите е во поворката од српскиот парламент да го опколат квартот каде што се наоѓа седиштето на претседателот на Републиката.
Денешниот протест можеби е уште помасовен поради острите реакции во јавноста откако претставници на владејачката Српска напредна странка во српскиот парламент ги нарекоа „ѓубриња“ актерите кои ги поддржаа демонстрантите и нивните барања. Оваа недела актерите објавија проглас во кој оценките на претставниците на СНС ги нарекуваат насилство.
Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ вечерва рече дека мисли оти денес има повеќе демонстранти од кога било.
„Посебно сакам да им се обратам на младите во Србија, пред еден месец бевме опфатени со трагедија каква што нашите луѓе не помнат. Трагедија која никогаш нема да ја преболиме и не треба да ја преболиме. Сите наши порази и несреќи , сите злосторства што сме ги направиле на другите и самите нас го допреле дното, а ако има дно, го допревме тој ден“, рече Бјелогрлиќ. „Тоа што вие младите излеговте на улица, што не сакате да живееме во ова соголено општество, дава надеж дека ќе се издигнеме од тоа дно“, рече Бјелогрлиќ.
Регион
Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат

Реџеп Таип Ердоган денеска во парламентот на Турција положи заклетва за трет претседателски мандат, по победата во вториот круг на изборите, ветувајќи дека функцијата ќе ја извршува непристрасно, пренесуваат светските агенции.
По инаугурацијата во парламентот ќе се одржи свечена церемонија во претседателската палата во главниот град на земјата, Анкара, на која која ќе присуствуваат повеќе светски лидери.
Турскиот лидер победи во вториот круг на претседателските избори што се одржа на 28 мај, откако во првиот круг две недели претходно не успеа да освои 50 отсто од гласовите на турскиот електорат.
На изборите тој се соочи со кандидатот на моќната опозициска коалиција Кемал Киличдароглу. Ердоган успеа да победи на изборите и покрај незадоволството меѓу турските граѓани поради економската криза и гневот кон властите за нивната реакција по земјотресот кој во февруари ја погоди земјата и во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
Ердоган во вториот круг освои 52,18 отсто од гласовите, додека неговиот ривал Киличдароглу – 47,82 отсто, покажаа официјалните резултати.
„Како претседател, се колнам во мојата чест и интегритет, пред големата турска нација… ќе работам со сите сили за заштита на постоењето и независноста на државата… и ќе ја исполнам мојата должност непристрасно“, рече Ердоган во парламентот, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.
По заклетвата тој доби овации од неговите поддржувачи во парламентот, додека некои пратеници од опозицијата одбија да станат.
Во својата заклетва, Ердоган вети и дека нема да отстапува од владеењето на правото и секуларните принципи на републиката основана пред 100 години од Мустафа Кемал Ататурк.
Меѓу странските лидери кои се очекува да присуствуваат на свечената церемонија по инаугурацијата се претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, потпретседателот на Иран Мохамад Мохбар; премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Долниот дом на рускиот парламент Вјачеслав Володин.
На церемонијата, како што соопштија од неговиот кабинет ќе присуствува и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, што преставува нов знак за затоплување на односите меѓу двете земји.
Решавањето на економските проблеми во земјата ќе биде првиот приоритет на Ердоган, кој треба да се справи со инфлација од 43,7 отсто, делумно поттикната од неговата неортодоксна политика на намалување на каматните стапки за да се стимулира растот.