Контакт

Свет

Вирусот останува 8 минути во воздухот, научниците открија нов начин на пренесување на короната

Објавено пред

Капките создадени од луѓе заразени со вирусот Ковид-19 за време на разговор може да останат во воздухот осум минути и потенцијално да предизвикаат нови инфекции, тврдат истражувачите од американскиот Институт за здравје при Универзитетот во Пенсилванија.

Научниците открија дека кога заразено лице зборува гласно една минута во затворен простор, може да создаде до 1.000 капки од новиот коронавирус и тие може да преживеат во воздухот осум минути, пренесува Си-ен-ен.

Истражувачите веруваат дека ова е доволно за некој да се зарази.

За да ги потврдат наодите, научниците извршиле експеримент во кој симулирале затворено непроветрено воздушно опкружување и потоа користеле ласер за да видат што се случува со капките кога ќе излезат од устата.

Притоа се покажало дека големите капки се намалувале додека делумно испарувале и виселе во воздухот, а научниот тим заклучил дека во реалниот живот некое лице може да ги вдише и да се зарази.

Европа

Италија ги отвора границите меѓу сите региони од 3 јуни

Објавено пред

Италија од 3 јуни ќе ги отвори сите граници меѓу 20-те италијански региони.

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза изјави дека во некои региони ситуацијата се уште е комплексна, но под контрола, а податоците се охрабрувачки. Сепак, како што рече, епидемиолошката ситуација и понатаму ќе се следи.

По отворањето на регионалните граници, остануваат во сила мерките за задолжително носење заштитни маски и физичко растојание од најмалку еден метар. На влезот во рестораните, компаниите и фабриките ќе остане обврската за мерење на температура, а лицата кај кои ќе биде регистрирана телесна температура над 38, ќе бидат под мониторинг и евентуално во самоизолација.

Прикажи повеќе...

Свет

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Објавено пред

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони.

Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658 се излекувани.

Најмногу заразени има во САД – 1,7 милиони луѓе, додека 104.542 починале.

На второ место по број на заразени е Бразил, а потоа следуваат Русија, Шпанија, Велика Британија и Италија.

После САД, најголем број смртни случаи регистрирани се во Велика Британија и Италија.

Прикажи повеќе...

Регион

Повратници од работа на брод пиеле и пушеле на лет за Подгорица, на крај ја нападнале и стјуардесата

Објавено пред

Во Подгорица утрово слетале 320 морнари на компанијата „Ројал Карибијан“, меѓу кои, според црногорската влада, имало и 89 морнари од Хрватска, 25 од Албанија, 37 од Босна и Херцеговина и 26 од Србија.

Сепак, веста за нивното безбедно враќање поради пандемијата, беше засенета од скандалот предизвикан од околу 15 црногорски морнари кои биле уапсени во авионот, веднаш по слетувањето, пренесува хрватски „Индекс“.

„За малку ќе нè вратеа назад. Тие се напија, пушеа во авионот, ги нападнаа стјуардесите. Еден од нив им избега, па јас го фатив и го уапсија”, рекол еден од Хрватите кој слетал на аеродромот во Подгорица.

„Стјуардесата е изгребана на вратот и срамота е што 10 отсто од 143 црногорски морнари се уапсени во полиција“, изјавил Црногорец, исто така патник на летот.

„Пушеа во авионот, противпожарниот аларм се активираше веројатно 20 пати. Потоа, кога сакаа да им ги земат цигарите и алкохолот, ја нападнаа стјуардесата. Нејзин колега се обиде да ја одбрани, па за малку ќе избиеше тепачка. Пијаните исто така задеваа една девојка меѓу патниците во авионот“, раскажал за хрватските медиуми еден од Хрватите кој рекол дека уште не може да дојде на себе поради бурната ноќ која ја доживеал на повратниот лет.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија2 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија2 часа

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија2 часа

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија3 часа

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет15 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија18 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион20 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија20 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија21 час

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија22 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија23 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија23 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија23 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија23 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија24 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет1 ден

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет1 ден

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Досие