Контакт

Свет

(Видео) Tајландскиoт премиер ги испрска новинарите со средство за дезинфекција

Објавено пред

За време на одговарање на новинарски прашања, премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча, ги испрска со средство за дезинфекција претставниците на медиумите, кои беа во првиот ред.

На конференцијата новинарите го прашуваа премиерот за можни промени во владиниот состав.

Пред да ја напушти салата, видно изреволтиран, премиерот се приближи до првиот ред на новинари и додека држеше заштитна маска, ги испрска новинарите со средството за дезинфекција.

Премиерот на Тајланд и порано имаше невообичаени испади за време на разговорите со новинарите. Во една пригода тој фрли кора од банана кон снимателите.

На Тајланд се зголеми бројот на оние што повикуваат на оставка на премиерот кога активисти, кои повикуваа на политички реформи, беа обвинети за кршење на законот, со кој се забранува критика кон постарите членови на кралското семејство, пренесува РТ.

Европа

Навални е премногу ослабен и сè потешко говори, тврди неговата сопруга

Објавено пред

Политичкиот противник на Путин, Алексеј Навални, кој моментно штрајкува со глад, сè потешко зборува и е значително ослабен, соопшти неговата сопруга на социјалните мрежи, откако го посетила во затворот.

44-годишниот Навални, најави штрајк со глад кон крајот на март, протестирајќи против постапките на управата во затворот, која одбива да го лекува од акутни болки во грбот и нозете.

Во објава на „Инстаграм“, сопругата Јулија ја опиша неговата состојба откако разговарала со него преку телефон, разделени со стаклена бариера.

„Тој е сè уште весел и оптимист. Но, зборува со тешкотии и понекогаш го закачува телефонот и се потпира на масата за да се одмори. Има изгубено многу килограми, сега има околу 76, а е висок 190 сантиметри“.

Тоа практично значи дека тежината на Навални паднала за 16 килограми откако тој минатиот месец пристигна во затворот, кој е во град на околу 100 километри источно од Москва.

„И натаму не дозволуваат да го прегледа лекар“, додава неговата сопруга.

Администрацијата во затворот тврди дека му понудила третман, но дека тој одбил, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Навални беше префрлен во затворската клиника на почетокот на овој месец, поради висока температура и кашлица.

Руската затворска служба во вторникот објави дека одбор на лекари го оценил неговото здравје како задоволително, па затоа тој бил вратен од клиниката во главниот дел од затворот на 9 април.

Навални беше затворен во февруари и беше осуден на две и пол години затвор за кршење на условна казна.

„Русија, или поточно руските власти, можеби го водат Навални во ситуација на бавна смрт и се обидуваат да го прикријат она што навистина му се случува“, изјави минатата недела за „Ројтерс“ генералната секретарка на „Амнести Интернешнл“, Агнес Каламард.

Прикажи повеќе...

Европа

Кралицата Елизабета им се врати на своите редовни обврски

Објавено пред

Британската кралица Елизабета Втора им се врати на редовните обврски по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Таа присуствуваше на церемонијата на пензионирање на членовите на персоналот на кралското семејство, според извештајот на ПА Медиа, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Кралицата била домаќин на церемонијата за пензионирање на првиот човек на дворската служба, кој управувал со работите на кралското семејство и дворецот и традиционално има благородничка титула гроф до заминувањето во пензија, кога станува лорд Чембрлен, пренесува „Ројтерс“.

Познавачите на состојбите во британскиот двор претходно посочија дека големата празнина оставена во животот на кралицата по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, нема да влијае врз најстарата кралица на светот да се откаже од престолот и да му го препушти на нејзиниот син, принцот Чарлс.

Прикажи повеќе...

Европа

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Објавено пред

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе можат да ги бараат при закажување на летовите, изјави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.

„Ние сакаме да осигураме дека граѓаните и земјите-членки имаат алатка што им дава одредена доверба, на која надлежните органи можат да се потпрат, за да го олеснат слободното движење на лицата“, рече Рејндерс во Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент, претставувајќи го предлогот на Комисијата за воведување на ковид-пасоши.

Рејндерс им го презентираше на членовите на Комитетот предлогот објавен од Комисијата кон средината на минатиот месец. Дигиталните т.н. „зелени сертификати“ треба да го олеснат безбедното слободно движење на луѓето за време на пандемијата од Ковид-19.

Зелениот сертификат ќе обезбедува информации преку QR-код за тоа дали неговиот носител е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус.

Рејндерс рече дека тие сертификати може да се користат и за влез во авион. Многу компании сега бараат негативен тест од своите патници.

Најавено е и дека дигиталните т.н. зелени сертификати, ќе бидат издавани за сите вакцини против Ковид-19, а граѓаните на трети земји исто така ќе може да ги имаат.

Комесарот рече дека целта е дигиталните сертификати да започнат да се користат пред крајот на јуни. Европскиот парламент треба да гласа за регулативата на својата пленарна седница од 7 до 10 јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски утрово на својот Фејсбук објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа1 час

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија12 часа

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија12 часа

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија15 часа

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија16 часа

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија18 часа

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија20 часа

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа21 час

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија22 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ22 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа22 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет24 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија24 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет24 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион1 ден

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа1 ден

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион2 дена

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет2 дена

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Досие