Контакт

Европа

(Видео) Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

Објавено пред

Американскиот економист Џефри Сакс, добитник на Нобеловата награда, во разговор со водителот на телевизијата „Блумберг“ изнесе став за кој вели дека е против западниот наратив. Според него, САД и Полска би можеле да стојат зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ и дека има докази оти американски хеликоптери, со седиште во Гдањск, кружеле над областа каде што се наоѓа гасоводот во Балтичкото Море.

dobivaj vesti na viber

„Би се обложил дека зад ова можеби се САД и Полска“, рече Сакс, пренесува медиумот.

На прашањето на водителот зошто го тврди тоа, Сакс изјави дека има докази оти американски хеликоптери, чија база е во Гдањск, кружеле над таа област во Балтичкото Море.

„Имавме закани од САД претходно оваа година дека ќе влеземе во ‘Северен тек’ на еден или друг начин. Имавме и изјава од државниот секретар Ентони Блинкен, која вреди да се напомене. Тој на прес-конференција минатиот петок рече дека ова е одлична можност. Чуден начин на дејствување е тоа“, истакна Сакс.

„Знам дека тоа што го кажувам е против нашиот наратив и дека не е дозволено да се зборува за овие работи на Запад“, рече Сакс.

На 27 септември забележано е истекување гас на гасоводите „Северен тек 1 и 2“. Сеизмографите на данскиот остров Борнхолм забележаа потреси, а властите на Данска и Шведска поведоа истрага бидејќи се сомневаат дека е извршена саботажа на гасоводот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Столтенберг: Војната во Украина може да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост дека руската војна во Украина може да излезе од контрола и да се претвори во војна меѓу Русија и на воената алијанса.

dobivaj vesti na viber

„Во Украина има страшна војна. Тоа е и војна која може да стане вистинска војна која би ескалирала во голема војна меѓу НАТО и Русија. Работиме секој ден за да го избегнеме тоа“, изјави Столтенберг во интервју за норвешката телевизија НРК.

Столтенберг, поранешниот премиер на Норвешка, изјави дека „нема сомнеж дека е можна војна од целосен обем“ и додаде дека е важно да се избегне конфликт „во кој се вклучени неколку земји во Европа“.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ја користи Украина како алатка против Русија.

„Западот многу години бесрамно ги експлоатираше и ги исцрпуваше неговите ресурси, поттикнуваше геноцид и терор во Донбас и фактички ја претвори земјата (Украина) во колонија. Сега тој цинично го користи украинскиот народ како топовско месо, како овен против Русија, продолжувајќи да ја снабдува Украина со оружје и муниција, испраќа платеници и ја турка на самоубиствен пат“, рече Путин.

Прикажи повеќе...

Европа

Белата куќа: САД и испраќаат на Украина 275 милиони долари помош за зајакнување на воздушната одбрана

Објавено пред

САД и испраќаат на Украина пакет помош во вредност од 275 милиони долари за да и помогнат да ја зајакне нејзината воздушна одбрана од беспилотни летала, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

dobivaj vesti na viber

Кирби им рече на новинарите дека Вашингтон е многу загрижен поради продлабочувањето и растечкото одбранбено партнерство меѓу Иран и Русија и дека САД ќе ги користат своите алатки за да го нарушат тој однос, вклучително и прашањата поврзани со беспилотните летала, објави Ројтерс.

Тој рече, како што пренесува медиумот, дека американската влада ќе ги покани и земјите партнери да разговараат и да се справат со партнерството меѓу Русија и Иран.

Прикажи повеќе...

Европа

Американскиот секретар за одбрана: Русија го проширува и модернизира својот нуклеарен арсенал

Објавено пред

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Русија го проширува и модернизира својот нуклеарен арсенал.

dobivaj vesti na viber

На церемонијата на именување на новиот командант на американската стратешка команда, која го надгледува нуклеарниот арсенал, Остин рече дека Кремљ ја продолжува „својата сурова и неиспровоцирана војна против Украина“, објави Ројтерс.

„Целиот свет виде како Путин е вклучен „во длабоко и неодговорно звецкање со нуклеарно оружје“, рече Остин.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека секоја земја што ќе се осмели да ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде „избришана од лицето на земјата“, пренесе Ројтерс.

Путин рече дека Русија нема уредба прво да изврши превентивен нуклеарен напад, за разлика од САД, но дека напредното руско хиперсонично оружје и гарантира на Русија дека може силно да одговори доколку некогаш е во опасност.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Столтенберг: Војната во Украина може да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост дека руската војна во Украина може да излезе од контрола и да...

Европа13 часа

Османи: На Косово никогаш нема да има полицајци и војници од Србија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи посочи дека последните инциденти на северот на Косово, се насочени против уставниот поредок и суверенитетот...

Топ15 часа

18-годишник обезбедил податоци од картичката на дедо му, плаќал за игри и купувал

18-годишно момче обезбедувајќи податоци од картичката на неговиот дедо извршил стотици плаќања, потрошувајќи над 468 илјади денари, соопшти МВР. Според...

Свет15 часа

Путин: Ќе го избришеме од лицето на земјата секој што ќе не нападне со нуклеарно оружје

Секоја земја што ќе ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде избришана од лицето на земјата, изјави денеска рускиот...

Македонија17 часа

Ивановска: Поразително за државата е доаѓањето на тим од Вашингтон

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска смета дека е поразително за државата доаѓањето на тим од Вашингтон,...

Регион19 часа

Брнабиќ за ситуацијата на Косово: Курти нè доведе до раб на војна

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја коментираше ситуацијата во Косово. „Денес имате ваков ден,...

Македонија20 часа

Закани за бомби добиле полициската станица Центар, „Ист гејт“ и „Бисер“, Железничката станица и зградата „Пегла“

Закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар,...

Македонија21 час

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Неколку средни училишта и утрово добиле закани за бомби на електронските адреси. МВР е на терен и ја спроведува стандардната...

Свет22 часа

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

Јапонија ќе работи со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, рекоа трите земји, додека Токио...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз...

Македонија23 часа

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им...

Свет23 часа

САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи...

Свет23 часа

САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата...

Европа23 часа

(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа

Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел...

Македонија2 дена

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион2 дена

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија2 дена

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа2 дена

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија2 дена

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...