Контакт

Вести

(Видео) Израел изврши ракетен напад врз Сирија

Објавено пред

Сириската државна телевизија објави дека синоќа противракетниот систем за одбрана во јужната провинција Дера пресретнал неколку ракети испалени од Израел.

„По ракетниот напад, Израел почна електронска војна, кај сириските радари се појавија пречки во работата“, објави телевизијата „Сирија ТВ“.

На небото над Дамаск и околината се слушнале експлозии од работата на противракетниот систем за одбрана.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на нафта, САД не сакаат војна со Техеран.

„Претседателот Трамп направи сè за да избегне војна. Ние не сакаме војна“, изјави Помпео во интервју за телевизијата „Фокс“.

Тензиите меѓу САД и Иран го достигнаа врвот откако администрацијата на Доналд Трамп го обвини Техеран дека во четвртокот изврши напад врз два танкери за нафта во Оманскиот залив. Иран отфрла одговорност за нападот.

Помпео додаде дека не сака да зборува за идните потези на Вашингтон.

Запрашан дали САД ќе испратат повеќе војници и оружје во регионот, тој рече дека Иран има за цел да нема нуклеарно оружје.

Прикажи повеќе...

Вести

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Објавено пред

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови.

Судот во Ерусалим ја прифати спогодбата што Сара ја постигнала со обвинителството откако признала дека злоупотребила 100.000 долари државни пари за скапа храна во ресторани.

Канцеларијата на државниот обвинител сопшти дека сопругата на премиерот ќе плати дополнителна казна за да се затвори случајот во кој е обвинета дека нарачувала храна од луксузен ресторан иако во резиденцијата имало вработено готвач.

Нетанјаху, пак, е соочен со можни обвиненија за одвоени случаи на корупција.

Прикажи повеќе...

Вести

Потпишани документите за екстрадиција на Асанж во САД

Објавено пред

Британскиот министер за внатрешни работи, Сајид Џавид, го потпиша налогот за екстрадиција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на САД, каде што е обвинет за хакирање и незаконско објавување доверливи документи.

Џавид рекол дека на барање на САД, тој го потпишал налогот за екстрадиција и дека денеска ќе биде испратен до судот.

Асанж се соочува со 18 обвиненија во САД, меѓу кои обвинение за шпионажа и обвинение за објавување доверливи информации и заговор за хакирање владин компјутер.

Конечната одлука за екстрадиција треба да ја донесе судот.

Минатиот месец Асанж беше уапсен во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што  помина седум години откако Еквадор му додели азил. Тој сега се наоѓа во затворот „Белмарш“ во Лондон.

Асанж се соочува со обвиненија за силување во Шведска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреси во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет60 минути

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА лигата на Торонто Репторс на плоштадот...

Македонија1 час

Судир во ЕУ околу почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почеток на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија2 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште ,,Вера Јоциќ” во населбата Хиподром (Општина...

Hitech4 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток16 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија16 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија20 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија22 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија23 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија23 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски24 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион1 ден

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести2 дена

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт2 дена

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести2 дена

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт2 дена

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет2 дена

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ2 дена

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Досие