Свет
(Видео) Јапонската ракета „Каирос“ откажа неколку минути по полетувањето

Јапонската компанија Space One го прекина летот на својата ракета Каирос веднаш по полетувањето, што го означи вториот неуспешен обид за девет месеци, во обид да стане првата јапонска приватна компанија која испратила сателит во вселената.
Тоа е последниот во низата неуспеси во развојот на ракетите на Јапонија, бидејќи владата се обидува да ја зајакне домашната вселенска индустрија со цел – 30 лансирање ракети годишно до почетокот на 2030-тите.
Властите се посветени да ја претворат Јапонија во центар на азискиот вселенски сообраќај. Вториот лет на Каирос, кој траеше само околу 10 минути, беше прекинат бидејќи „да се оствари неговата мисија би било тешко“. „Несоодветните поставки за летот го активираа автономниот систем за самоуништување на ракетата, иако не беа пронајдени никакви хардверски проблеми“, објави Space One.
Japon SpaceOne firması tarafından geliştirilen Kairos roketinin ikinci denemesi başarısızlıkla sonuçlandı. İlk test seferinin aksine fırlatma rampasından sorunsuz ayrılan roket yükselince rotasını koruyamadı. Test, uçuş sonlandırma sisteminin otomatik devreye girmesiyle sonlandı pic.twitter.com/EJhGppWweD
— Uzay Gemisi Dünya (@DunyaGemisi) December 18, 2024
Компанијата најави истрага. Сликите во живо од локалната власт на префектурата Вакајама покажаа дека 18-метарската ракета со цврсто гориво полетала од вселенското пристаниште Кии во западна Јапонија во 11 часот по локално време, но ја изгубила стабилноста на својата траекторија додека се искачувала.
Ракетата, која се упати во орбитата на надморска височина од околу 500 километри над површината на Земјата, носеше пет мали сателити, вклучително и еден од Тајванската вселенска агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.