Контакт

Свет

Владимир Путин мора да оди во самоизолација поради коронавирусот

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин мора да оди во самоизолација откога во негова близина беше откриен случај на инфекција со коронавирус и затоа тој нема да патува во Таџикистан оваа недела на состанок за регионалната безбедност, објави денеска Кремљ.

„Поради идентификуваниот случај на коронавирус во неговата околина, Владимир Путин мора да го почитува режимот на самоизолација одреден временски период“, велат од неговиот кабинет.

Од таму додаваат дека шефот на државата нема лично да патува на регионалниот самит во Таџикистан, туку ќе учествува преку видеоконференција.

Свет

„Фајзер“ бара одобрување за употреба на вакцината кај деца на возраст од 5 до 11 години

Објавено пред

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ до Американската администрација за храна и лекови ги доставија прелиминарните резултати од испитувањето за употреба на нивната вакцина против коронавирус кај деца на возраст од пет до 11 години.

Компаниите најавија дека наскоро ќе испратат официјално барање до ФДУ за одобрување на вакцината за деца на оваа возраст, бидејќи тестовите покажале дека вакцината е ефикасна и безбедна и за нив, пренесуваат агенциите.

Вакцината претходно беше одобрена за употреба кај деца постари од 12 години и во Соединетите Американски Држави и во европските земји.

Прикажи повеќе...

Регион

Фон дер Лаен во Тирана: Иднината на Албанија е во ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во Тирана рече дека Албанија постигна напредок во судските реформи и дека сега Брисел треба да го стори својот дел.

„Мојата порака е јасна. Иднината на Албанија е во ЕУ. Европската комисија е цврста во својата посветеност. Со добар напредок во реформите во судството, Албанија јасно ја исполни својата цел, сега останува на ЕУ да го направи својот дел“, објави Фон дер Лаен на „Твитер“.

Таа ја почна својата турнеја на Западен Балкан со посета на Тирана, за време на која ќе ги посети Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина како дел од подготовките за Самитот ЕУ – Западен Балкан, организиран од Словенија на 6 октомври.

По средбата со Рама, таа се сретна и со претседателот на Албанија, Илир Мета, а темата на разговор, како што пренесуваат агенциите, била европската перспектива на Албанија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Напаѓачот на Макрон сместен во психијатриска болница

Објавено пред

19-годишниот студент, кој вчера фрли јајце врз францускиот претседател Емануел Макрон, по извршен преглед, беше сместен во психијатриска болница, соопшти денеска Обвинителството во Лион.

Јајцето го погодило Макрон во рамото додека тој бил во посета на саемот за храна во Лион и се одбило од францускиот претседател без да се скрши, објавија агенциите.

Отворена е истрага против млад човек што пукаше во претседателот на Франција поради напад на јавно место, објави Обвинителството.

Студентот бил подложен на психијатриска евалуација, која утврдила потреба од хоспитализација на лицето, се наведува во денешното соопштение на Обвинителството.

Напаѓачот на претседателот Макрон претходно не бил во судир со законот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

Агент за недвижности од Скопје зел капар за станови, а парите си ги ставал в џеб

Полицијата поднесе кривична пријава против агент за недвижности од Скопје, кој зал капар за продажба на станови во изградба, но...

Свет2 часа

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува сѐ потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј, кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности. Според планот за...

Македонија3 часа

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија4 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет4 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион5 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија5 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија6 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија19 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија21 час

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа1 ден

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија1 ден

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија1 ден

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија1 ден

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Досие