Контакт

Свет

Вкупно 1.523 лица починаа од вирусот во Кина, а 66.492 се заразени

Објавено пред

Во Кина досега 1.523 лица починале од коронавирусот, а заразени се 66.492 лица, изјави официјалниот претставник на Националната здравствена комисија Лијанг Ванијан.

Тој рече дека 2.641 нови случаи биле регистрирани за 24 часа и дека 143 лица починале само во петокот, претежно во провинцијата Хубеи.

Во главниот град на таа провинција Вухан, каде започна епидемијата во декември, досега починале 1.123 лица, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, на сите граѓани кои се враќаат во Пекинг од одмори или празници им е наредено да останат во карантин – дома, или да подлежат на 14-дневно колективно набудување.

Речиси 450 случаи се регистрирани во 24 земји ,а три починале како последица на вирусот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Oд коронавирус во Италија починаа 100 лекари

Објавено пред

Во Италија, коронавирусот ја зеде својата 100-та жртва помеѓу лекарите, соопшти лекарското здружение.

Најновата жртва е 62-годишен лекар за општа медицина во провинцијата Венето.

Италија е земјата во која досега има најголем број жртви од коронавирус, а медицинскиот персонал се соочува со недостаток на заштитна опрема како што се ракавици и маски за лице.

„Недостатоците и пропустите е навистина тешко да се разберат и уште потешко е да се оправдаат со оглед на овие трагични бројки“, рече Филипо Анели, претседател на лекарското здружение „Фномчео“.

Во саботата, Карло Палермо, претседател на Сојузот на синдикатот на лекарите во земјата, изјави дека починале околу 80 лекари и 40 медицински сестри.

Во Италија  досега потврдени се речиси 140.000 лица заразени со коронавирус, од кои околу 10 проценти, поточно 13.522 лица се  медицински работници.

Прикажи повеќе...

Свет

Зголемена продажбата на алкохолни пијалаци во Русија

Објавено пред

Руските продавници последниве недели забележаа зголемување на побарувачката на алкохолните пијалаци, особено вотка, виски и пиво.

Во последната недела од март продажбата на вотка се зголеми 31 процент во однос на истиот период лани, продажбата на виски е зголемена 47 проценти, а на пивото до 25 проценти, пренесува „Ројтерс“.

„Луѓето секојдневно купуваат вотка, коњак или пиво. Во најголем дел тие го купуваат она што е најевтино“, вели вработен во маркет во земјата.

Властите ги повикаа граѓаните да се воздржат од лекување со алкохол изјавувајќи дека алкохолот не може да го излекува Ковид-19 или да спречи пренесување на друго лице.

Во Москва на граѓаните им е дозволено да излегуваат од своите домови само за да купат храна или лекови, да добијат медицинска помош, да шетаат куче или да фрлаат ѓубре.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Над 10.000 лица заразени со коронавирус во Русија

Објавено пред

Русија бележи рекордно зголемување на бројот на заболени со коронавирус во последните 24 часа, при што повеќе од 10.000 лица официјално се заболени еден ден откако претседателот Владимир Путин изјави дека следната недела ќе биде пресудна во борбата против ширењето на вирусот.

Бројот на потврдени заразени лица е зголемен за 1.459, а уште 13 се починати. Вкупниот број починати во Русија досега изнесува 76 лица.

Москва, најтешко погодениот регион, и многу други региони се во делумна изолација веќе втора недела. На граѓаните им е наложено да останат дома и да излегуваат само за да купат храна или да одат на лекар доколку е итно.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести...

Македонија2 часа

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија2 часа

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија2 часа

Откриен случај на болеста њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на...

Економија4 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија4 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа6 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија7 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет8 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија8 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет9 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион9 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет9 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа12 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија21 час

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа23 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа23 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија23 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија1 ден

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија1 ден

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Досие