Контакт

Свет

Викторија ја легализира евтаназијата

Објавено пред

Во австралиската држава Викторија стапи во сила законот кој им дозволува на пациентите што се тешко болни да побараат евтаназија. Асистираното самоубиство е нелегално во повеќето земји во светот.

Викторија, која е втора држава по бројност на население, во 2017 го усвои законот што им дозволува на пациентите да го прекинат својот живот.

Премиерот Даниел Ендрус, кој се залага за ваков закон од срмтта на својот татко во 2016 година, рекол дека со ова тешко болните луѓе ќе добијат достоен избор на крајот на нивниот живот.

Евтаназијата ќе им биде дозволена на пациенти постари од 18 години, кои живеат во Викторија и кои имаат помалку од шест месеци живот или помалку од една година за пациенти што страдаат од мултиплекс склероза или болести на невролошкиот систем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Хрватска гради складиштe за нуклеарен отпад на границата со БиХ

Објавено пред

Хрватска одлучи да започне со изградба на своe складиште за депонирање на нуклеарен отпад во Трговска Гора во Сисачко-Мословачката Жупанија, во близина на границата со БиХ, иако одлуката за тоа дали Хрватска и Словенија ќе го одлагаат отпадот од централата  Кршко во заеднички склад ќе биде објавена во септември, пренесува хрватскиот портал „Експрес“.

Словенија веќе неколку години планира да изгради заедничко складиште за ниско и средноактивен нуклеарен отпад од централата Кршко во Врбина кај Кршко и се залага за влез на Хрватска во проектот.

Хрватска и Словенија имаат обврска до 2023 година да го згрижат својот дел од отпадот од нуклеарната централа Кршко, која е заедничка.

И покрај тоа што Хрватска има само четири години за подготвка и изградба на складиштeто, се уште не е направена студија за влијанието врз животната средина, и воопшто не е јасно како државата планира да го подготви преземањето на нуклеарен отпад за толку кратко време, вели „Експрес“.

Порталот додава дека ниту еден консензус не е постигнат со локалното население и со БиХ, кои силно се противат на депонирањето на отпадот во Трговска Гора.

Кршко функционира од 1981 година и ќе работи до 2043 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Голем пожар во Португалија, ветар и суша го отежнуваат гасењето

Објавено пред

Ветар и суша го отежнаа гасењето на пожарот во неделата вечер, а кој во саботата избувна во планинскиот предел во центарот на Португалија каде што во пожарите во 2017 година загинаа стотина луѓе и 1.700 пожарникари беа вклучени во борбата против огнот.

Силниот ветар и температурите кои се искачија до 35 степени го разгоруваат огнот што пожарникарите го ставија под контрола во текот на денот.

Дванаесет цивили и осум пожарникари беа повредени во пожарите, а еден тешко повреден цивил беше евакуиран во Лисабон со хеликоптер.

Пожарот им се приближил на куќите во селата во близина на Мака (7.000 жители), а мештаните се обиделе да се одбранат со канти со вода и црева за полевање на градината, покажуваат телевизиски снимки.

Во 19:00 часот по средноевропско време цивилната одбрана испрати речиис 1.700 пожарникари, 480 возила и 23 противпожарни авиони и хеликоптери.

Прикажи повеќе...

Свет

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Објавено пред

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по заплената на танкерот со нафта во Ормутскиот Теснец. Со седницата треба да претседава британската премиерка Тереза Меј.

Според информациите, британските министри ќе расправаат за тоа како да се изнајде безбедна пловидба во овој регион.

Се очекува по седницата министерот за надворешни работи, Џереми Хант, да го извести Парламентот за запленувањето на танкерот „Стена имперо“, што се случи во петокот, во добро обезбеденото иранско пристаниште.

Велика Британија разгледува повеќе опции за засилување на притисокот врз Иран, но официјални претставници наведуваат дека воена операција во моментов не се разгледува. Исто така, бара дипломатска и оперативна поддршка од своите клучни европски сојузници во инсистирањето Ормутскиот Тесенц да се задржи отворен за пловење.

Претходно Иран отворено ѝ се закани на Британија со ескалација на тензиите во Заливот, бидејќи британските официјални прететсвници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет42 минути

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет49 минути

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 час

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет2 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет2 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет2 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија13 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија14 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион16 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија18 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија19 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија22 часа

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет22 часа

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет23 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија23 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет1 ден

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет2 дена

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет2 дена

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија2 дена

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија2 дена

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Досие