Контакт

Свет

Високата комесарка за човекови права на ОН со критики до австриските миграциски политики

Објавено пред

Унгарија и Австрија во вторникот ги отфрлија критиките од новиот комесар за човекови права на ОН за нивните миграциони политики обвинувајќи ја за ширење полувистини и неосновани сомнежи, пренесува „Локал“. Во својот прв говор како висок комесар на ОН за човекови права, Мишел Башелет во понеделникот изјави пред Советот за човекови права во Женева дека е разочарана од пристапот на многу развиени земји кон миграцијата.

Иако во усното обраќање не ги критикуваше миграционите политики на одредени земји, таа ги издвои Унгарија и Австрија, меѓу другото, во подолгата пишана верзија на својот говор. Таа особено укажа на шокантните извештаи дека на мигрантите во транзитните зони на унгарско-српската граница не им даваат храна.

Кога унгарската амбасадорка во ОН во Женева, Зузана Хорват, реагира на говорот на Башелет во вторникот, таа му рече на Советот дека е жално што нејзиниот извештај содржи полувистини. Таа тврдеше дека никој не е задржан во транзитните зони во Унгарија и секој може слободно да ги напушти.

„Освен тоа, рече таа, храната е и ќе продолжи да биде дистрибуирана до сите што веќе ги поднесоа своите барања како бегалци“.

Во пишаната верзија на говорот Башелет се осврна и на мерките усвоени од унгарската влада во јуни, што им овозможуваат на властите да го уапсат, кривично да го обвинат и веднаш да го отстранат од граничната област на Унгарија секој адвокат, советник, волонтер или член на семејството со законски престој, осомничен за помагање некому да поднесе барање за азил, да добие дозвола за престој или да преземе други совршено законски дејства“.

Хорват го истакна ставот на владата дека сите нелегални миграции мора да бидат запрени и границите мора да бидат заштитени.

„Намерното наведување на мигрантите во ранливи ситуации не е хуманитарен чин според нашето мислење. Тоа е криминал што доведе до премногу смртни случаи на мигрантските рути“, рече таа.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во вторникот побара од Башелет да ги разјасни коментарите за неговата земја во пишаната верзија на својот говор. Во текстот Башелет предупредува дека приоретизирањето на враќањето на мигрантите од Европа, без да се исполнат клучните меѓународни обврски за човековите права, не може да се смета за одговор за заштита“.

Таа рече дека нејзината канцеларија планира да испрати тим во Австрија за да ги процени последните случувања во оваа сфера.

Курц од Виена порача дека ќе ја брани својата земја од сите неосновани сомневања тврдејќи дека мигрантите во Австрија уживаат подобри услови отколку во повеќето земји. Наместо да ја ставаат Австрија на тапет, рече тој, ОН треба повеќе да се фокусираат на земјите што применуваат мачење и смртна казна и во кои слободата на изразување, собирање и религија се повредуваат секој ден“.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Војската на Мадуро отвори оган кон цивили, има и жртви

Објавено пред

Најмалку две лица загинаа а неколкумина се повредени во инцидентите што избија на границата меѓу Венецуела и Бразил. Венецуелските војници отворија оган кон група цивили недалеку од границата, објави „Вашингтон пост“.

Нередите се случуваат откако вчера претседателот Николас Мадуро донесе одлука за затворање на границата со Бразил, на границата стигна војската.

Волонтери се обиделе за ги спречат полициските возила, за да границата, кон која пристигнува хуманитарна помош, остане отворена. Но, војниците верни на Мадуро отвориле оган.

Загинале маж и жена, а најмалку тројца се во критична состојба.

Прикажи повеќе...

Регион

Незадоволен работник го искрши и запали камионот на шефот

Објавено пред

Во сплитски Варош, во Хрватска, незадоволен градежен работник од својот статус, прво ги искршил стаклата на камионот на шефот, а потоа го запалил, пренесе„Далматински портал“.

Во близина имало неколку плински боци, но, за среќа, била избегната вистинска катастрофа. Како што рекле сведоци на инцидентот, човекот, кој го запалил камионот, мирно стоел и гледал како огнот го голта возилото.

„Две години не сум добил плата. Спиев во контејнер, добивав само еден седнвич дневно“, сведоци ги прераскажале неговите зборови.

„Беше многу страшно, можеше сè да одлета во воздухот. Под камионот имаше боци со бензин, а во близина голем број плински боци. За среќа, пожарот е изгаснат пред да дојде до катастрофа“, рекол еден од сведоците.

Полицијата го привела работникот што чекал во близина на камионот.

„Поубаво ќе ми биде во затвор“, рекол додека го приведувале полицајците.

Прикажи повеќе...

Свет

Демократите поднесоа резолуција за да ја блокираат вонредната состојба на Трамп

Објавено пред

Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес поднесоа резолуција со цел да ја блокираат вонредната состојба, која ја прогласи претседателот Доналд Трамп, за да обезбеди средства за изградба на ѕидот по должината на американско-мексиканската граница.

Денешниот потег на демократите ја разгорува борбата, чиј резултат би можел да биде прво вето од Трамп, наведува АП. Претставничкиот дом ќе гласа за резолуцијата најрано следната недела.

Извесно е дека долниот дом, каде што демократите имаат мнозинство, ќе ја усвои резолуцијата, а можно е тоа да се случи и во Сенатот бидејќи неколкумина републикански сенатори најавиле дека ќе гласаат против декларацијата на Трамп.

Доколку Трамп потоа стави вето, за изгласување на резолуцијата ќе биде потребно двотретинско мнозинство во двата дома.

Ветото, најверојатно, ќе опстои, но претстојната борба за него ќе ја стави на тест републиканската поддршка за потегот на Трамп за кој и некои негови сојузници велат дека е удар на контролата на пратениците над федералната потрошувачка.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток2 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Крвав четврток3 часа

Утре продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Утре напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Свет5 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ5 часа

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија6 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата7 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија7 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија8 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток8 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија9 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија9 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија10 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија11 час

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија11 час

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија12 часа

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа13 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија13 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија13 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија23 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Досие