Контакт

Свет

Вишински: Не сум предмет за некој да ме разменува

Објавено пред

Главниот и одговорен уредник на „РИА новости Украина“, Кирил Вишински, кој е затворен во Украина, изјави на суд дека се противи на каква било размена што ја предложила киевската власт, пренесува „Спутник“.

„Немам намера нигде да бегам. Сакам правда. Слушнав дека сакаат да ме разменат, но јас не сум предмет за некој да ме разменува“,вели Вишински.

Според него, ако судот одлучи да го ослободи, тој планира и понатаму да се занимава со новинарство.

Вишински побара од судот да го ослободат од притвор, а обвинителството бара продолжување на притворот за уште два месеца.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изјави дека Киев е спремен да го размени Вишински за Олег Сенцов, кој е осуден во Русија за подготовка на терористички напад.

Сенцов во Русија е осуден на 20 години затвор за организирање терористички напади на Крим. Го уапсија припадниците на ФСБ меѓу членовите на диверзантската група „Десен сектор“ (екстремистичко движење забрането во Русија), кои подготвувале терористички напади на Јалта, во Симферопол и во Севастопол.

Свет

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Објавено пред

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се работи за „насилство во врската“.

На лице место уапсен е 43-годишен маж, кој е осомничен за нападот над 32-годишна жена и помладо момче на возраст од 23 години, пренесе АП.

Во Германија изминатите недели се случија уште две убиства на метро станици. Осумгодишно дете загина на 29 јули во Франкфурт, кога под воз го турна 40-годишен маж, од Еритреја, кој живее во Швајцарија и сега е на психијатриско лекување.

Претходно, на 20 јули во Ферде, 34-годишна жена ја турна под воз 28-годишен пријател.

Прикажи повеќе...

Свет

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Објавено пред

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу бродот за спасување со 134 мигранти.

Тој порача дека ќе им дозволи на малолетните мигранти да се симнат од бродот во кој се наоѓаат две недели. Премиерот Џузепе Конте му напиша второ писмо на Салвини, барајќи од него да им дозволи на малолетните лица да се симнат од бродот.

Салвини одговори да три страници дека ќе го стори тоа, но нагласил дека е јасно оти тоа е избор на Конте и дека тоа нема да воспостави преседан, пренесе АП.

Засега не се знае колку има малолетни лица и кога ќе се симнат од бродот.
Шпанската хуманитарна група „Опен армс“ пред две недели ги спаси мигрантите во Средоземното море во близина на Либија и ја доби правната битка за влез во територијалните води на Италија, наспроти забраната на Салвини.

Бродот се наоѓа крај италијанскиот брег, чекајќи да се симнат мигрантите, откако Шпанија и пет други земји на ЕУ одлучија да ги примат.

Прикажи повеќе...

Регион

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Објавено пред

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад САД, откако бугарската Влада уплатила една милијарда и двесте милиони долари за купување нови осум ловци Ф-16.

Како што пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ), оваа држава немала толку високи трошоци за одбрана во последните 16 години. Буџетот на бугарското министерство за одбрана за 2019 година изнесува една милијарда и 800 милиони евра.

На самитот на НАТО во Велс во 2014 година, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, рекол дека е потребно Бугарија да ги зголеми своите трошоци за одбрана.

Како што пренесува БНТ, добра вест е дека по години намалување на воениот буџет, сите сојузници на НАТО постепено ги зголемуваат трошоците за одбрана, со цел сите земји да ја достигнат целта од 2 отсто средства за одбрана во однос на БДП.

Од сите 29-членки на НАТО, најголем буџет за одбрана имаат САД, односно 3,42 отсто во однос на БДП, Бугарија 2,6 отсто, а следат Грција, Велика Британија, Естонија, Романија, Полска и Летонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Пожарот над скопските села ставен под контрола, догаснувањето продолжува утре

Делумно е ставен под контрола шумскиот пожар кој избувна утрото околу 10 часот над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци....

Свет55 минути

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет1 час

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион2 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион2 часа

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет4 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет5 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион9 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ10 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет11 час

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет12 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет12 часа

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура13 часа

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија13 часа

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија14 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија1 ден

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ1 ден

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија1 ден

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ1 ден

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија2 дена

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Досие